СДСМ : На прав пат сме, САД го ратификуваа Протоколот за пристапување, Северна Македонија - 30 земја членка на НАТО

Сенатот на САД вчера со огромно мнозинство, 91 глас за и само 2 против, го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, се наведува во соопѓштението на СДСМ.

Со тоа преостануваат уште ратификации од уште само 4 земји членки, до официјално пристапување во НАТО. 

Република Северна Македонија е на прав пат. Се остварува врвен стратешки и национален интерес поставен од денот на независноста - полноправно членство во НАТО Алијансата.

Членството во НАТО гарантира безбедност и стабилност на државата и трајно осигурување на нејзините граници. Истовремено, членството во НАТО значи и повеќе инвестиции, стабилна економијата, нови работни места и повеќе пари во секое семејство. 

СДСМ продолжува со политиките што обезбедуваат развој, напредок и интеграција. Остануваме посветени на реализација на мерките што овозможуваат економски раст, нови работни места и повеќе пари кај секој граѓанин.

Собраниска делегација на семинар за социјални медиуми во Европарламентот

Во состав на собраниската делегација се пратеничките Шпреса Хадри, Владанка Авировиќ, Славица Шуманска-Митева и Слаѓана Митовска.

Во рамки на Програмата за поддршка на парламентите од земјите од Западен Балкан и Турција, во организација на Европскиот парламент, денеска и утре во Брисел ќе се одржи семинар за социјални медиуми на кој ќе учествуваат пратенички од Собранието на Македонија.

Во состав на собраниската делегација се пратеничките Шпреса Хадри, Владанка Авировиќ, Славица Шуманска-Митева и Слаѓана Митовска.

Учесничките на семинарот ќе остварат билатерални средби со претседатели и членови на различни комисиии, претседатели на делегации на Европскиот парламент, пратеници од Србија и од Црна Гора, европратеници, претставници на Европската комисија и на Советот на Европската Унија и други, соопшти собраниската Прес-служба.

Целта на семинарот, како што се посочува во соопштението, е да се споделат искуствата на Македонија, Србија и Црна Гора во доменот на социјалните медиуми./МИА

Во белградски хотел уапсен македонски и српски државјани , кои краделе документација за куршуми за снајпер (ВИДЕО)

Српските специјалци од БИА ги упасија работникот на ,,Први партизан” од Ужице , Боривоје Глишовиќ и македонскиот државјанин Шефќет Демировски , кои краделе документација за производство на муниција.

Тие се уапсени во хотел во Белград , каде Глишовиќ земал пари од Демировски , кому му продал украдена документација за производство на куршуми со калибар од 12,7 мм за снајперски пушки, пишува весникот Вечерње новости. 

Глишовиќ признал дека ги копирал документите и до апсењето зел од Демировски 30 000 евра. Тие биле приведени по неколкумесечна акција на српските специјалци за ,, протекување” на доверлива документација  од фабриката за оружје и муниција во Ужице.

Куршумите , за чии нацрти бил заинтересиран Демировски , освен за снајперски пушки, може да се користат и за митралези за против воздушна одбрана. Од Вишото јавно обвинителство во Белград потврдуваат дека се уапсени и други лица поради сомневање за злоупотреба на службената положба и за давање мито.

,,Упасени се тројца вработени во ,,Први Партизан во Ужице, како и С. Д., државјанин на Северна Македонија и сопственик на фирмата Атс груп од Скопје, за злоупотреба и давање мито. Уапсен е поранешен инженер во „Први Партизан“ БГ од Ужице, Н.И. од Пожега, конструктор во фабриката и М.М. Осомничените се приведени 48 часа и ќе добијат  кривична пријава од  надлежниот обвинител. Тие се обвинети за сторени кривични дела со продажба на проекти и други документи кои припаѓаат на Први партизан од Ужице, поврзани со производство на оружје и муниција, соопшти обвинителството.

Трамп откри дека се близу до локацијата на третиот по ранг човек на ИД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД  ја знаат локацијата на третиот човек во џихадистичкиот команден ранг на Исламската држава, чиј лидер Абу Бакр ал-Багдади беше ликвидиран минатиот месец.

„Го држиме на око “, рече Трамп за „третиот човек“ одговарајќи на прашања по говорот во њујоршкиот економски клуб.

„Нивниот трет човек има многу проблеми затоа што знаеме каде се наоѓа“, рече Трамп.

По смртта на Багдади, САД и Турција започнаа да ги таргетираат неговите евентуални наследници и симпатизери и уапсија членови на семејството на Багдади во обид да спречат џихадистичката група повторно да се зајакне.

Трамп не ја идентификуваше новата цел. На почетокот на овој месец, САД соопштија дека вршат истраги за Абу Ибрахим ал-Хасеми ал-Кураиши, кој беше прогласен за нов водач на ИД.

притисни ентер