Електричниот Јагуар покажа дека има слабости (ВИДЕО)

Возилата на електричен погон  имаат распоред на најголем дел од тежината во подвозјето и со тоа да имаат подобар центар на гравитациска положба од класично управуваните автомобили.

Сепак , шпанскиот портал km77 го зема Јагуар I-Пејс, светски автомобил на годината, на добро познатиот тест за избегнување на конуси. Тестот не помина добро, не заради самата архитектура на возилото, туку заради електрониката, која во голема мерка ја наруши динамиката на возилото во маневар на ненадејна промена на правецот.

Бидејќи дошло до ненадејно блокирање на предното тркало од страната на возачот и автомобилот се лизнал неколку метри, јасно е дека кросоверот паднал на тестот.

Турскиот ,,Робин Худ” им ги отплаќа долговите на сиромашните

Никој не знае кој е човекот што им ги плаќа долговите на сиромашните во Истанбул , а тој открил само дека сака да заслужи благослов од Бога.

Анонимен добротвор минува низ сиромашните населби во Истанбул, Турција и ги исплаќа долговите на граѓаните во локалните продавници или им остава пари на прагот. Сето ова се случува во време кога јавноста се повеќе се грижи за растот на бројот на самоубиствата, што се припишува на опаѓање на животниот стандард и драстичното зголемување на цените.

Жителите на Тузла, населба од работничката класа на азиската страна на градот, каде се наоѓа бродоградилиштето, беа воодушевени минатата недела кога откриле дека нивните долгови се исплатени во неколку продавници. Но, тие не знаат кој е добротворот, пишува „Гардијан“.

- Некој дојде и ме замоли да му покажам тетратка каде што ги запишувам долговите на моите муштерии. Четири лица имаа многу големи суми и му кажав каде живеат. Тој се врати откако разговараше со нив и им ги исплати долговите. Исто така, дознав дека тој им дал некои пари на повеќе семејства. Го прашав за неговото име, но тој само ми рече - викај ме Робин Худ - изјави сопственикот на продавницата  Демирен Коакун Јилмаз за турските медиуми.

Цените на храната и домувањето се зголемија од паѓањето на турската лира минатата година, и иако инфлацијата опадна, невработеноста сè уште расте, при што цената на електричната енергија се зголеми за десет пати од минатата година.

Се тврди дека истиот добротвор во март годинава оставал коверти од по 1.000 лири пред вратите на сиромашните семејства низ градот. Тој исто така во јуни отплати долг од 25.000 лири во разни продавници .

- Човекот ми рече дека дошол да ги исплати долговите на оние што не можеле тоа да си го дозволат. Јас работам тука веќе 30 години и го искусив ова за прв пат. Муштериите беа многу среќни и сакаа да го запознаат, но не знам кој беше тој. Не сакаше да се претстави и рече дека го прави тоа за да заработи благослов од Бога – изјави Тунгај Јашар, трговец во населбата Тузла.

Ford vs Ferrari по само една недела од премиерата , ги урива рекордите (ВИДЕО)

Иако се прикажува помалкуод една недела во кината , филмот Ford vs Ferrari и критичарите и публиката го прогласија за феномен на годината.

Филмот Ford vs Ferrari ја следи приказната на возачот на тркачки автомобили Кен Мајлс ( Кристијан Беил) , кој се здружил со американски дизајнер на автомобили Керол Шелби (Мет Дајмон) , за да направат револуционерен автомобил на Форд , кој на трка би го победил легендарниот Ферари.

Но, филмот не е само за врвните автомобили, туку се работи и за комплицирани меѓучовечки односи, а благодарение на емотивниот набој, филмот заработи 31 милиони долари по првиот викенд и 92 проценти на Rotten Tomomat.

Доби пофалби и од критичарот на „Форбс“, Марк Хјус.

„Не мора да го сакаш Форд за да навиваш за него. Всушност, не мора да сакаш тркачки автомобили за да бидете воодушевени од овој филм. Ќе ти го зграби срцето на прв поглед и нема да го пушти. Приказната ја носат ликовите и е полна со убави конфликти. Автомобилите овде ја претставуваат амбицијата, имагинацијата, храброста и волјата на патот полн со пречки и ривали обидувајќи се да ги уништат надежите и судбините на оние кои се осмелија да сонуваат големи соништа “, пишува тој.

Судејќи според коментарите на луѓето кои го гледале филмот, и публиката се согласува.

На 18 години основа компанија, денеска го продаде својот дел за 600 милиони долари

Кајли Џенер денеска го продаде својот дел во компанијата Kylie Cosmetics за 600 милиони долари на конгломератот Coty Inc.

Така, Коти, сопственост на европската компанија JAB Ltd., се здоби со контролен пакет од 51% бо компанијата што Кајли ја основа на само 18 години. Волстрит Џурнал пишува дека Кајли ќе продолжи да биде заштитен знак на марката, која ќе се преименува во Kylie Beauty.

Вредноста на марката се проценува на околу 1,2 милијарди долари. Во изјавата на Коти се вели дека марката се очекува да генерира продажба од околу 200 милиони долари оваа година. Coty ги опфаќа брендовите како OPI, Cover Girl, Clairol ...

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

chill days in my @adidasOriginals #createdwithadidas #STANSMITH #HOMEOFCLASSICS #adidasambassador

A post shared by Kylie ♥️ (@kyliejenner) on

Кајли оваа година ја доби титулата најмлад милијардер што сам го стекнал богатството.

Првата милијарда ја заработила на само 21 година, со што го надмина дури и Марк Цукерберг, која ја заработи својата прва милијарда на 23 години. Првата работа на Кајли и дојде со семејното реално шоу Keeping Up With Kardashians. Имаше само девет години кога шоуто почна да се емитува. Сега, на 16-та сезона од шоуто, Кајли го промовира нејзиното реално шоу „Животот на Кајли“, кое накратко се емитуваше во 2017 година.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

pretty in pink 💓

A post shared by Kylie ♥️ (@kyliejenner) on

Во 2013 година, кога имала само 15 години, Кајли ја лансираше својата линија за облека PacSun со нејзината сестра Кендал. Брендот оттогаш се прошири на продавниците во САД и низ светот. Постојат 390 локации во САД и 975 локации низ целиот свет.

Потоа, таа ја основа Кајли Козметикс, нејзиниот најуспешен проект.

Марката најпрво се викаше Кајли Лип Кит, но кога Кајли призна дека ги зголемила усните, името на компанијата наскоро се смени. Компанијата продаде козметика во вредност од околу 630 милиони американски долари во првите две години.

Производството, амбалажата и продажбата се доставуваат до други приватни компании. За финансискиот и ПР аспект на брендот се грижи мајката на Кили, Крис Џенер, која добива 10% хонорар за управување.

Во 2018 година, приходите на компанијата пораснаа за 9 проценти, на проценетите 360 милиони американски долари, во голема мерка благодарение на договорот за ексклузивна дистрибуција со продавниците на „Улта“. За само шест недели од лансирањето на марката Кајли во Улта, козметиката доби вредност од околу 54,5 милиони долари.

Голем дел од промоцијата на Кајли за нејзиниот бренд се прави преку социјалните мрежи, особено Instagram, со повеќе од 150 милиони луѓе кои ја следат.

притисни ентер