Саем на кариера и вработување во вторник на платото на УКИМ

Саем на кариера и вработување 2019 ќе се одржи на 22 октомври, вторник, од 11 до 14 часот, на платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје.

Агенцијата за млади и спорт обезбедила над триесет домашни компании, младински организации, агенции за вработување, едукативни центри и понуди за младински поволности.

Саемот, како што соопштија од Агенцијата за млади и спорт, е наменет за сите млади што бараат практика, работа, можности за вмрежување, младински активизам, ИТ-едукација, програми за работа надвор од државата, проекти „Еразмус+", тренинзи, работилници, преквалификација и доусовршување.

Идејата е младите да дојдат со својата кратка биографија во печатена или електронска форма и да искористат некоја од можностите./МИА

Огромен помор на птици покрај езеро во Индија (ВИДЕО)

Никој не знае што можело да бисде причината за смртта на најмалку 2 400 птици , кои денеска се најдени угинати покрај брегот на соленото езеро Самбар во северозападната индиска држава Раџастан.

Шумските служби пронашле околу 2.400 мртви птици во езерската област, вклучувајќи и 20 преселни видови кои секоај година доаѓаат на местото.

„Овие птици преселници мигрираат низ средноазиската рута, која опфаќа региони како Сибир, Монголија, Иран и Авганистан“, рече шефот на шумската служба Аган Прасад.

На фотографиите на езерото Самбар се гледаат стотици мртви птици. Властите сè уште не откриле што го предизвикало поморот на птиците. Една од претпоставките е дека тоа се должи на високите концентрации  на соли и алкални материи во водата.

„Примероците од езерската вода беа испратени на анализа“, рече Ашок Шарма, директор на Државниот дијагностички центар.

"Во овој момент, се сомневаме дека причина за смртта на птиците е високото ниво на токсичност и соленост на водата. Ќе знаеме повеќе кога ќе пристигне извештајот", додаде тој.

Иако ова езеро е премногу солено за многу видови животни, околу него се собираат јата фламингоси, штркови, шљуки и слични птици. Не е познато точно кои видови птици починале. На снимките се гледа како работниците собираат мртви птици и ги ставаат во камион за погребување.

Снаата на Цеца во розово ја прослави девојачката вечер (ВИДЕО)

Србија е во очекување на ,,свадбата на векот” , а до тогаш , снаата на Цеца, Богдана Родиќ, објави фотографии и видеа од девојачката вечер.

За 11 дена се жени  Вељко Ражнатовиќ, син на турбо фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ - Аркан.

Откако со недели го чекаа полнолетството на Анастасија, Србите сега внимателно ги следат сите вести за свадбата на Ражнатовиќ со неговата бремена девојка, Богдана Родиќ.

Вечерва е моминската ноќ на Богдана, а социјалните мрежи се полни со слики и фотографии.

Идната невеста се забавува  со Анастасија Ражнатовиќ, нејзините сестри и пријателки, а прославата започна во лимузина. Сите беа облечени во бели наметки, додека Богдана носеше розова. Ова за некои беше доволен знак, дека таа треба да роди женско бебе.

Балони, цвеќиња, украси, свеќи, храна и музика ги  пречека во вилата каде се спавече во чест на идната госпоѓа Ражнатовиќ.

Киа го претстави концептот на новото електрично возило (ВИДЕО)

Киа го претстави Футурон , електричен СУВ во форма на купе со 4WD погон.

Името Futuron го сочинуваат англиските зборови, што значи иднина и светло, а во Кина велат дека тоа ја претставува електричната природа на идниот SUV дизајн на овој сè попопуларен бренд на автомобили. Однадвор, се карактеризира со динамични линии на нагласен купе дизајн, создаден во дизајнерскиот центар на Киа во Кореја.

Футурон се заснова на концепт за дизајн „360 степени“ кој се карактеризира со чисти, мазни линии без непотребни украси. Затегнатите и флуидните линии му даваат елегантен и аеродинамичен изглед.

Концептот е долг 4850 мм и 1550 мм висок, што значи дека е подолг и понизок од Соренто, најголемиот модел на корејската компанија.

Технолошки гледано, концептот има 4 нивоа на автономно возење. Се напојува со четири електрични мотори , напојувани од батерии поставени на подот.

Ова овозможува да се создаде пространа и прилагодлива кабина. Предните седишта се изработени од современи  материјали и можат да бидат поставени во исправена позиција на „тркалање“ или во мирување кога се навалени наназад. Со активирање на автономно возење, предните седишта се наведнуваат наназад додека контролниот прстен се движи кон контролната табла.

Графичкиот интерфејс на кокпитот (GUI) се појавува од вратата од страна на возачот и се обвиткува околу воланот како лак. Интерфејсот се управува со технологија на вештачка интелигенција, каде прикажува корисни информации за автономно возење и навигација, што обезбедува уникатно корисничко искуство.

Иако сериското производство на Futuron сè уште не е потврдено, некои од неговите решенија на Kia сигурно ќе се користат во идните модели.

притисни ентер