Касапи: Не се само интеграциите во НАТО и ЕУ прав пат , туку и градењето на едно општество за сите граѓани за кое се залага СДСМ

Голема чест ми е што СДСМ предводена од претседатело Зоран Заев  ја формираше  комисијата за еднакво општество за сите и токму јас што ја предводам таа комисија, која за прв пат се формираше во нашата држава.

Ова го истакна  пратеничката Ѓулумсер Касапи која е и претседателка на Комисијата за едно општество, на граѓанската трибина организирана од СДСМ „На прав пат" во Тетово.

Таа посочи дека тоа е потврда дека сме на прав пат како општество кое се гради како еднаква држава за сите граѓани.

-Затоа ќе кажам, не само интеграциите во НАТО и ЕУ прав пат, туку и градењето на едно општество за сите.

Во изминатите 2 години СДСМ со конкретни работи покажа дека вистински се залага за подобар живот, подеднакво за сите наши граѓани. Заедништвото помеѓу граѓаните е многу важно и ние го негуваме затоа што искрено веруваме. Не сакаат граѓаните поделби. Затоа ќе продолжиме по правиот пат-заврши Касапи.

Под мотото „Сите сме=во правата" во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на детето

Настанот ќе заврши на плоштадот „Македонија" каде учесниците ќе пуштат балони во разни бои, со што симболично ќе упатат порака за еднаквост на децата во правата. 

По повод Светскиот ден на детето и одбележувањето на 30 години од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето, денеска во Домот на Армијата во Скопје ќе се одржи настан под мотото „Сите Сме = Во Правата", на кој учествуваат деца од градинки, основни и средни училишта од повеќе градови од Републиката.

Настанот е организиран од Институцијата Народен правобранител во соработка со Коалицијата на младински организации „Сега" од Прилеп, Управата за развој и унапредување на образованието и јазиците на припадниците на заедниците, како и детската фондација „Песталоци".

По тој повод, омбудсманот Иџет Мемети пред седиштето на Канцеларијата на народниот правобранител ќе даде изјава за медиумите и ќе упати порака за Светскиот ден на детето.

Ккао што информираат од Канцеларијата на народниот правобранител, по завршување на пригодната свеченост точно напладне, децата пред зградата на Собранието на  Македонија на претседателот на Праламентот, Талат Џафери ќе му го прочитаат и предадат „Барањето од децата за правата на децата".

Настанот ќе заврши на плоштадот „Македонија" каде учесниците ќе пуштат балони во разни бои, со што симболично ќе упатат порака за еднаквост на децата во правата. /МИА

Облачно со дожд

Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер. 

Локално ќе има појава на грмежи со пороен дожд и засилен ветер (над 60 км/час), особено во југоисточните делови каде се очекува да наврнат над 35л/м2.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14 степени, а дневната температура ќе се движи од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 15 степени./МИА

Зградите низ Скопје светнаа во сино во чест на Светскиот ден на детето

Голем број објекти вечерва и утре ќе бидат осветлени во сина боја во чест на 30. годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на децата од ООН , што се одбележува како Светски ден на децата.

Во сино вечерва беа осветлени зградите на Владата, Собранието, ТАВ Македонија со Меѓународниот аеродром Скопје, Министерството за образование и наука, Археолошкиот музеј, Музејот на македонската борба, кулите Џевахир, Амбасадата на Италија и други.

20 ноември се одбележува како Светски ден на детето по повод потпишувањето на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации.

По повод Светскиоот ден на децата , поддршка даде и премиерот Зоран Заев на Фејсбук кој напиша : ,,Децата и младите се предводници на нашата иднина. Децата нè инспирираат и се најголемата причина за нашиот стремеж да изградиме подобар свет што им го оставаме во наследство.”

притисни ентер