Самостојната изложба на академски ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата со наслов " Тектонски пореметувања"

Зоран Арсовски - Бабата е роден 1980 година во Куманово.

Неодамна  во "Културно - Информативниот Центар на Мекедонија" во Софија Р. Бугарија беше отворена  самостојната изложба на академски ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата од Куманово со наслов " Тектонски пореметувања" на која се поставени 64 уметнички слики од најновиот опус на Арсовски.

Овој проект е дел од годишната програма за 2019 година на Министерството за култура на нашата држава. Изложбата во Софија ќе биде поставена до крајот на месец октомври  а влезот за посетителите е бесплатен.

По успешното претставување на најновото ликовно творештво на Арсовски во Србија и тоа во Белград во престижната "Галерија Белградска тврдина на Калемегдан", "Домот на културата" во Књажевац и "Галеријата за современи уметности" во културниот град Кучево, проекти за кои тој конкурираше самостојно и индивидуално на конкурсите за 2019 година кои беа јавно објавени од овие Национални Установи, беше избран од страна на нивното стручно уметничко жири да биде дел од годишната програма за 2019 година.

За разлика од претходните проекти овој пат со оваа изложба Арсовски ја претставува нашата држава и современата македонска уметност во бугарската престолнина Софија под покровителство на нашето Министерство за култура која е дел од годишната програма за 2019 година.

Зоран Арсовски - Бабата е роден 1980 година во Куманово. Дипломирал 2005 година и Магистрирал 2007 година на Националната ликовна акдемија во Софија, насока „Сликарство“ во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Работи во Национална установа центар за култура “Трајко Прокопиев” Куманово, како стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура. Досега има реализирано 11  самостојни изложби и има учествувано на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, симпозиуми во земјава и странство.

Американскиот Конгрес истражува дали Трамп лажел во сведочењето за руското влијание во 2016

Претставничкиот дом на Конгресот на САД испитува дали претседателот Доналд Трамп лажел во писменото сведоштво дадено на специјалниот известувач Роберт Мулер како дел од затворената истрага за влијанието на Русија на претседателските избори во 2016.

Правната служба на Претставничкиот дом му соопштила  на Федералниот суд во Вашингтон дека пратениците испитуваат дали писмените одговори на Трамп на федералните иследници биле лажни, пренесува Си-Ен-Ен.

Портпаролката на Судскиот комитет во Домот досега не ги коментираше овие обвинувања.

Мулер се пријави пред американскиот јавен обвинител Вилијам Бар во март, по скоро двегодишната истрага што фрли светлина врз руската помош на тогашниот претседателски кандидат Доналд Трамп, хакерството и пропагандата и бројните контакти на членовите на изборниот штаб на Трамп со Москва.

Поранешниот заменик началник на канцеларијата на кампањата на Трамп, Рик Гејтс, минатата недела сведочеше дека персоналот на Трамп сакал да остане во чекор со објавувањето е-пошта, потенцијално штетна за демократскиот ривал Хилари Клинтон.

Таа изјава е во конфликт со документот што Трамп го достави до Мулер.

Клинтон, тогашна демократска кандидатка за Белата куќа, беше критикувана откако беше откриено дека таа ја користи својата приватна е-пошта во службени цели, а подоцна беше откриено дека некои пораки содржат доверливи информации.

Помпео најави санкции за ирачки функционери

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека САД се подготвени да воведат санкции за ирачките функционери кои ја ограбија државата и кон оние што се одговорни за смртта на демонстрантите.

„Нема да застанеме додека ирачките власти прават народот да страда“,рече Помпео пред новинарите на прес конференцијата во Стејт департментот, пренесува Ројтерс.

Помпео изјави дека САД ќе го користат правниот орган за санкционирање на корумпираните лица и оние кои повредуваат и убиваат мирни демонстранти.

Чавушоглу: Турција би можела да почне нова офанзива во Сирија

Турскиот министер за надворешни работи , Мевлут Чавушоглу рече дека е можна нова акција во Сирија за да се ,,исчисти” северниот дел од Курдите.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави денеска дека Анкара ќе започне нова воена операција во североисточна Сирија, доколку тој простор  не биде „расчистен“ од терористите.

Чавушоглу рече дека САД и Русија не го сториле тоа што е потребно според договорот поради што беше прекината турската операција во Сирија минатиот месец, пренесува Ројтерс.

притисни ентер