Хозе Калдерон ја заврши кариерата

Шпанскиот плејмејкер Хозе калдерон на 38 години реши да ја напушти професионалната кошарка.

Хозе Калдерон има доста богата кариера во Европа и во НБА - најсилната лига на светот.

Тој ја започна својата кариера во Алава, градејќи ја преку Аликанте, Фуенлабрада и секако Тао Керамика, за да замине во НБА во 2005 година и да го добие дресот на тогаш најмладата франшиза - Торонто Репторс.

Во сезоната 2008/09, Калдерон беше рекордер во процентот на слободни фрлања, со уште една одлична сезона во Торонто, кога беше лидер во процентот на шутирања за три поени, што го повтори и во дресот на Детроит Пистонс една сезона подоцна.

Потоа ги бранеше боите на Далас Маверикс, Њујорк Никс, Лос Анџелес Лејкерс, Атланта Хокс и Кливленд Кавалирс, за да ја одигра својата последна сезона на големата сцена во Детроит.

Калдерон ќе се приклучи на сојузот на играчи, каде ќе биде асистент на специјалниот консултант Мишел Робертс.

Тајрис Макси е играчот со најголем напредок во НБА

 Како што се ближи крајот на натпреварувањето во НБА лигата, така се повеќе се зборува за индивидуалните награди. Првата веќе пристигна.

Кошаркарот на Филаделфија, Американецот Тајрис Макси е добитник на наградата за играч кој најмногу напредувал во изминатиот период, објавено е на веб-страницата на НБА.

Мекси (23) доби повеќе гласови во финалниот избор од Коби Вајт од Чикаго и Алперен Шенгун од Хјустон. Наградата се доделува од 1985 година.

Минатата сезона победник беше Лаури Марканен од Јута, а меѓу оние кои досега ја освоија оваа награда се Горан Драгиќ, Паскал Сиакам, Јанис Адетокумбо, Пол Џорџ, Трејси Мекради, Зек Рендолф, Хидает Туркоглу итн. /MИА

Де Бруин ќе му се придружи на Роналдо ова лето?

Манчестер Сити не успеа во мисијата да ја одбрани тројната круна. 

Во четвртфиналето на Лигата на шампионите беа поразени од Реал, но затоа Сити се уште е во конкуренција за двојната круна во Англија и шестата шампионска титула во последните седум години.

Сепак, ова лето Манчестер Сити би можел да остане без својот најдобар играч Кевин де Бруин.

Фантастичниот триесет и тригодишен Белгиец под водство на Гвардиола освои се и остави голема трага во Премиер лигата.

Актуелниот договор на Де Бруин истекува во летото 2025 година, а саудиски Ал Наср сака да ја искористи таа ситуација. Белгиецот моментално вреди 60 милиони евра на пазарот, но доколку клубот на Роналдо го сака играчот на Манчестер Сити, ќе мора да плати многу поголема отштета.

Во Манчестер Сити Де Бруин заработува околу 21 милион евра по сезона. /МИА

Тела на 19 мигранти пронајдени кај брегот на Тунис

Телата на 19 лица се пронајдени во близина на брегот на Тунис, еднo од главните влезни места за мигранти кои сакаат да го преминат Средоземното Море во Европа, а полицијата уапси петмина шверцери на луѓе.

Крајбрежната стража на Тунис соопшти дека ги пронашла телата во вторникот во близина на пристанишните градови Махдија и Сфакс, вториот по големина град во земјата каде што мигрантите се судрија со полицијата во последните недели.

И покрај ризиците, мигрантите продолжуваат да се обидуваат да преминат од Северна Африка во Европа, патувајќи со брод преку Средоземното Море од Мароко, Алжир, Тунис и Либија до Италија, Грција, Малта и шпанските Канарски Острови. Повеќе од 49.000 луѓе дојдоа во Европа по море оваа година, вклучително и повеќе од 7.000 од Тунис до Италија.

Многу повеќе се обиделе да ја поминат оваа рута, вклучително и илјадници кои биле пресретнати од северноафриканските власти, а се проценува дека 473 лица се мртви или исчезнати, според Меѓународната организација за миграција на ОН. /МИА

притисни ентер