Сензација на почетокот на скијачката сезона- во велеслалом победи 17- годишно девојче

Скијачката Алис Робинсон од Нов Зеланд , која има само 17 години е најголемото изненадување на денешниот Светски куп во велеслалом на отоврањето на сезоната во австрискиот центар Селден.

Робинсон оствари вкупно време од 2: 17,36 минути во двете возења, надминувајќи ја најдобрата светска женска скијачка Микаела Шифрин за шест стотинки, која заостануваше за 14 стотинки по првото возење.  

На Робинсон во второто возење и беше доволно и 14-то време , а Шифрин имаше дури 18-ти резултат . На најниското место на подиумот се искачи Французинката Теса Ворли, која заостана за 36 стотинки зад победничката од Нов Зеланд.

Алис Робинсон, како актуелна јуниорска шампионка во слалом, го сврте вниманието кон себе во финалето на Светскиот куп минатата сезона, кога заврши на второто место во Андора.

Втората сензација на отворањето на новата сезона е 25-годишната Норвежанка Марија Тереза ​​Твиберг, која заврши на шестото место со почетен број  58, откако во своето прво возење имаше 26-ти резултат.

За жал, отворањето не помина без голем пад. Австриецот Бернадет Шилд мораше да биде транспортиран со хеликоптер поради повреда на левото колено.

Видео: Пандев даде гол од преку 30 метри со полуволеј, па доби црвен картон

Горан Пандев ја воодушеви фудбалската јавност во Италија и Европа со маестралниот гол на натпреварот против Лече што заврши нерешено, 2-2.

Голманот на домаќините во 30-тата минута лошо расчисти една топка, па Пандев прво одлично ја исконтролира, а потоа упати полуволеј од преку 30 метри, кој беше неодбранлив.  Сепак, сенка на извонредниот потег, фрли црвениот картон што го заработи Пандев во второто полувреме, откако за неколку минути доби два жолти.

Косово се соочува со повеќегодишна суспензија од меѓународните натпревари на ФИФА и на УЕФА

Медиумите во Приштина известуваат дека на косовската фудбалска репрезентација и се заканува протерување од сите натпреварувања под покровителство на ФИФА и УЕФА во наредните пет години.

Европската и светската фудбалска организација размислуваат да го казнат косовскиот фудбал за обидот да го разрешат претседателот на косовската Фудбалска асоцијација, Агим Адеми и поради обидот политиката да се меша во фудбалот.

„Според некои извори, на Косово и се заканува суспензија од две до пет години, бидејќи луѓето од политичкото раководство на земјата се обидуваат директно да интервенираат и да донесат важни одлуки во Фудбалската федерација на Косово“,извести косовката телевизија РТК.

Доколку дојде до суспензијата, Македонија автоматски би се нашла во баражот за пласман на  Евро 2020 , а Косово би останало без можност да оди на турнирот преку дополнителни квалификации, но и можност да игра на Светскиот куп во Катар во 2022 година.

УЕФА и ФИФА експлицитно го забрануваат мешањето  на политиката во спортот преку нивните статути. Така, во 2014 година, Фудбалската федерација на Нигерија беше суспендирана од меѓународните натпревари поради мешање на владата во работата на федерацијата, а една година претходно истото се случи и со Камерун.

Мексиканецот Руиз ги насамари сите на мерењето со Џошуа (ВИДЕО)

Ентони Џошуа и Енди Руиз Џуниор официјално беа измерени  при што се откри големата тактичка битка што се водеа меѓу екипите на двајцата боксери во тешка категорија.

Џошуа имал пет килограми помалку отколку во јуни, а Руиз, кој тврдеше дека изгубил тежина и со тоа ги измами британските медиуми, се покажа дека е седум килограми потежок отколку во првиот меч.

Во последните неколку недели се пишуваше многу за губење на тежината и исхраната на Руиз. Медиумите објавуваа разни фотографии на кои што се чинеше дека Мексиканецот е навистина ослабнат. Сепак, тоа било очигледно само кампања, бидејќи вагата покажа 128,6 килограми, седум повеќе од минатиот пат.

После тоа тие го направија соочувањето, но без премногу тензија. Прво позираа рамо до рамо, а потоа следуваше краток поглед лице-в-лице.

притисни ентер