Во Велес отворен 17 Меѓународен салон на стрип-„Велес 2019"

Стрип центарот на Македонија синоќа во ликовниот салон во Велес го отвори 17 Меѓународен салон на стрип –„Велес 2019" на кој на  24 паноа се претставени 30 автори. 

Со една до шест страни по автор изложени се дела на слободна тема пристигнати на меѓународниот стрип конкурс. Изложени се и дела од Втората меѓународна стрип колонија која во Велес се одржа од 21 до 25 август на која учествуваа 16 автори од Финска, Хрватска, Словенија, Србија, Грција и од нашата земја.

Како што информира за МИА, Ване Трајков претседател на СЦМ-Велес годинава на меѓународниот стрип конкурс пристигнале 175 стрип дела од цел свет.

Тој појасни дека ќе биле и повеќе да не била објавена веста дека годинава поради финансиски средства нема да се додели првата наградата Гран при вредна 200 евра, бидејќи подржувачите на манифестацијата Министерството за култура и Општина Велес ги намалиле средствата.

Трајков апелира до донаторите догодина да изнајдат начин и да го финансираат доделувањето на традиционалната првата награда Гран при со што ќе го задржат интересот на стрип авторите од цел свет да се пријавуваат на меѓународниот стрип конкурс.

-Тоа беше причина годинава да има помалку пристигнати дела за разлика од минатите години кога беа и над 300 стрип дела од цел свет, вклучувајќи ја и Австралија. Ние како организатори сепак сме задоволни од пристигнатите дела посебно од велешки стрип автори од сите генерации каде стрипот е се' повеќе популарен. Поради тоа и ние како иницијатори за развивање на стрип културата во земјава сме посебно горди, истакна Трајков.

За разлика од изминатите години кога на отворањето на Меѓународниот салон на стрип беа врачувани сите награди, годинава наместо во Велес истите да ќе бидат врачени во Скопје, на 30 октомври во Домот на културата „Кочо Рацин".

Ковачки: Подаваме рака на секој кој сака да стави крај на владеењето на ДУИ и нивните измеќари

Резултатот од првиот круг на претседателски избори е одговор на криминалните политики и предавањето на ДУУ, разликата е поголема од гласовите кои ги доби Стево Пендаровски. 

Резултатот е одговор на сите лоши политики, одговор на скандалите како Онкологија, модуларна болница во Тетово каде живи гореа луѓе, на не казнување на криминалот, рече Драган Ковачки, носител на листа на пратеници во изборна единица 3 на вечерашната дебата на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина.

Според Ковачки промените се можни и тргнаа со првиот круг на претседателски избори.

„И ова ќе биде потврдено на 8 мај, како што ветивме беа згазени, а сега очекуваме поддршка од сите. Ние подадовме рака на секој субјект само да ја поразиме ДУИ и нивните измеќари СДС, мора да се стави крај на корупцијата, криминалот и продажбата на државата. Мора да се стави крај на крадењето и распродавањето на државата. Јасно е дека народот сака да си ја врати Македонија и ќе излезат уште помасовно на 8 мај“, вели Ковачки.

Ковачки се осврна на се што е направено и што ветува ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ го направи автопатот до Штип, патот до Кочани, експресен пат Штип-Радовиш кој е финансиран од претходна влада на ВМРО-ДПМНЕ. Сега ние предвидуваме нова клиничка болница во Штип, експресен пат од Кочани до Делчево до граница и многу други проекти. За разлика од претходна влада на ВМРО-ДПМНЕ, СДС нема направено ништо, се е организирано уште во време на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Ковачки.

Тошковски: СВР Охрид во нов објект, што треба да се реконструира со помош на идната Влада

Во рамки на посетата на СВР Охрид и средбата со градоначалникот на Охрид пред неколку дена ја зачнавме идејата за дислокација на СВР Охрид во нов објект кој треба да се реконструира.

Во рамки на посетата на СВР Охрид и средбата со градоначалникот на Охрид пред неколку дена ја зачнавме идејата за дислокација на СВР Охрид во нов објект кој треба да се реконструира, а на местото на постоечкиот објект, да биде изграден подземен паркинг и парк кој ќе биде уште едно место за рекреација на граѓаните на Охрид.

Во тој контекст денеска заедно со градоначалникот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер, Христијан Мицкоски на лице место му ја презентиравме замислата за овој проект, а за чија реализација несомнено ќе треба поддршка од идната Влада.

Од негова страна добивме уверување дека ќе даде целосна поддршка на проектот со цел да се овозможи поголем комфор во централното подрачје на Охрид каде особено за време на летната туристичка сезона има голема фреквенција на луѓе, а во исто време на полициските службеници кои работат во СВР Охрид ќе им бидат овозможени подобри услови за работа и посоодветна локација од која многу полесно и поефикасно ќе ги извршуваат своите работни задачи, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на ФБ.

Исчезна богата 16- годишна наследничка од Калифорнија- ќерка е на основачот на " Slack"

Наследничка на богатството од 1,6 милијарди долари исчезнала и се стравува дека била во една од најпознатите криминални населби во Сан Франциско.

Минт Батерфилд (16), ќерка на богатиот бизнисмен Стјуарт Батерфилд, последен пат била видена во неделата вечерта околу 22 часот во Болинас, Калифорнија.

Нејзиното исчезнување го пријавила нејзината мајка следното утро, пишува Daily Mail.

Тинејџерката посетувала приватен интернат во блиската долина Напа, а сега се стравува дека е во озлогласената градска населба Тендерлоин.

Оваа населба со децении е синоним за злоупотреба на дрога, криминал и бездомништво.

Канцеларијата на шерифот на округот Марин објави флаер за исчезнато лице, со фотографија на Минт.

Според Сан Франциско Стандард, Минт има историја на злоупотреба на супстанции и е познато дека често го посетува Тендерлоин. Полицијата се уште не соопштува дали таа доброволно си заминала и дали има некакви сугестии дека била задржана против нејзина волја.

Нејзиниот татко е ко-основач на апликацијата за пораки Slack и моментално вреди 1,6 милијарди долари.

Slack го купи Salesforce во 2021 година за 28 милијарди долари, а Батерфилд ја напушти компанијата во 2022 година.

Нејзините родители се разведени, а Минт живеела со нејзината мајка во моментот на нејзиното исчезнување.

притисни ентер