Ѓоковиќ прв финалист на Мастерсот во Париз

Лидерот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ во два сета го победи Бугаринот Григор Димитров и се пласираше во големото финале на тенискиот Мастерс во Париз .

Српскиот тенисер го скрши отпорот на одличниот Димитров и го доби полуфиналето во два сета со 7-6 и 6-4.

Најдобриот светски тенисер одигра уште еден одличен меч во Париз .

Противник на Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Париз ќе биде подобриот од полуфиналето Рафаел Надал – Денис Шаповалов.

ПСЖ собори рекорд во Лига 1, Мбапе подобри лично достигнување

 Иако Пари Сен Жермен допрва треба да ја обезбеди титулата во Лига 1, францускиот хегемон продолжува да испишува историја во својата домашна лига.

Парижаните со вчерашниот успех против тимот на Лориен со 4:1 ја продолжија низата без пораз на гостински терен на 22 последователни натпревари, што до сега не го направила ниту една екипа во тамошниот шампионат.

Пари Сен Жермен последен пат загуби на гостински терен на 11 февруари 2023 година во натпреварот од 23. коло на Лига 1 минатата сезона, кога беа поразени со 1:3 од Монако. Претходниот подвиг му припадна на Лион, кој беше непоразен на гостувањата од март 2005 до април 2006 година.

Големата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе, исто така се запиша и асистираше во мечот против Лориен, со што се искачи на 43 гола во сезоната и го подобри својот личен максимум во однос на постигнувањето голови во една сезона.

Парижаните во моментов имаат 11 бода предност пред второпласираниот Монако, а доколку победат на претстојниот меч против тимот од Ле Авр на 27 април (сабота) ќе ја обезбедат и титулата. /МИА

Стојаноска од Јегуновце: Оваа криминална власт вчера го доби жолтиот картон, црвениот на 8 мај

Од победничко Јегуновце, најпрво се заблагодарувам и им честитам на сите граѓани на Република Македонија, особено на тие од изборната единица шест, затоа што вчера ја направија Македонија горда.

Вчерашниот датум, 24 април, оваа криминална власт го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај.

Денес продолжуваме со стисок на рака повеќе и барање на глас повеќе, заедно да се обединиме против криминалот.

Ова политичко зло да го испратиме во пензија и Македонија повторно да ја направиме твоја и повторно горда, рече Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.

Костадиновска-Стојчевска: Со шест милиони евра, Турскиот театар добива современ дом

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска при увидот во градежните работи на Турскиот театар, потенцираше дека со одлуката на Владата е обезбедено  тригодишно континуирано финансирање на проектот за Турскиот театар.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска при увидот во градежните работи на Турскиот театар, потенцираше дека со одлуката на Владата за тригодишно континуирано финансирање на проектот за Турскиот театар, обезбедена е гаранција наскоро театарската екипа на оваа установа да има свој дом.

„Министерството за култура продолжува непречено да го финансира проектот, за што во три буџетски години (2024, 2025 и 2026 година) се проектирани средства во износ од 6,1 милиони евра, односно 380 милиони денари“, рече Костадиновска-Стојчевска, нагласувајќи дека со овие средства ќе се комплетираат градежните зафати, поставувањето инсталации, уредувањето на ентериерот и ќе се обезбеди стручен надзор за театарот да го добие својот облик.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека дополнително, со постојаното зголемување на платите на културните работници, кое достигна до 52 проценти во изминатите години, како што рече, „покажуваме почит кон вашето достоинство и труд и ве мотивираме да продолжите со успешните проекти“.

Министерката за култура информираше дека од буџетот на Министерството за култура за оваа година се обезбедени милион и седумстотини илјади евра или 104 милиони денари, а напредокот во изградбата на објектот е забележителен, особено во делот на фасадата и на покривот, додавајќи дека за сето она што сега е реализирано беа издвоени 4,4 милиони евра, или 274 милиони денари.

Костадиновска-Стојчевска, истакнувајќи ја важноста на Турскиот театар, порача: „Нам отсекогаш ни се важни културните и јазичните различности кои нашата држава ја прават уникатен мозаик. Турскиот театар настојувал да ги промовира таквите вредности и да придонесува кон позитивни промени во општеството“.

Министерката за култура додаде дека е чест, но и голема одговорност, процесот со градежните активности да се одвива професионално, стручно и квалитетно, потенцирајќи дека Владата е одлучна сите започнати објекти од културата да ги заврши со максимален квалитет и во транспарентна постапка.

„Активно се работи и на реконструкција на голем број културни центри кои со години биле запоставени, а сето тоа со крајна цел – да продолжиме да ги подобруваме работните услови на културните работници, и понатаму да овозможуваме поголема и поквалитетна содржина за публиката и заеднички да го промовираме театарот“, рече Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека инвестирањето во културата е нашиот влог во иднината и во развојот на македонската култура и идентитет.

Директорката на НУ Турски театар, Ајлин Емин Скоро, во изјавата за медиумите посочи дека Националната установа Турски театар работи, функционира, твори, цели 74 години во нашата земја, а веќе 10 години работи и твори под еден покрив и на иста сцена со Театарот „Комедија“.

„Објектот што се гради е замислен како културен центар кој ќе ги унапредува, ќе ги афирмира и јазикот и културата на турскиот народ овде“, рече Емин Скоро, дополнувајќи дека започнува третата фаза, односно во тек е јавната набавка за внатрешните инсталации: механика, електрика, машинство и водовод и канализација.

притисни ентер