Адеми: Политиките на СДСМ обезбедуваат поголеми шанси за успех на младите во својата земја, на прав пат сме!

Секогаш е убаво кога си дома. А кога си дома на прав пат си! – со оваа порака ги поздрави претседателот на комисијата за надворешни работи, Едмонд Адеми своите сограѓани тетовчани на синоќешната трибина „На прав пат".

Младите се локомотива на секое општество и вечерва гледам многу млади волни за победа. Во нив гледам сигурност, самодоверба и храброст да останеме на прав пат.- истакна Адеми.

Тој посочи дека секој друг избор би бил само ќор сокак, дека доволно е  само да се спореди каде бевме заглавени 11 години, а каде сме денес по само две години.

Младинската  картичка со која над 30 000 млади од 15 -29 години имаат бројни попусти во многу дејности, проектите за младите земјоделци со кои над 400 млади земјоделци добија поддршка во опрема, Гаранцијта за млади се само се дел од мерките коишто ги превзеде Владата предводена од СДСМ со цел поддршка и обезбедување на услови и можности младите да останат во својата земја.-посочи Адеми.

Како потврда дека сме на правиот пат Адеми го посочи и достигнувањето на историски најнискиот процент на невработеност од 17.5 отсто во државата како и вработувањето на 1830 млади лица само минатата година преку мерките кои се реализираа.

На прав пат сме и резултатите тоа го потврдуваат, заклучи Адеми, се наведува во соопштението на СДСМ.

Облачно со повремен дожд и ветер

Претежно облачно време со слаб до умерен ветер ќе преовладува денеска во државата. 

Претпладне особено на истокот од државата ќе има врнежи од дожд и повремено ќе дува засилен југоисточен ветер.

Дневната температура ќе се движи во интервал од 12 до 19 степени.

Во Скопје слично време со краткотраен дожд и слаб до умерен претежно јужен ветер. Температурата ќе достигне до 17 степени.

Најмногу дожд до седум часот утринава наврнал во Лазарополе – 54 литри на метар квадратен, а најмалку во Скопје пет литри на метар квадратен.

Најстудено утринава е во Маврово каде се измерени 4 степени, а најтопло во Дојран – 15 степени. /МИА

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска во Скопје

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас денеска престојува во посета на Македонија.

Мас ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Димитров и Мас, како што најавуваат од МНР, ќе разменат мислења за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во земјата, исходот од последниот Европски Совет и можните следни чекори, за преостанатите активности во делот на реформите, вклучително и развојот на добрососедските односи. Воедно ќе бидат разгледани и клучните моменти од односите меѓу двете пријателски земји и можностите за нивно продлабочување, како и актуелната динамика на односи на регионален план.

По средбата Димитров и Мас, предвидено е да одржат и заедничка прес-конференција.

Хајко Мас попладен ќе биде примен од претседателот Пендаровски во „Вила Водно". По средбата со Пендаровски, на заедничка иницијатива на германското МНР и претседателот на Македонија, ќе се одржи дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава".

На дебатата, како што информираат од кабинетот на претседателот, покрај Пендаровски и Мас, ќе учествуваат и претставници на државните власти, на правосудните органи, како и претставници на надлежни институции во оваа област. /МИА

ТАСС: Пендаровски во Москва на одбележувањето на Денот на победата

Присуството на прославата во Москва веќе го потврдил и францускиот претседател Емануел Макрон, а меѓу поканетите е и претседателот на САД, Доналд Трамп.

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски, на покана од рускиот претседател Владимир Путин, ќе учествува на одбележувањето на 75-годишнината од победата во Втората светска војна што ќе се одржи во Москва на 9 мај наредната година, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

– Вашиот амбасадор повеќепати ме има прашано дали навистина ќе дојдам. Еден од главните принципи на нашата држава е борбата против фашизмот. Поради тоа, секако дека ќе бидам таму, изјавил Пендаровски за време на вчерашната средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Парискиот мировен форум.

Присуството на прославата во Москва веќе го потврдил и францускиот претседател Емануел Макрон, а меѓу поканетите е и претседателот на САД, Доналд Трамп.

притисни ентер