ОН : Драматично опаѓа бројот на деца на Балканот

Драматичен пад на бројот на населението во земјите на југоисточна Европа , пред се поради иселување на младите , ја загрозува способноста на овие земји да обезбедат социјална заштита , предупредија денеска Обединетите нации.

Според најновата проценка на ООН, 9 од 10-те земји со најбрзо опаѓање се во Источна и Југоисточна Европа, изјави Алана Армитаж, директор на Фондот за население на ООН за Источна Европа и Централна Азија, за Ројтерс.

ООН проценува дека до 2050 година Бугарија ќе изгуби четвртина од сегашното население и дека сите околни земји ќе го загубат голем број од своето население во наредните децении.

„Со помалку деца и голема емиграција, населението во Југоисточна Европа се намалува и старее, а за разлика од Западна Европа, нема тенденција на имиграција да ја пополни празнината“, рече Армитаж.

Во повеќето земји од Југоисточна Европа, помеѓу 1995 и 2035 година, процентот на луѓе над 65 години ќе биде двојно поголем, а во некои, три пати од сегашниот број , проценува ООН.

Помалку работоспособно население го поставува прашањето за одржливоста на сегашниот систем на благосостојба, вклучувајќи ги и пензиите, рече Армитаж.

Армитаж смета дека подобрата грижа за децата, пофлексибилното работно време, породилното отсуство за двајцата родители се некои од решенијата за решавање на демографскиот проблем.

Американскиот Конгрес истражува дали Трамп лажел во сведочењето за руското влијание во 2016

Претставничкиот дом на Конгресот на САД испитува дали претседателот Доналд Трамп лажел во писменото сведоштво дадено на специјалниот известувач Роберт Мулер како дел од затворената истрага за влијанието на Русија на претседателските избори во 2016.

Правната служба на Претставничкиот дом му соопштила  на Федералниот суд во Вашингтон дека пратениците испитуваат дали писмените одговори на Трамп на федералните иследници биле лажни, пренесува Си-Ен-Ен.

Портпаролката на Судскиот комитет во Домот досега не ги коментираше овие обвинувања.

Мулер се пријави пред американскиот јавен обвинител Вилијам Бар во март, по скоро двегодишната истрага што фрли светлина врз руската помош на тогашниот претседателски кандидат Доналд Трамп, хакерството и пропагандата и бројните контакти на членовите на изборниот штаб на Трамп со Москва.

Поранешниот заменик началник на канцеларијата на кампањата на Трамп, Рик Гејтс, минатата недела сведочеше дека персоналот на Трамп сакал да остане во чекор со објавувањето е-пошта, потенцијално штетна за демократскиот ривал Хилари Клинтон.

Таа изјава е во конфликт со документот што Трамп го достави до Мулер.

Клинтон, тогашна демократска кандидатка за Белата куќа, беше критикувана откако беше откриено дека таа ја користи својата приватна е-пошта во службени цели, а подоцна беше откриено дека некои пораки содржат доверливи информации.

Помпео најави санкции за ирачки функционери

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека САД се подготвени да воведат санкции за ирачките функционери кои ја ограбија државата и кон оние што се одговорни за смртта на демонстрантите.

„Нема да застанеме додека ирачките власти прават народот да страда“,рече Помпео пред новинарите на прес конференцијата во Стејт департментот, пренесува Ројтерс.

Помпео изјави дека САД ќе го користат правниот орган за санкционирање на корумпираните лица и оние кои повредуваат и убиваат мирни демонстранти.

Чавушоглу: Турција би можела да почне нова офанзива во Сирија

Турскиот министер за надворешни работи , Мевлут Чавушоглу рече дека е можна нова акција во Сирија за да се ,,исчисти” северниот дел од Курдите.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави денеска дека Анкара ќе започне нова воена операција во североисточна Сирија, доколку тој простор  не биде „расчистен“ од терористите.

Чавушоглу рече дека САД и Русија не го сториле тоа што е потребно според договорот поради што беше прекината турската операција во Сирија минатиот месец, пренесува Ројтерс.

притисни ентер