Промотивна планинарска тура в недела на падините на Галичица

 Во организација на Алпинистичкиот клуб „Патагонија" и Општина Охрид во недела ќе се одржи првото промотивно издание на планинската тура „Ohrid Outdoor Festival", со излет на планината Галичица .

Целта на фестивалот е заедничко дружење и уживање во убавините на Охрид и планината Галичица, возејќи велосипед или искачувајќи го врвот со најубав поглед кон двете езера.

Планинарска тура е предвидено да стартува во 8:30 часот од спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори" со обезбеден бесплатен автобуски превоз до превојот „Баба" и пешачење до врвот „Лако сигној" на 1.981 метри надморска височина, а во исто време од истото место стартува и велосипедска тура по падините на Петрино и Галичица преку Велестово, сртовите Крстец и Асанѓура.

По завршување на турите во 14:30 часот за учесници и за сите присутни во Охрид ќе биде организирана забава крај брегот на езерото, кај Центарот за обука на вода на АРМ.

За безбедноста на учесниците за време на бесплатните тури ќе се грижат тимови од Планинската спасителна служба при Црвениот крст од Охрид, со професионални водичи во планина.

Заинтересираните учесници треба да поседуваат лична опрема за планина, соодветна на временските услови, а учеството може да го пријават на patagonia.ohrid@gmail.com, со назнака за велосипедска или планинарска тура.

Видео: Новак како „Матрикс“ се подготвува за мечот против Федерер!!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за вечерашниот меч против големиот ривал, Швајцарецот Роџер Федерер на многу невообичаен начин.

Ноле за мечот кој ќе одлучи кој од нив двајца ќе обезбеди место во полуфиналето на Завршниот Мастерс во Лондон се подготвува на интересен начин со виртуелни очила.

Ѓоковиќ на тренингот пред вечерашниот меч против Федерер ставил очила за виртуелна реалност и се обидувал да фати одбојкарска топка. Тоа секогаш не му поаѓало од рака. 

За неговите фанови Ноле со виртуелните очила бил како филмскиот херој „Матрикс“.ж

Принцот Чарлс ,отечен на официјалната посета во Индија (ФОТО)

Британскиот принц Чарлс е во официјалната посета на Индија , каде многумина забележаа дека му се невообичаено многу отечени рацете и нозете.

Принцот Чарлс во моментов е во официјална посета на Индија, каде пристигна вчера. По пристигнувањето во Њу Делхи, синот на кралицата, кој треба да го прослави својот 71 роденден, веднаш започна со службените должности и состаноци, а отечените раце и нозе го привлекоа вниманието на  фоторепортерите.

Принцот Чарлс на првиот ден од патувањето во Индија имаше  црвени и отечени раце и нозе. Од неговата придружба велат дека ова често се случува на меѓународни патувања, особено кога патува во тропски и суптропски области.

И долгите летови редовно предизвикуваат отоци, така што принцот Чарлс се шегуваше пред околу седум години во Австралија дека прстите му личат на колбаси.

 Експертите велат дека отокот може да биде предизвикан од задржување на водата до лоша циркулација, па дури и артритис.

Откако поминал девет часа во авионот, Чарлс најпрво се сретнал со службени лица, а потоа го посетил храмот каде што се капел, за да може да му се опуштат нозете. Таму помагаше во кујна за сиромашни.

Принцот денеска ќе го прослави својот 71 роденден во Мумбаи и во недела патува за Нов Зеланд каде ќе му се придружи неговата сопруга Камила.

Британските медиуми посочуваат дека принцот Чарлс е најстариот наследник на круната во британската историја. Кога ќе ја наследи круната од неговата мајка, кралицата Елизабета, тој ќе биде најстариот крал некогаш крунисан. Најстариот  во моментов е  Вилијам IV, кој ја наследил круната во 1830 година на 64 годишна возраст.

Обичен ден за прошетка на Шварценегер со неговото чудовиште (ФОТО)

Граѓаните на луксузен кварт во Лос Анџелес беа вознемнирени од татнежот , сличен како на тенк ,за потоа да се изненадат кога видоа кој е зад воланот.

Легенда на акциските филмови и поранешен гувернер на Калифорнија, кој сака големи возила, пазаруваше во оклопно возило што личи на тенк.

Додека повеќето sвезди копнеат по приватноста во слободното време, Арнолд Шварценегер очигледно нема проблем со тоа , бидејќи е тешко да остане незабележан во огромниот теренец додека купувал низ градот.

Актерот раскажа дека неговата љубов кон воените возила започнала на необичен начин: „Еднаш возев покрај конвој со педесетина воени возила. Воодушевен од глетката , нагазив на  сопирачката, а возачот зад мене се заби во мојот автомобил. Јас дури и не го забележав тоа, само зјапав.”

Тој додаде дека од тој момент бил „опседнат и сакал да купи  возило како воено “.  И така купил Хамер.

Затоа преку посредник се јавил кај претставниците на фабриката АМ генерал за да му продадат, но тие му рекле дека не е можно затоа што автомобилот не ги исполнува спецификациите за цивилен технички преглед.

Шварценегер одбил да се смири, отишол лично да преговара со директорот на компанијата и на крајот успеал да го купи оригиналниот H1 Humvee, но дури откако бил редизајниран за да ги исполни цивилните спецификации. Откако обидот на Шварценегер бил успешен , се создаде цивилна верзија на возилото и започна производството. Првите два џипа Hummer кои излегоа од производната линија во 1992 година ги купил токму  Шварценегер.

Минатиот месец, Шварценегер беше во центарот на вниманието и за друг автомобил. Поддржувајќи ги активностите  на младата активистка за животна средина, Грета Тунберг (16), тој и набави електричен  автомобил „Тесла“ за да може девојчето да отпатува од самитот на ООН во Њујорк до Монтреал, каде се одржа голем протест за климатски промени, поддржани од Шварценегер.

притисни ентер