Мондолони: Франција е за старт на преговорите, но откако ќе бидат исполнети условите

„Преспанскиот договор е значителен чекор напред“.

Франција не е против започнување преговори за членство во ЕУ со Македонија и Албанија, но потребно е да се исполнат два услови, кои се многу важни прашања – за Македонија тоа е прашањето за Специјалното јавно обвинителство, а за Албанија правосудните реформи, изјави директорот за континентална Европа во француското Министерство за надворешни работи, Фредерик Мондолони за „Еуропеан Вестерн Балкан".

– Не станува збор само за француската позиција. Европскиот совет е поделен по ова прашање. Некои земји се залагаат за започнување на преговори со двете земји, а други сакаат отворање на преговори само со едната од нив. Некои земји вклучуваат и билатерални прашања во процесот, вели Мондолони одговарајќи на прашањето во врска со француското противење на започнувањето преговори со Македонија и Албанија.

Тој нагласува дека Франција, исто така, бара реформи и на процесот на преговори, особено во делот со владеењето на правото, што, како што вели, е сериозен проблем, не само со кандидатите за членство, туку и со некои земји членки на ЕУ.

– Потребни ни се реформи на таа политика и тоа е амбициозна програма, но исто и определба на францускиот претседател. Актуелниот француски претседател е посветен на европските перспективи, но тој бара тие да бидат кредибилни и сака Западниот Балкан да биде дел од еден функционален клуб, вели Мондолони.

Запрашан каква порака се испраќа до другите балкански земји со тоа што не е донесена одлука за старт на преговорите на Македонија, која направи значителен чекор напред со решавањето на спорот околу името со Грција, Мондолони вели дека земјата „треба да биде сериозна со реформите".

– Преспанскиот договор е значителен чекор напред. Ние тоа јасно го нагласивме, но тоа не беше единствениот услов што беше поставен во јуни 2018 година за отворање на пристапниот процес. Разговаравме за тоа прашање минатата година и повторно ќе го сториме тоа оваа година, вели Мондолони.

Тој нагласува дека „ова не е крај на приказната и не е крај на процесот" на проширување.

– Западниот Балкан има европска перспектива и ние работиме во таа насока. Мораме да бидеме кредибилни и одговорни, наведува Мондолони. /МИА

Манекенка исчезнала лани, телото ѝ го нашле во друга држава- ја препознале по тетоважите

Телото на манекенката Кајкан Каенакам (31) е пронајдено во Бахреин, една година по нејзиното исчезнување.

Нејзиното тело било во мртовечница, а полицијата успеала да ја идентификува преку тетоважите.

Минатата година се преселила во Бахреин и почнала да работи во ресторан за да го издржува семејството откако кариерата ѝ пропаднала.

Манекенката редовно објавувала фотографии и видеа од својот живот на социјалните мрежи, а потоа одеднаш мистериозно исчезнала.

Нејзината последна објава била во април минатата година, а нејзиното исчезнување предизвика голема паника кај Тајланѓаните.

Членовите на нејзиното семејство со месеци се обидувале да ја најдат, а во потрагата се вклучила и амбасадата на Тајланд.

На 18 април, тајландската амбасада во Бахреин го известила нејзиното семејство дека нејзиното тело е пронајдено.

Во обдукцискиот извештај е наведено дека таа починала поради акутен пулмонален и срцев удар предизвикан од труење со алкохол.

Интернет сензација: Никој не може да поверува колку е стар (ВИДЕО)

Овој жител на Сингапур е вистинска интернет сензација.

Кога ќе ги видите неговите фотографии, ќе сфатите зошто се здоби со популарност, но има уште еден – многу поинтересен „детал“.

Чуендо Тан редовно објавува свои фотографии на Инстаграм и на други платформи, а луѓето не можат да поверуваат дека тој има 58 години.

Да, добро прочитавте. Овој човек е стар повеќе од половина век, а не би му дале над триесет. И тоа е многу!

Чуендо е роден во 1967 година, а своевремено работел како модел, пеел и глумел.

Успешно се занимава со модна фотографија и ја води својата агенција AVE Management.

Младешкиот изглед го одржува со редовни тренинзи, а особено внимава што јаде.

Патнички авион се излизга од пистата и заврши во нива (ВИДЕО)

Бразилски деловен авион во сопственост на приватна фармацевтска компанија полетал од аеродромот Чапеко до аеродромот Ерехим, на само петнаесет минути лет, и се излизгал од пистата за време на слетувањето.

Луксузниот Learjet 75 на фармацевтската компанија CIMED, регистриран под ознаката PP-DYB, полета со дел од раководството кон дестинацијата на облачно време во 13:35 часот. Авионот поминал само 13 минути во воздух и се вратил на аеродромот.

Меѓутоа, наместо да слета без проблем, авионот завршил од пистата на аеродромот Команданте Краермер во Ерехим.

За среќа, сите патници биле безбедно евакуирани, а CIMED, компанијата која го поседува овој луксузен авион, излезе со соопштение дека „сите патници се добро и нивната безбедност е приоритет на компанијата“.

Видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува моментот кога авионот ја „напушта“ пистата на аеродромот.

Претседателот на компанијата, Жоао Адибе Маркес, објави дека истрагата ќе ја спроведе Регионалната служба за истрага и спречување на авионски несреќи.

Тој нагласи дека се надева оти истрагата ќе биде завршена што е можно поскоро.

Во несреќата која завршила со сериозни оштетувања на деловниот авион, еден од двајцата членови на екипажот и тројца патници се здобиле со полесни повреди што биле санирани на лице место, пренесува G1Globo..

притисни ентер