Партиите без договор за новиот Закон за ЈО, може ли обвинителот да се избира на избори?

Се изјаловија ли преговорите за Законот за јавното обвинителство?  

Додека партиите со месеци наназад неуспешно се обидуваа да најдат консензус меѓудругото и за изборот на јавниот обвинител на предлог на опзицијата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски деновиве и со предлог – Јавниот обвинител да го избираат граѓаните на непосредни избори, како реформско решение наместо партиите да се договараат кој би бил јавниот обвинител.

Првиот човек на Јавното обвинителство Љубомир Јовески смета дека едно вакво решение треба добро да се разгледа, бидејќи тоа би значело кандидатите да се промовираат во јавноста пред изборите, а за што ќе им биде потребна партиска поддршка и спонзорство, а со тоа и непосредниот избор на обвинителот би се исполитизирал.

“ За мене посуштинско е прашањето во однос на кредибилитетот, професионалноста и интегритетот на личноста за јавен обвинител и обезбедувањето на доволно ресурси за остварување на уставните и законски надлежности на Јавното обвинителство, отколку постапката во која се избира јавниот обвинител. Доколку се оди на непосредни избори тоа значи кампања за која се потребни значителни средства, а суштинско прашање е како тие ќе се обезбедат, дали ќе бдиат можни спонзорства, дали одредени политички партии ќе поддржат одреден кандидат со што процсот би се исполитизирал. На таков начин избраниот кандидат ќе има обврски кон определени сфери на интерес кои го финансирале. “

Принципот – јавниот обвинител да ги бираат граѓаните на непосредни избори постои во Соединетите Американски Држави. За овој предлог да се интегрира во македонското законодавство е потребно да се направат уставни измени. Според Министерството за правда оваа опција не е изводилива пред избори, поради фактот што за уставни измени е потребен рок од 6 месеци.

Но и покрај тоа што Јавното обвинителство ги презеде предметите од СЈО со што се реши нивната судбина, државниот обвинител смета дека неопходно е носењето на Законот за јавното обвинителство меѓудругото поради разрешување на прашањето за одговорноста на јавниот обвинител, како и самостојноста на јавните обвинители во постапувањето.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

притисни ентер