ИЈЗ: Регистриран сомнителен случај на мали сипаници

Сомнителен случај за мали сипаници е регистриран изминатата недела. За време на инкубација лицето престојувало во странство и припаѓа на возрасната група од 20 до 29 години. 

Во тек се лабораториски испитувања. Заклучно со денеска вкупниот број регистрирани случаи на мали сипаници во државава изнесува 1.900, со стапка на заболување од 91,8 на 100.000 жители. Се уште е во тек е епидемија на мали сипаници на територијата на цела држава, стои во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.

Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 24 градови. Најголем број се регистрирани во Скопје – 997, а највисока инциденца се регистрира во Струга – 165,1 на 100.000 жители. Возраста на заболените се движи од еден месец до 63 години. Најголем број заболени се на возраст над 30 години – 852 (44,9 отсто), а највисока инциденца од 1.399,1 на 100.000 жители се регистрира кај децата на возраст под една година.

Според вакциналниот статус, 1.529 (80,5 отсто) од заболените се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Според резултатите од примероците испратени во референтната лабораторија за мали сипаници во Луксембург, циркулира генотипот B3 Dublin кој циркулира и во соседните држави.

Во 40-та недела во државата вакцинирани се вкупно 1.580 деца (предучилишна и училишна возраст). Вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата држава изнесува 41.013 (во вкупниот број на вакцинирани се вклучени пропуштените и редовно вакцинираните деца со МРП вакцина). Од почетокот на епидемијата досега, во центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани 6.288 дози на вакцина, од нив повеќе од 60 отсто се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, а останатите се лица на возраст од над 14 години. /МИА.

Уште два смртни случаи во Јапонија по земање додатоци во исхраната

Уште два смртни случаи, а повеќе од 100 хоспитализирани во Јапонија по земање додатоци во исхраната.

Уште два смртни случаи се поврзани со конзумирање на додатоци во исхраната направени од црвен квасец, соопшти денеска компанијата „Кобајаши“.

Јапонското Министерство за здравство вчера соопшти дека смртта на две лица и повеќе од 100 хоспитализации во Јапонија се поврзани со конзумирање на диететски додатоци во исхраната од црвен квасен ориз од фармацевтската компанија „Кобајаши“, пренесува Кјодо.

Производител на лекови од Осака вчера соопшти дека едно лице починало од бубрежна болест откако очигледно земало додатоци „бени-коџи“ околу три години.

Вториот смртен случај е пријавен во Министерството за здравство, труд и социјала по отворена истрага во компанијата.

Министерството се сомнева дека производите содржат токсична супстанција, но компанијата засега не може да ја утврди конкретната причина.

„Кобајаши“ минатиот петок рече дека добил извештаи за болести поврзани со неговите производи и дека повлекол од пазарот пет од нив, вклучително и околу 300.000 пакувања од неговите додатоци „бени-коџи“.

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ „Македонија, достоинствено исправена пред светот“

Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје синоќа организираше отворена трибина за учеството на Македонија во меѓународните односи, враќањето на дигнитетот на дипломатијата и заштита на македонските национални интереси .

Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје синоќа организираше отворена трибина за учеството на Македонија во меѓународните односи, враќањето на дигнитетот на дипломатијата и заштита на македонските национални интереси на меѓународната политичка арена, под наслов „МАКЕДОНИЈА, ДОСТОИНСТВЕНО ИСПРАВЕНА ПРЕД СВЕТОТ“.

Професор д-р Гордана Силјановска Давкова ја критикуваше нефункционалноста на постоечката дипломатија поради дискомуникација меѓу претседателот, министерот за надворешни работи и Собранието. Таа укажа дека мора да се врати фокусот на мултилатералната дипломатија и борбата за национални интереси преку меѓународните организации и институции со почитување на европското право и сите релевантни документи во врска со малцински и човекови права. Исто така, таа навести користење на институтот реципроцитет во иднина, како базичен национален приоритет во односите со други држави.

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Силјановска Давкова како нужно укажа на неопходноста на враќање на функционалноста на македонската дипломатија, пред се преку зацврстување на системот за вреднување на работата на дипломатите, нивното кариерно унапредување и упатување на служба во странство според заслуги и искажани способности и дипломатски вештини

Поранешниот претседател д-р Ѓорге Иванов врз основа на своето искуство ја потенцираше важноста од повторно воспоставување на нарушениот баланс помеѓу законодавната, извршната и судската власт. Извршната власт ги има киднапирано ингеренциите на Собранието, претседателот и правосудството сведувајќи ги на улога на своевиден сервис на Владата. Тоа резултира со редица нестручни, погрешни и неквалитетни одлуки, кои многу ја чинат државата. Враќањето на балансот на ингеренциите помеѓу нив ќе биде клучен елемент за координирано настапување на државните чинители и успех на домашен и на надворешен план.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика во Собранието и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски се осврна на актуелните слабости во Министерството за надворешни работи кои со геометриска прогресија се зголемуваат последните седум години. Покрај бројните прекршувања на законот од страна на министерот Османи, тој ги потенцираше прекршувањата на процедурите за упатување на амбасадори во странство, масовното партиско впумпување кадри и отстранувањето на најспособните дипломатски кадри од тековните процеси, нарекувајќи го Кабинетот на Османи „чајна кујна“ со само неколку луѓе, каде што одлуките се носат независно од структурата на МНР. Тој најави ревизија, односно враќање на незаконски испратените амбасадори од странство.

Трибината предизвика интерес во стручната јавност и присуство на голем број сегашни и поранешни дипломати и пратеници.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Путин: Ловците Ф-16 ќе бидат легитимна цел за Русија, како и аеродромите од кои полетуваат

Доколку американските ловци Ф-16 учествуваат во конфликтот во Украина, полетувајќи од аеродромите во трети земји, тие аеродроми ќе станат легитимна цел на руската армија, предупреди рускиот претседател Владимир Путин.

За време на посетата на Тверската област, Путин потсети дека борбените авиони Ф-16 можат да носат нуклеарно оружје и нагласи дека Москва „ќе мора да го земе тоа предвид“.

Тој порача дека ловците Ф-16 доколку бидат вклучени во конфликтот, руската војска ќе ги уништи тие авиони „исто како што ги уништува нивните тенкови, оклопни возила и друга опрема, вклучително и повеќе ракетни системи“.

Путин оцени дека ловците Ф-16, доколку западните земји ги испорачаат на Украина, нема да можат да ја променат ситуацијата на бојното поле.

притисни ентер