Во Велес почнуваат 52. Детски Рацинови средби

Свечено ќе бидат отворени во 13 часот во салата „Бели мугри" каде што ќе бидат доделени наградите од распишаниот литературен и ликовен конкурс и ќе се одржи културно-уметничка програма.

Со поетска работилница и оддавање почит кон Рацин пред двата негови споменика во центарот на Велес и пред гимназијата што го носи неговото име, денеска во родниот град на поетот и револуционер Коста Солев Рацин ќе почнат 52. Детски Рацинови средби, што ги организира Општина Велес и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин".

Свечено ќе бидат отворени во 13 часот во салата „Бели мугри" каде што ќе бидат доделени наградите од распишаниот литературен и ликовен конкурс и ќе се одржи културно-уметничка програма.

Попладнето во 16 часот е традиционалната поетска средба во „Сокачето на поезијата" пред родната Спомен-куќа на Рацин во стариот дел на Велес, каде ќе има поетско читање на наградените творби и посета на ликовната колонија во куќата на Рацин.

Учесниците на средбите ќе бидат ученици од повеќе градови од земјава. Тие ќе се запознаат и со Грнчарската работилница во која работел Рацин продолжувајќи ја традицијата на своето грнчарско семејство,а ќе ги видат и останатите соби од куќата со семејните предмети.

Детските Рацинови средби ќе продолжат утре со Поетски караван во градинките, основните и средните училишта и во Училишниот дом. Ќе завршат во Ликовниот салон со промоција на книгата за деца и млади „Приказни од мојот крај" од Лила Арсова.

Се урна еден од симболите на Париз, никој не знае што се случувало ноќеска (ВИДЕО)

Едрата на познатата црвена ветерница на врвот на „Мулен Руж“, најпознатото париско кабаре, ноќеска паднале на земја, изјави портпаролот на местото на одржување.

„Не знаеме што се случило, тоа се случило помеѓу 02:00 и 03:00 часот. Никој не е повреден“, рече портпаролот, додавајќи дека последното вечерно шоу завршило во 01:15 часот, објави Индипендент.

„Мулен Руж“ на многумина им е познат како место каде се роди модерната форма на кан-кан танцот. Клубот е основан во 1889 година, а публика за неговите танцови изведби се главно туристички групи.

Рамфоса: Јужна Африка продолжува со распоредување сили во Мозамбик и Конго

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса денеска изјави дека војската на неговата земја ќе продолжи да распоредува војници во Мозамбик и Демократска Република Конго, кои се погодени од конфликти.

Врз основа на одлуката за продолжување на неопределено време во источно Конго ќе бидат задржани 1.198 припадници на јужноафриканските национални одбранбени сили (SANDF), каде се наоѓаат и дел од мировните сили на ОН кои му помагаат на Конго во борбата против бунтовничките групи, пренесуваат британските медиуми.

Во соопштението на SANDF се наведува дека 1.495 нивни членови ќе ги продолжат своите операции во Мозамбик, каде од 2021 година ја поддржуваат владината борба против насилниот екстремизам во северните области.

Распоредувањата на јужноафриканската војска во странство годинава се ставени под засилена контрола откако двајца војници на SANDF во февруари беа убиени, а тројца ранети од минофрлачка граната во Конго.

Главната опозициска партија во земјата, Демократската алијанса,го обвини Рамафоса за испраќање неподготвени сили во воената зона. /МИА

ВМРО-ДПМНЕ: Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати

Народот избра промени. Македонија повторно ќе биде горда и твоја.

Огромната поддршка на народот обврзува за промени и брзи резултати, работата не е завршена, црвениот картон граѓаните ќе го дадат на 8-ми мај.

На 8-ми мај СДС ќе доживеат уште поголем пораз, затоа што народот сака промени, и просперитет за Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на напорна работа и експресни резултати по 8-ми мај, народот мора брзо да ги почувствува промените и Македонија да тргне напред.

По 8-ми мај Македонија ќе тргне по патот на економска обнова, поголеми плати и пензии, развиена инфраструктура, квалитетно образование, здравство какво што заслужува секој човек. По 8-ми мај следува економска трансформација на Македонија.

Ги повикуваме граѓаните уште помасовно да излезат во вториот круг и да ги потврдиме промените. Народот ќе си ја врати Македонија.

Македонија повторно твоја, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер