Видео: Трипл дабл пресметка Џејмс – Дончиќ

Кошаркарите на ЛА Лејкерс дури по продолжение успеа да го победат Далас со 119-110 во најинтересниот меч во утринската програма од НБА лигата.

Дуелот во Стејпл центарот во Ел – Еј мина во знакот на феноменалната пресметка меѓу Леброн Џемјс и Лука Дончиќ.

Младиот Дончиќ продолжува со одличните игри сезонава во НБА, а Леброн по подолг период одигра натпревар достоен на еден од најдобрите кошаркари во светот.

Словенечкиот супер стар мечот го заврши со уште еден трипл дабал од 31 поен, 13 скока и дури 16 асистенции, големиот Леброн пак имаше 39 поени, 12 скока и 16 додавања и дури 4 украдени топки.

Од стртот на сезоната езерџиите од Лос Анџелес имаат скор од 4 победи и еден пораз , а далас е на 3-2.

Во другите средби :

Бруклин – Хјустон 123-116

Индијана – Кливленд 102-95

Орландо – Милвоки 91-123

Бостон – Њујорк 104-102

Чикаго – Детроит 112-106

Сакраменто – Јута 102-101

Голден Стејт – Сан Антонио 110-127

Видео: Пандев даде гол од преку 30 метри со полуволеј, па доби црвен картон

Горан Пандев ја воодушеви фудбалската јавност во Италија и Европа со маестралниот гол на натпреварот против Лече што заврши нерешено, 2-2.

Голманот на домаќините во 30-тата минута лошо расчисти една топка, па Пандев прво одлично ја исконтролира, а потоа упати полуволеј од преку 30 метри, кој беше неодбранлив.  Сепак, сенка на извонредниот потег, фрли црвениот картон што го заработи Пандев во второто полувреме, откако за неколку минути доби два жолти.

Косово се соочува со повеќегодишна суспензија од меѓународните натпревари на ФИФА и на УЕФА

Медиумите во Приштина известуваат дека на косовската фудбалска репрезентација и се заканува протерување од сите натпреварувања под покровителство на ФИФА и УЕФА во наредните пет години.

Европската и светската фудбалска организација размислуваат да го казнат косовскиот фудбал за обидот да го разрешат претседателот на косовската Фудбалска асоцијација, Агим Адеми и поради обидот политиката да се меша во фудбалот.

„Според некои извори, на Косово и се заканува суспензија од две до пет години, бидејќи луѓето од политичкото раководство на земјата се обидуваат директно да интервенираат и да донесат важни одлуки во Фудбалската федерација на Косово“,извести косовката телевизија РТК.

Доколку дојде до суспензијата, Македонија автоматски би се нашла во баражот за пласман на  Евро 2020 , а Косово би останало без можност да оди на турнирот преку дополнителни квалификации, но и можност да игра на Светскиот куп во Катар во 2022 година.

УЕФА и ФИФА експлицитно го забрануваат мешањето  на политиката во спортот преку нивните статути. Така, во 2014 година, Фудбалската федерација на Нигерија беше суспендирана од меѓународните натпревари поради мешање на владата во работата на федерацијата, а една година претходно истото се случи и со Камерун.

Мексиканецот Руиз ги насамари сите на мерењето со Џошуа (ВИДЕО)

Ентони Џошуа и Енди Руиз Џуниор официјално беа измерени  при што се откри големата тактичка битка што се водеа меѓу екипите на двајцата боксери во тешка категорија.

Џошуа имал пет килограми помалку отколку во јуни, а Руиз, кој тврдеше дека изгубил тежина и со тоа ги измами британските медиуми, се покажа дека е седум килограми потежок отколку во првиот меч.

Во последните неколку недели се пишуваше многу за губење на тежината и исхраната на Руиз. Медиумите објавуваа разни фотографии на кои што се чинеше дека Мексиканецот е навистина ослабнат. Сепак, тоа било очигледно само кампања, бидејќи вагата покажа 128,6 килограми, седум повеќе од минатиот пат.

После тоа тие го направија соочувањето, но без премногу тензија. Прво позираа рамо до рамо, а потоа следуваше краток поглед лице-в-лице.

притисни ентер