Мицотакис: Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан

Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан, не само затоа што тоа ја претвора перспективата во фактор на стабилност за регионот, алатка за модернизација на соседите, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Солун.

Мицотакис во Солун говореше на официјалната вечера на Меѓународниот симпозиум, а го повтори и ставот дека Договорот од Преспа е негативен за Грција, jави дописничката на МИА од Атина.

-Многу пати, од овде, од Солун имам кажано дека ние сме земја која одново ќе стане протагонист во нашето соседство, на Балканот. Токму затоа очекуваме државите од Западен Балкан да одговорат правилно на обврските на нивната европска перспектива. Да не заборавиме дека тој пат беше отворен овде, во Солун, во 2003 година. Оваа наша позиција ја повторив и истакнав и на последниот Самит на Европската унија. Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Не само затоа што тоа ја претвора перспективата во фактор на стабилност за регионот, туку и затоа што е демократска алатка за притисок за неопходната модернизација на нашите соседи. И за решавање нашите билатерални разлики, рече грчкиот премиер.

Мицотакис во говорот во Солун се осврна посебно и на двете земји кандидати за членство во Европската Унија. Во однос на Северна Македонија се задржа на Договорот од Преспа, повторувајќи го неговиот став дека се против, но и дека нема да ја изложи земјата на перипетии.

-Сè уште верувам дека Договорот од Преспа е негативен договор за нашата земја. Гласав против, но чесно предупредувајќи ги Грците што произлегува од потпишувањето. Но, јас нема да го навредам нашиот државен грб, иако другите го ставија нивниот потпис под него. Ниту ќе изложам земјата на перипетии. Без да ризикуваме најмала дестабилизација, внимателно ќе следиме како нашите соседи одговараат на нивните обврски. И, се разбира, во решавањето на нерешените прашања, на прво место заштитата на македонските производи, рече Мицотакис и објасни дека за конкретното прашање, за производите детално разговарал на состанокот со префектот, градоначалникот на Солун и со производителите. /MИА

Собраниска делегација на семинар за социјални медиуми во Европарламентот

Во состав на собраниската делегација се пратеничките Шпреса Хадри, Владанка Авировиќ, Славица Шуманска-Митева и Слаѓана Митовска.

Во рамки на Програмата за поддршка на парламентите од земјите од Западен Балкан и Турција, во организација на Европскиот парламент, денеска и утре во Брисел ќе се одржи семинар за социјални медиуми на кој ќе учествуваат пратенички од Собранието на Македонија.

Во состав на собраниската делегација се пратеничките Шпреса Хадри, Владанка Авировиќ, Славица Шуманска-Митева и Слаѓана Митовска.

Учесничките на семинарот ќе остварат билатерални средби со претседатели и членови на различни комисиии, претседатели на делегации на Европскиот парламент, пратеници од Србија и од Црна Гора, европратеници, претставници на Европската комисија и на Советот на Европската Унија и други, соопшти собраниската Прес-служба.

Целта на семинарот, како што се посочува во соопштението, е да се споделат искуствата на Македонија, Србија и Црна Гора во доменот на социјалните медиуми./МИА

Во белградски хотел уапсен македонски и српски државјани , кои краделе документација за куршуми за снајпер (ВИДЕО)

Српските специјалци од БИА ги упасија работникот на ,,Први партизан” од Ужице , Боривоје Глишовиќ и македонскиот државјанин Шефќет Демировски , кои краделе документација за производство на муниција.

Тие се уапсени во хотел во Белград , каде Глишовиќ земал пари од Демировски , кому му продал украдена документација за производство на куршуми со калибар од 12,7 мм за снајперски пушки, пишува весникот Вечерње новости. 

Глишовиќ признал дека ги копирал документите и до апсењето зел од Демировски 30 000 евра. Тие биле приведени по неколкумесечна акција на српските специјалци за ,, протекување” на доверлива документација  од фабриката за оружје и муниција во Ужице.

Куршумите , за чии нацрти бил заинтересиран Демировски , освен за снајперски пушки, може да се користат и за митралези за против воздушна одбрана. Од Вишото јавно обвинителство во Белград потврдуваат дека се уапсени и други лица поради сомневање за злоупотреба на службената положба и за давање мито.

,,Упасени се тројца вработени во ,,Први Партизан во Ужице, како и С. Д., државјанин на Северна Македонија и сопственик на фирмата Атс груп од Скопје, за злоупотреба и давање мито. Уапсен е поранешен инженер во „Први Партизан“ БГ од Ужице, Н.И. од Пожега, конструктор во фабриката и М.М. Осомничените се приведени 48 часа и ќе добијат  кривична пријава од  надлежниот обвинител. Тие се обвинети за сторени кривични дела со продажба на проекти и други документи кои припаѓаат на Први партизан од Ужице, поврзани со производство на оружје и муниција, соопшти обвинителството.

Трамп откри дека се близу до локацијата на третиот по ранг човек на ИД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД  ја знаат локацијата на третиот човек во џихадистичкиот команден ранг на Исламската држава, чиј лидер Абу Бакр ал-Багдади беше ликвидиран минатиот месец.

„Го држиме на око “, рече Трамп за „третиот човек“ одговарајќи на прашања по говорот во њујоршкиот економски клуб.

„Нивниот трет човек има многу проблеми затоа што знаеме каде се наоѓа“, рече Трамп.

По смртта на Багдади, САД и Турција започнаа да ги таргетираат неговите евентуални наследници и симпатизери и уапсија членови на семејството на Багдади во обид да спречат џихадистичката група повторно да се зајакне.

Трамп не ја идентификуваше новата цел. На почетокот на овој месец, САД соопштија дека вршат истраги за Абу Ибрахим ал-Хасеми ал-Кураиши, кој беше прогласен за нов водач на ИД.

притисни ентер