Награда од Општина Битола за животно дело на Благоја Стефановски-Баге

Наградата за животно дело на Благоја Стефановски-Баге му ја врачи градоначалникот на Битола Наташа Петровска која јавно честиташе за успесите на Стефановски

Со доделување на наградата за животно дело, која годинава му беше врачена на поранешниот министер за култура и долги години директор на битолскиот театар Благоја Стефановски-Баге, синоќа во Битола завршија празничните манифестации посветени на 4-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.

Во образложението за наградата на актерот во пензија Благоја Стефановски-Баге, претседателот на Советот на Општина Битола Валентин Груевски, воедно и претседател на Управниот одбор за доделување на највисоките општински признанија, истакна дека Стефановски е личност од непроценлива важност за историјата на битолскиот театар, а периодот под водство на Стефановски се смета за најважен период за битолскиот но и македонскиот театар.

Наградата за животно дело на Благоја Стефановски-Баге му ја врачи градоначалникот на Битола Наташа Петровска која јавно честиташе за успесите на Стефановски, како и на добитниците на годишните награди кои им беа доделени на седум поединци и институции и на пет најдобри битолски ученици, или како што рече Петровска броевите на наградените 7 и 5 асоцираат на 75-годишнината од денот на ослободувањето на Битола во 1944 година.

-Нашиот од' продолжува со љубов за Битола. Во овие две години, на половина мандат на новата локална самоуправа покажавме дека нема невозможно, дека се е прашање на желба, на волја, на верба, на работа. Во мене останува желбата и жарот да се постигнува, а не да се победува другиот, рече меѓу другото Петровска на свечената академија во Битола.

За присутните гости од градот и државата, меѓу кои македонските министри Радмила Шеќеринска и Горан Милевски, пратеници и градоначалници од регионот, како и претставници на збратимените градови од Епинал, Франција, Херцег Нови, Црна Гора и Конак, Турција, синоќа во Битола беше приредена богата уметничка програма.

ЕУ го забрани името „Пабло Ескобар“ како трговска марка

Судот на правдата на Европската унија го отфрли барањето за регистрирање на името „Пабло Ескобар“ како трговска марка, бидејќи тој назив се поистоветува со дрога и организиран криминал.

Порториканска компанија поврзана со семејството на Ескобар поднесе барање во септември 2021 година да го регистрира името на озлогласениот колумбиски наркобос како заштитен знак за своите стоки и услуги во ЕУ. Во меѓувреме, и Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ (ЕУИПО) одби да ја прифати регистрацијата на брендот, затоа што „за европската јавност тоа е спротивно на вредностите на ЕУ“, се вели во образложението.

„ЕУИПО го одби барањето за регистрација со образложение дека ознаката е спротивна на јавната политика и ги прифати моралните принципи“, се вели во соопштението на Судот, и се додава дека ЕУИПО се потпира на „гледиштето на шпанската јавност каде што Ескобар е најпознат поради поврзаноста меѓу Шпанија и Колумбија“.

Според барателите, пак, имињата како Бони и Клајд, Ал Капоне и Че Гевара веќе се регистрирани како заштитен знак во ЕУ, па следствено - и за „Пабло Ескобар, кој поради неговите многубројни добри дела за сиромашните во Колумбија, стана митска фигура во мејнстрим популарната култура“, треба да важи истото. Аргумент повеќе е тоа што Ескобар не е судски осуден криминалец.

Според Судот, „фундаменталното право на презумпција на невиност на Пабло Ескобар не е повредено бидејќи, иако тој никогаш не бил кривично осуден, во Шпанија јавноста го доживува како симбол на организираниот криминал и бројни злосторства“.

Ескобар, убиен во 1993 година, беше сметан за водач на озлогласениот картел во Меделин и со десетлетија важеше за еден од водечките и најбогати криумчари на кокаин во светот.

Приведени крадци во Битола

 Полициски службеници од СВР Битола вчера ги лишиле од слобода битолчаните К.Б.(30) и Н.Б.(41) поради тешки кражби.

- При претрес во домот на К.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Додека, при претрес во домот на Н.Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција

Четворица припадници на косовската полиција „се приведени во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е задржан“, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се истакнува дека помеѓу приведените е изаменик-директор на косовската полиција, кој е задржан.

Тие се приведени при контрола на премините, поради безбедносни проверки, прецизира српското МВР.

притисни ентер