Потрошила 17 000 евра за операции за да изгледа како кукла (ФОТО)

Зависничка од пластични операции потрошила најмалку 17 000 евра и вели дека е презадоволна од својот вештачки изглед.

Освен тоа, нејзиното момче е љубоморно колку внимание привлекува кај другите мажи.

Серена Смит тврди дека е заљубена во куклата Барби од детството, и дека таа била нејзин модел, па не е за изненадување што одлучила да стори сé што може за да изгледа како кукла.

😘

A post shared by Serena Smith (@theserenasmith) on

"Од најраните денови, бев свесна за важноста за изгледот и убавината. Бев фасцинирана со пластичната хирургија, гледав документарни филмови и реални емисии за тоа. Додека растев, идолизирав русокоси sвезди како Џејн Менсфилд, Бритни Спирс, Парис Хилтон и Памела Андерсон", рече таа.

Meow 😋

A post shared by Serena Smith (@theserenasmith) on

Серена за прв пат била подложена на зголемување на градите на 18-годишна возраст.

„Желбата да изгледам како овие жени ми го преокупира животот. Бев опседната со тоа“, изјави Серена.

Како што вели, пред операциите не се чувствувала добро.

"Бев обична и незабележителна личност во споредба со другите. Јас бев природно убава, но мојот изглед беше премногу едноставен за мене", рече таа.

This photo stopped traffic 🤪🤷🏼‍♀️

A post shared by Serena Smith (@theserenasmith) on

"Мажите се луди за мојот изглед. Кога имам фризура и шминка, сите ме гледаат. Кога ме гледаат, ги игнорираат нивните сопруги и деца и зјапаат во мене, веројатно затоа што сакаат да бидат со мене. Дури и кога не носам шминка, ми приоѓаат и разговараат со мене, дури се обидуваат да го добијат телефонскиот број “, тврди Серена.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

притисни ентер