Гледаме овие денови што се случува. Ние велиме ајде на брзи избори, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски бегаат. Јасно е, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат, знаат дека ги следи нов пораз. Затоа што граѓаните не сакаат враќање назад, изолација, обнова на криминал и режим,истакна Царовска, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ 2 години се грижеа како да наштетат и да одмогнат во секоја реформа што сакаме да ја постигнеме.
Веруваме дека вие ќе го изберете на вистинскиот пат, и нема да дозволите да се врати на криминал и режим, кој ние го срушивме со пенкало и со пенкало ќе го одржиме, потенцираше потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, вечерва пред присутните на Трибината „На прав пат„ во Тетово.
,,Детскиот додаток им се исплаќа на 20.230 деца, што е за три пати повеќе, а образовниот на 8.681 деца, што е за три и пол пати повеќе од претходното. До крајот на реформата очекуваме околу 70.000 деца да примаат детски и образовен додаток. што ќе биде за 20 пати повеќе од претходно, рече Царовска.
Таа истакна дека законот за зголмеување на минималната плата на 14.500 денари е веќе во процедура. Сега над 50.000 работници во текстилната, кожарската и чевларската индустрија добиваат плати повисоки за 5.500 денари месечно.
Царовска се осврна на социјалната реформа, со која социјалната помош е зголемена и до 300 отсто и со која се подобрува живото на околу 300.000 граѓани.
Секое дете заслужува грижа и топол дом, истакна Царовска и додаде дека СДСМ инвестира и во изградба на нови и проширување на постоечките капацитети на градинките низ цела држава, како и во персоналот, со значително зголемување на платите на вработените во социјалната дејност, се наведува во соопштението на СДСМ.