Застрелан ученик во пукотница во средно училиште во Калифорнија (ВИДЕО)

Најмалку еден ученик е повреден во пукотницата во средносто училиште во градот Санта Роса на северот на Калифорнија.

Во тек е потрага по вооружениот напаѓач, а очевидци изјавиле на полицијата дека напаѓачот испукал три до четири куршуми од пиштол пред средното училиште Ридвеј и избегал, изјави полицискиот службеник Самер Глокнер.

Еден тинејџер беше застрелан непосредно пред средното училиште Ридвеј во Санта Роса, во вторникот наутро, по што беа затворени  повеќе училишта додека властите го бараа напаѓачот, соопшти полицијата.

17-годишната жртва се појавила во локалната болница по пукањето, што се случило нешто пред 9 часот наутро на раскрсницата на авенијата Ридвеј и улицата Морган, изјави капетанот на полицијата Санта Роза, Џон Креган. Жртвата се здобила со прострелна рана во абдоменот и е во стабилна состојба.

Осомничениот стрелец е приведен во училишниот кампус Ридвеј, изјави Креган. Властите го пребаруваат кампусот за да го најдат пиштолот со кој пукал.

Полицијата соопшти дека пукањето било изолирано и никогаш не се сметало за активна ситуација со стрелање.

Корса исфрли цистерна од надвозник – Страшна сообраќајка во Словенија (ВИДЕО)

Попладнево во Словенија се случи страшна сообраќајна несреќа кога Опел Корса удри во цистерна , што се преврте и падна од надвозникот.

Унгарски возач (53) од камион цистерна загина денеска во сообраќајна несреќа во Словенија кога автомобил „опел корса“, управуван од 41-годишен Словенец, удри во него и го „истурка“ од надвозникот.

Камионот по ударот од  „Корсата” ја проби заштитната ограда  и падна од висина од 20 метри на патот што поминува под автопатот, пренесува Клип.си.

Несреќата се случила пред тунелот Головец на обиколницата кон Љубљана.

 Четириесет и едногодишниот Словенец , кој се судри со камионот поради неприлагодена брзина, поминал без повреди.

Одбележан Денот на ослободувањето на Скопје

Градот убав мора да продолжи да се развива во современа европска престолнина, да биде достојно место за живеење. Одбележувањето на 75-годишнината од ослободувањето на Скопје е сеќавање на минатото, но носи и моќна порака за иднината. 

Да го направиме Скопје град за сите. Го отвараме градот за граѓаните, ги вклучуваме во процесите на одлучување и создаваме модел за долгорочен развој на градот, истакна вечерва градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на одбележувањето на 75-годишнината од ослободувањето на Скопје.

Тој посочи дека во неговата визија, Скопје е просперитетен и отворен град, еднаков за сите. Со инфраструктура и градби адаптирани за потребите на граѓаните, град којшто се развива внимателно ама и рамномерно, град којшто обезбедува услуги за граѓаните, што го вбројуваат во европските метрополи и паметни градови.

– Минативе две години докажавме дека се грижиме за нашето наследство од Народноослободителната борба, отворивме музеи и изложби, ги уредивме просторите и просторот околку запоставените спомен-обележја во градот, а соработка со Сојузот на борци е одлична. Длабоку сум убеден дека она што успеавме да го реализираме досега исполни барем мал дел од нашата обврска кон нашите ослободители. Чекор по чекор го враќаме Скопје на правиот пат. Патот на космополитизмот, солидарноста, хуманоста, патот на прогресот. За нас нема повеќе или помалку важни делови од градот, секој е важен, секој наш граѓанин секој наш Скопјанец е важен, нагласи Шилегов.

Градоначалникот на Град Скопје им додели награда „13 Ноември" на фотографката Ерина Богоева за изработка и издавање на монографијата со фотографии „Скопје-архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)", на музичкиот педагог, истражувач и публицист Александар Трајковски за значаен придонес во областа на културата,уметноста и литературата со објавувањето на книгата „Музиката во македонскиот игран филм од Фросина до Лазар", на Карате клубот Работнички – Скопје за 50 години постоење и постигнати врвни спортски резултати на домашен и меѓународен план, на Алили Бесир за освоено прво место на Европско првенство во борење за кадети, на учениците Ана Марија Атанасова за постигнати резултати во воннаставни активности и Стефан Стојковиќ за успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности и посебен придонес за афирмација на градот Скопје во светот, Христина Спасевска за остварувања во науката, техниката и стопанството од областа Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, Жикица Ѓорѓиевски за за континуирана поддршка на лицата од социјален ризик, на Дита Старова Ќереми за за посебен придонес во културата и севкупниот развој и афирмација на Град Скопје, Фросина Зафировска за значајни достигнувања во областа на музејската дејност, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот и на Бисера Чадловска за континуирано успешно творештво во областа на музичката уметност. /МИА

Привремената претседателка на Боливија бара избори во најкус рок- Сенатот ја бојкотира

Привремената претседателка на Боливија вети денеска дека новите избори ќе бидат одржани во најкус рок и ги осуди одманичките акции на приврзаниците на свргнатиот претседател Ево Моралес , кој избега во Мексико.

Потпретседателката на Сенатот, педесет и двегодишна конзервативка Жанин Анез, стапи на претседателската позиција  откако од функцијата претседател вчера по четиринаесетгодишното владеење се повлече социјалистот Моралес.

„Бог да не благослови, да дозволи да бидеме слободни и да одржиме наскоро транспарентни избори.“, објави Анез на Твитер.

Поддржувачите на Моралес, кои имаат мнозинство во парламентот, се заканија дека ќе ја блокираат седницата на која треба да се донесе одлука за нови избори, поради што немаше кворум.

Моралес, како и потпретседателот на Боливија и претседател на Сенатот, поднесоа оставки пред три дена во знак на протест, поради што Анез стана претседател според Уставот.

Претходно, Доналд Трамп го поздрави заминувањето на Ево Моралес.

Привремениот претседател треба да ги распише претседателските избори во рок од 90 дена.

притисни ентер