Прва фотографија од новото „BMW M3“, датумот за премиера се уште непознат

Првата фотографија од новата генерација на „М3“ моделот најверојатно настанала на производната лента и го открива задниот дел од возилото.

Британската фирма „Evolve Automotive“, специјализирана за доработка на  „BMW“ автомобили објави на Фесбук фотографија од задниот дел на новиот „М3“. Се претпоставува дека автомобилот е фотографиран на производна лента и дека се работи за возило од пробна серија.

Фотографијата открива детали како што се дифузорот на долниот дел од браникот како и двата пара издувни цевки  на оваа моќна спортска лимузина. Задните штоп светла се затемнети а на крајот од багажникот се наоѓа и мал спојлер.

Според досегашните информации, новиот „М3“ по хаубата ќе носи 6- цилиндарски твин- турбо мотор, за кој се претпоставува дека ќе може да произведе и преку 510 коњски сили. Покрај автоматскиот менувач со двојно квачило, купувачите ќе можат да нарачаат и верзија со 6- брзинкси мануелен менувач.

Датумот на премиерата на новиот  „BMW M3“ се уште не е соопштен, но се очекува дека овој автомобил ќе биде претставен до крајот на оваа година, а во продажба ќе се најде во 2020.

Избрани петте естетски најуспешни автомобили на деценијата

Кога станува збор за естетиката , не може да се донесе прецизна оценка , се додека не се употреби и науката.

Токму тоа го направи британскиот Carwow , кој одлучи да го примени златното правило за естетика врз автомобилите. Математички базираниот структурен термин се користи во уметноста со векови, и едноставно кажано, тоа е начин да се одреди естетска вредност со делител од приближно 1,6 што е златниот број на убавина.

Доколку се примени овој закон, во кој помалиот дел кон  поголемиот се однесува како поголемиот према целината, се добива неочекувана листа. Најубавиот автомобил во изминатата деценија е малиот Смарт, бидејќи златното правило за убавина го исполни со 98,83%.

Во топ 5 се рангирани и  Volkswagen Up! (98,62%), Opel Mokka (98,57%), Тоyota Corolla (98,56%) и Nisan Micra (98,55%). Ако се прашувате каде се супер автомобилите на Lamborghini, знајте дека се на дното, некаде околу 500-тo место . Најгрдиот автомобил на ова тестирање е Ford Fiesta ST на 626.  место со само 34,31% поклопување со  древното правило за убавина .

Разделба на ќерката од таткото , осуден на затвор поради три кубика дрва

Денеска на социјалните мрежи ворегионот се шири фотографија на која се разделува татко и неговата ќеркичка , затоа што тој оди во затвор.

Станува збор за Босанецот Фикрет Дедиќ , кој оди на отслужување шестмесечна казна затвор , зашто исекол три кубика дрва од државна шума.

Неговата сопруга Рамиза вели дека тој сечел дрва во шумата зашто немаат пари , а треба да се згрее скромниот дом , каде живеат со три деца . Таа вели дека по објавувањето на фотографијата на Фејсбук , почнале да доаѓаат хумани луѓе за да им нудат помош.

Ни Фикрет ниту Рамиза немаат работа ,а работат сезонски за да го прехранат семејството. Неговиот пријател во објавата на фејсбук објави дека Фикрет не сакал да краде од продавница или од луѓе , туку отишол во државна шума , ги исекол дрвата и ги пренел до дома на грб.

Сите нови автомобили ќе мора да задолжително да имаат пет системи

Земјите-членки на ЕУ конечно се согласија за промени во новите автомобили и комбиња и нивната опрема за безбедност.

Почнувајќи од 2022 година, сите нови возила на продажба во ЕУ, ќе имаат приклучок Алколок, црна кутија, автоматски систем за сопирање и систем за предупредување за менување лента (освен ако не се вклучени индикаторите за вртење).

Исто така, дизајнерите на сите нови автомобили и комбиња ќе треба да понудат форма за предниот дел на возилото, што ќе го намали ризикот од повреди на пешаците и велосипедистите при судир.

Алколок ќе обезбеди опција за оние кои биле казнети поради возење под дејство на алкохол , задолжително да направат алкотњест пред да го стартуваат автомобилот, а во спротивност , се вклучува систем , што не му дозволува на автомобилот да тргне.

Доколку возачот има  недозволено количество алкохол, нема да можат да го стартуваат моторот на возилото.

Што се однесува до црната кутија, таа ќе ги сними податоците за телеметрија пред, за време и по сообраќајна несреќа.

притисни ентер