Гвардиола на прес конференција носеше часовник од 1,5 милиони евра

Манчестер Сити вчера ја победи Аталанта со 5: 1 во натпреварот од третото коло на Лигата на шампиони , а ден пред натпреварот прес конференција одржа тренерот на Сити , Пеп Гвардиола.

Шпанецот со одбрани зборови говореше за италијанскиот клуб, но некои новинари го забележаа рачниот часовник што го носеше Гвардиола .

Станува збор за часовникот на Ричард Мил, истиот оној што го спонзорира Рафаел Надал. Тоа е модел наречен RM27-01 од Рафа Надал, кој беше дизајниран исклучиво за еден од најголемите тенисери на сите времиња.

Тое е најлесниот механички часовник произведен досега, тежи само 18,83 грама, вклучувајќи го ременчето, а произведени се само 50 примероци од него.

Часовникот на почетокот се продаваше за 750 илјади евра, а денес чини околу милион и пол.

Многу топол бран го погоди Бангладеш- над 33 милиони ученици не одат на настава (ВИДЕО)

Бангладеш, земја во Азија со над 170 милиони жители, ја зафати топлотен бран, а температурите се над 42 Целзиусови степени!

Како што јави Би-Би-Си, поради топлотниот бран властите донеле одлука за затворање на училиштата, а дури 33 милиони ученици не посетуваат настава.

Училиштата и колеџите ќе бидат затворени најмалку до 27 април, одлучија властите во Бангладеш. Ова е втора година по ред како властите мораат да преземат ваков радикален чекор поради екстремните временски услови. Затворањето доаѓа откако училиштата на Филипините и Индија исто така беа принудени да се затворат поради топлотниот бран што ја зафати Азија.

– Децата во Бангладеш се меѓу најсиромашните во светот, а затворањето на училиштата поради жештините треба да нè алармира сите нас – изјави Шумон Сенгупта, директор на организацијата „Спасете ги децата“ во оваа земја.

Бангладеш е една од најранливите земји на ефектите од климатските промени. Според Меѓувладиниот панел за климатски промени, порастот на нивото на морето од 30 до 45 см може да пресели повеќе од 35 милиони луѓе од крајбрежните области - околу една четвртина од вкупното население на земјата. Вчера илјадници муслимани во земјата се собраа во џамиите и селските полиња за да се молат за дожд.

- Животот стана неподнослив поради недостигот на дожд. Сиромашните луѓе страдаат неизмерно - изјави за АФП исламскиот свештеник Мухамед Абу Јусуф.

Вчера тој водеше утринска молитва за 1.000 верници во централниот дел на главниот град Дака. Метеоролошките служби очекуваат екстремните горештини да траат најмалку уште една недела. На болниците и клиниките им е наложено да се подготват за повеќе пациенти поради условите поврзани со екстремната топлина, како што се треска и главоболка.

„Пациентите кои страдаат од топлотен удар ќе бидат примени на климатизирани одделенија“, рече министерката за здравство Саманта Лал Сен.

УНИЦЕФ предупреди и на сериозни ризици, дека ваквите високи температури претставуваат опасност за малите деца, особено за новороденчињата и доенчињата.

Сѐ за лајкови: Го уништил глисерот и за малку ќе го убиел пријателот (ВИДЕО)

Љубителите на „играчки“ на вода велат дека биле најсреќни во животот кога го купиле бродот и кога го продале.

Трошоците за одржување, гориво и обврските што ги носат со себе водните пловила не се воопшто евтини или наивни.

Во случај да уништите глисер, материјалната штета не е занемарлива.Оние кои ги оштетуваат или ги кршат своите чамци обично го прават тоа случајно, што очигледно не е случај со овој човек.

Веселата група направила скара на брегот на езерото и снимила пријател на глисер.Сепак, изгледа не се надевале дека момчето ќе се обиде да вози и на „суво“.

Во еден момент од езерото отишол на земја и за малку ќе ги повредел пријателите.Ги покосил сите работи кои му се наоѓале на патот, а забележително го оштетил глисерот.

За среќа во оваа несреќа нема повредени.

Видеото е објавено на социјалните мрежи каде што има огромен број прегледи.

Сајкоски: Вчера докажавме дека Македонија не толерира некој да ја тероризира

Вчера докажавме дека само заеднички, единствени како никогаш досега можеме да успееме. 

Можеме да успееме заеднички и да прегазиме секој противник, секој оној којшто прави штета на нашата држава и затоа ќе го снајде она што го снајде овој наш противник вчера. Ќе го снајде истото и на 8 мај. Голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Mакедонија“, голема победа на македонските граѓани и македонскиот народ. Почитувани кичевчани вие го покажавте револуционерниот дух. Тој никогаш не згаснал во вас. Покажавме дека можеме и дека ќе направиме се, дека имаме храброст, дека имаме елан да се спротивставиме и дека ние сме победнички расположени. Победнички за да ја донесеме Македонија онаму каде што и е местото Им дадовме јасно до знаење дека Кичевчани не толерираат повеќе изживување врз нив. Дека Македонија не толерира повеќе некој да ја тероризира! Ние не толерираме да лажат и крадат. Ние таквите ги казнуваме, истакна на вечерашниот митинг во Кичево носителот на листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5, Ѓорѓија Сајкоски.

Тој исто така повика на уште помасовна излезност на 8 мај за да се донесе историска победа за Македонија.

„Сакам исто така да ве повикам на 8 мај да излеземе во што поголем број и да донесеме историска победа на Македонија. Да донесеме историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, потенцираше Сајкоски.

Сајкоски истакна и дека оваа е историска победа бидејќи граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ препознаа луѓе коишто можат да ја донесат правдата во Македонија.

„Ние почитувани испишуваме историја. Испишуваме историја затоа што првпат од позиција на опозиција води некој политички субјект во Македонија со 180 илјади гласови. Испишуваме историја затоа што во нас препознаа македонските граѓани луѓе коишто се чесни, коишто се трудољубиви и луѓе коишто можат да ја донесат правдата во Македонија“

Тој упати порака и до оние кои не излегоа на гласање дека ако сакаат да живеат во подобра Македонија треба да се придружат во големата победа на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако сме согласни дека треба да имаме подобро здравство, подобро образование, дека инфраструктурата во ИЕ 5 е катастрофална и дека треба да направиме комплетно нова, придружете се. Придружете се во голема победа за Македонија. Придружете се и само така, само единствени може да победиме и може да донесеме влада којашто никој не може да ја уценува и може да донесеме премиер што испорачува. Да испорача да имаме одлична инфраструктура, да бидеме први во регионот наместо последни и да направиме економски бум“, истакна Сајкоски и додаде:

„Поканете го секој, разговарајте со секој затоа што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ се политички субјекти којшто мислат добро за сите во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го заслужува вашиот глас, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ беше и остана браник на македонската државност“, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер