Канал 5 одбележува 21 година од своето постоење

Канал 5 денеска одбележува 21 година од своето постоење во македонскиот етер.

Со бројни гости од јавниот, политичкиот и општествениот живот, Канал 5 го прослави 21. роденден со голема забава во хотелот „Гранд Плаза”.

Телевизијата која во 1998 година стартуваше како скопска локална телевизија, за брзо време се здоби со национална фреквенција и стана национален бренд и лидер во македонскиот медиумски простор.

Канал 5 е рекордер според продукцијата на сопствена програма.Почнувајќи од Утринската, преку Информативната се до Забавните програми, телевизијата секојдневно и макотрпно работи за да ја оправда вашата доверба.

Приоритет беше и останува брзото и точно информирање на граѓаните за случувањата во земјата и светот, како еден од основните постулати на медиумите во демократските општества. Прославата на роденденот се одржува вечерва во хотелот „Гранд Плаза”..

Честитки за роденденот на телевизијата упатија премиерот Зоран Заев, кој кажа дека Канал 5 е жив сведок и меморија на развојот на земјава од независноста до сега, додека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски порача дека Канал 5 изминатите 21 година покажа храброст и успешно ги совлада предизвиците низ годините.

Честитка упати и Претседателот Стево Пендаровски кој Канал 5 ја нарече важен хроничар на случувањата во државата.

Мицкоски: Со сила, труд и постојаност одново ќе ја донесеме обновата на Македонија

Одново сме пред голем предизвик, овој пат судбоносен за иднината на нашата земја. И има две работи кои се јасни, првата, никогаш нашиот народ не живеел потешко време, и втората….Ќе паднат!

,,Им се гледа крајот. Ќе паднат силно, ќе бидат поразени од народот, а ВМРО и народот ќе победат, а така ќе победи Македонија. А ова е тоа финале кога мора да се испорача цехот, цехот на сите неправди, прогони, ужасувања, за сите лаги и измами, за потта која остана неплатена, за сиромаштијата и тешкото време кое го донесоа, ова денеска од Прилеп на Денот на македонската револуционерна борба го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Заев: Се уште не се знае кој ќе биде технички премиер

Премиерот Зоран Заев рече дека во партијата сеуште не одлучиле кој ќе биде на чело на техничката Влада од 3. јануари.

За Заев важно е да не се закочат веќе почнатите процеси по 3. јануари , додека има два месеца и осум дена за да се избере техничкиот премиер.

Шекеринска: Благодарност до Сенатот, наскоро 30. членка на НАТО

Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска се надева дека Македонија наскоро ќе стане 30. членка на НАТО.

Шекеринска се заблагодари на американскиот Сенат за ратификацијката на пристапниот протокол.

притисни ентер