Варвициотис: Добар или лош, Договорот од Преспа е тој, времето не се враќа назад

Варвициотис коментира дека „е лудо" тоа што Атина и Скопје се договорија за текст, а како „условеност е ставена Европската унија без да биде потписник".

На начинот на кој францускиот претседател Емануел Макрон политички управуваше со прашањето на Европскиот совет, во суштина се најде наспроти нашите национални интереси, изјави алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервју за емисијата „Брејнсторминг" на грчката телевизија „Aкцион 24".

– Господинот Макрон го блокираше процесот на проширување, господинот Макрон не се занимаваше со Преспа, ова го велам бидејќи слушам различни противници на Договорот од Преспа. Господинот Макрон на начинот на кој политички управуваше со прашањето на Европскиот совет, во суштина се најде наспроти нашите национални интереси, објасни Варвициотис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на Договорот од Преспа, тој вели дека има „опашки", но и истакнува дека „добар или лош, договорот е тој, времето не се враќа назад".

Варвициотис коментира дека „е лудо" тоа што Атина и Скопје се договорија за текст, а како „условеност е ставена Европската унија без да биде потписник".

– Во член 1 параграф 10 и 11 се вели дека што се однесува до употребата на документите во внатрешноста, ќе постои преоден период од пет години, а во однос на новите документи овие ќе се менуваат со отворањето на поглавјата на пристапниот процес. Ова е јасно кажано и е грешка во договорот, грешка е. Тоа им да дава право на соседите да одлагаат, да не го спроведуваат она што требаше да го спроведат од 12 август, вели алтернативниот шеф на грчката дипломатија.

На прашањето што ќе се случи доколку на изборите победи ВМРО-ДПМНЕ и не го почитува Договорот, Варвициотис вели дека тоа ќе ја одведе и Атина „кон поразличен став во рамките на Европската унија". /МИА

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал

Светската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ сака повторно да игра со Рафаел Надал пред да се повлече од тенисот.

-Имам голема почит кон легенда како Рафа и се надевам дека ќе играм со него барем еднаш пред да му заврши кариерата. Тој е добра личност и легенда на нашиот спорт. Тој е мојот главен ривал. Во Австралија реков дека се надевам дека ќе го видам барем на уште еден или два турнири. Сè уште верувам во тоа, сподели Новак за еден од неговите најголеми ривали во кариерата.

Шпанскиот репрезентативец веќе неколку пати сигнализираше дека наскоро може да стави крај на својата натпреварувачка тениска кариера. /МИА

Тевез итно пренесен во болница

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез синоќа беше примен во болница со силни болки во градите. 

40-годишниот поранешен напаѓач, кој моментално е тренер на локалниот клуб Индепендиенте, беше пренесен во болница во Буенос Аирес откако се почувствувал лошо, но првичните тестови не покажале ништо сериозно за неговата состојба.

-Нашиот тренер Карлос Тевез беше примен во болницата „Ла Тринидад“ во Сан Исидро со болки во градите. Тој ги направи соодветните тестови и тие беа задоволителни. Денеска тој ќе продолжи со нова серија на однапред планирани тестови како дел од поопшт преглед, се вели во официјалното соопштение од клубот, кој ја потврди ситуацијата.

Според локалните изданија, проблемите на Карлос Тевез се поради стрес.

Поранешниот репрезентативец на „гаучосите“ боледувал од висок крвен притисок и редовно се подложувал на тестови и се следи неговата состојба.

Ова доведе до шпекулации во локалниот печат за можноста тој да ја заврши тренерската кариера во обид да го намали притисокот и стресот околу него.

Се уште не е јасно дали Тевез ќе присуствува на денешниот тимски тренинг. /МИА

притисни ентер