Синот на Хју Хефнер се ожени со ѕвездата од ,,Хари Потер”

Ѕвездата од филмот  ,,Хари Потер”  Скарлет Бирн се омажи со Купер Хефнер, син на основачот на Плејбој, покојниот Хју Хефнер.

Англиската актерка (29) сподели фотографија од скромната церемонија во Окснард, Калифорнија.

„Купер и јас сме возбудени што споделуваме дека сме легално во брак“, напишала бринетата, која ја глумеше Панси Паркинсон во неколку продолженија на филмот за малиот волшебник. Двојката, која е во врска од пред четири години, сега планира поголема церемонија со пријателите и семејството.

Скарлет кој позираше гола за Плејбој во 2017 година е една година постара од Купер.

„Те сакам. Горда сум што сум со тебе, како партнер, пријател и жена“, напиша таа.

„Не можам да дочекам да продолжиме да го градиме животот заедно. Моето срце е полно и јас сум благодарна за нашата љубов“.

❤️

A post shared by Scarlett Hefner (@scarletthefner) on

Купер исто така објави на социјалните мрежи дека се венчал.

Купер е едно од четирите деца на починатиот Хефнер. Тој започнал да работи за неговиот татко додека сè уште студирал, станувајќи ЦКО (главен креативен службеник) на Плејбој. Тој ја напушти таа позиција во април за да лансира свој медиумски бренд, Хефнер Медиа Корпорејшн и дигитална платформа со содржина за возрасни. Тој тогаш објави дека ќе се вика ХефПост, но сега блогот се нарекува StagDeyel и треба да биде лансиран следната година.

Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата на Македонија

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде предадена донација од 76 моторни возила од Кралството Норвешка. 

- Седумдесет и шесте моторни возила, од кои триесет и шест се лесни пешадиски моторни возила од типот Мерцедес бенз- 290ГД, Мулти 2 и четириесет товарни моторни возила камиони Сканија-П3, се последен од досегашните многубројни проекти на континуирано одличната соработка во полето на одбраната помеѓу Република Македонија и Кралството Норвешка, велат од Министерството за одбрана.

На настанот ќе се обратат министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на Кралството Норвешка за Македонија, Кристин Мелсом и бригадниот генерал Андрес Јернберг, командант на логистика на Вооружените сили на Кралството Норвешка.

На чинот на официјалното предавање ќе присуствува и раководството од Министерството за одбрана и Генералштабот, генерали во Армијата и команданти од единици.

Санчез до понеделник ќе размислува дали да остане шпански премиер

Шпанскиот премиер Педро Санчез вчера изјави дека пет дена ќе се повлече од јавноста за да размисли дали да остане премиер, откако судот во Мадрид отвори истрага против неговата сопруга под обвинение за корупција.

Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријави 59-годишната Бегоња Гомез пред судот во Мадрид дека, како сопруга на премиерот, дала писма со препораки со нејзин потпис на претприемачите кои се пријавиле на јавни тендери.

Консултантската компанија на претприемачот Карлос Барабес добила десет милиони евра од јавно претпријатие во надлежност на Министерството за економија. Претприемачот подоцна основал постдипломски курс кој го води Гомез на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид, објави шпанската телевизија ТВЕ.

Во извештајот се споменува и односот на сопругата на премиерот со компанијата “Глобалија“ (Globalia), која беше спонзор на тинк-тенкот „Africa Center del Instituto de Empresa“ управуван од Гомез.

Шпанската влада употреби 600 милиони евра народни пари за да ја спаси авиокомпанијата „Ер Европа“, која е во сопственост на Глобалија.

Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница. /МИА

Променливо облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од утре следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

притисни ентер