Почна најголемата културна операција - Делата на Леонардо да Винчи патуваат во Лувр

Италијанскиот правен систем вчера го отфрли барањето за забрана и одобри делата на Леонардо да Винчи да бидарт префрлени во Лувр на зиложба , а меѓу нив и најславниот цртеж на ,,Човекот од Витрувиј” .

По повод 500. годишнина од смртта на големиот уметник, во Лувр ќе биде отворена најгоелмата до сега изложба со сите достапни дела на овој најголем ренесансен мајстор и изумител.

,,Големата италијанско-француска културна операција на две изложби: на Леонардо во Париз и Рафало во Рим сега може да започне“, објави италијанскиот министер за култура Дарио Франческини на Твитер.

Италијанското судство во средата го одобри зајмувањето на неколку дела на Леонардо на парискиот Лувр, меѓу кои и цртежот ,,Човек на Витрувиј”, отфрлајќи го барањето на италијанската Ностра во кое се бараше цртежот да не ја напушти Италија.

Судот пресуди дека тврдењето на тоа здружение за заштита на културното наследство не било доволно јасно.

Според договорот потпишан од француските и италијанските министри за култура, Рим ќе му позајми на музејот во Париз пет дела на Леонардо да Винчи за големата изложба во знак на сеќавање на петте векови од смртта на мајсторот на ренесансата (1452-1519), што ќе се одржи во Лувр од 24 октомври до 24 февруари 2020 година.

Покрај ,,Човекот од Витрувиј”, чуван во „Галерија дел Академија“ во Венеција, во Париз ќе има вкупно седум дела, покрај 13 други претходно одобрени од други италијански музеи.

За возврат, петте дела на Рафало - две слики и три цртежи ,кои се чуваат во Франција ќе бидат позајмени за изложбата на делата на Рафаело во палатата Квиринале во Рим во март 2020 година.

Претходната италијанска влада, во која екстремно десничарската партија Лига Матео Салвини имаше големо влијание, не беше склона да подарува дела за изложбата во Лувр и инсистираше на тоа дека Леонардо да Винчи е првенствено Италијанец, иако во последните три години од животот живеел во Франција на покана на кралот Френсис I.

Заменик министерот за култура во поранешната влада, Лусија Боргонзони, блиска до Салвини, во тоа време рече дека Леонардо бил „голем Италијанец иако неговите браќа од другата страна на Алпите сакале да го претстават како Французин“.

Цртежот ,,Човекот од Витрувиј” , именуван според античкиот римски архитект Витрувиј, прикажува човек во две позиции што се преклопуваат, со продолжени раце и нозе, со круг и квадрат опишани околу нив. Овој цртеж, наречен Закон на пропорциите на човекот, само повремено се прикажува во јавноста.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер