Пендаровски се заблагодари на Сенатот на Македонски, Англиски и Албански јазик-остри критики на социјалните мрежи

Претседателот Стево Пендаровски преку социјалните мрежи се заблагодари на Сенатот на С.А.Д за ратификацијата пристапниот  протокол на Македонија во НАТО на македонски, англиски, но и на албански јазик. Но не се заборави и на српски, турски или ромски?

По оваа порака на Претседателот во јавноста се отворија бројни дилеми, но и критики за Пендаровски. Од претседателскот Кабинет за Канал 5 велат дека Пендаровски во комуникацијата со јавноста најчесто користи македонски јазик, а по проценка објавува соопштенија и материјали на социјални медиуми и на други јазици како албански, англиски и знаковен јазик, како што беше и примерот со неодамнешното обраќање на претседателот по заклучоците од Европскиот совет.

,,Користењето на повеќе јазици во комуникацијата со јавноста е со цел нашите пораки да допрат до поголем број на граѓани, кое е во склад со заложбата на претседателот да биде претседател на сите граѓани без разлика на нивната припадност. Внатрешното помирување и инклузијата на сите граѓани се процеси на кои треба заеднички да работиме со цел да изградиме функционална мулти-етничка држава во која сите граѓани ќе имаат еднакви можности". – велат од претседателскиот Кабинет.

Сепак останува нејасно зошто Претседателот практикува тројазична комуникација, односно која е причината што тој го користи и албанскиот јазик, имајќи го во предвид тоа дека и во актуелниот Закон за употреба на јазиците чија уставност се спори и пред Уставниот суд децидно се наведува дека македонскиот јазик е единствен официјален јазик во меѓународните односи.

Мисли ли Претседателот на македонија и на на нашите сограѓани, етнички Срби, Турци, Роми и др.? Како ли тие сега се чувствуваат? Како граѓани од најнизок ред?

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер