Косовските специјалци им забранија на играчите и на навивачите на Црвена Ѕвезда влез во земјата (ВИДЕО)

Припадниците на косовските специјални единици РОСУ , на граничниот премин со Србија,  Јариње, ги запреа автобусите со играчите и навивачите на Црвена Ѕвезда и им забранија влез на Косово.

Црвената Sвезда требаше да одигра натпревар од шеснаесеттиот финален куп на српското првенство во Косовска Митровица против ФК Трепча, српски клуб од северно Косово, кој се натпреварува во четвртата српска лига. Косовската фудбалска федерација се обидува да го спречи натпреварот веќе еден месец, а во пресрет на парламентарните избори минатиот викенд, беше забранета и делегација на „Црвена Sвезда“.

Од српскиот клуб биле информирани дека забраната е сеуште на сила, но откако Српската фудбалска федерација, организатор на натпреварот, ги потврди датумот и местото на натпреварот, Звезда се упати кон Косово. Неколку стотици членови на навивачката група Делии дојдоа со нив, но никој не смееше да влезе на Косово бидејќи фудбалската асоцијација на Косово, во меѓувреме, забрани да се  игра на територијата на земјата.

„Имаме забрана за влез на територијата на Косово. Ние не ја знаеме причината, но забраната беше издадена од косовската влада“, им изјави генералниот директор на Звезда, Звездан Терзиќ, на новинарите на границата.

Откако беше забранет влез во земјата, автобусот со играчи на Звезда се врати кон Белград.

Наместо шут за пенал , на стадионот на Интер слета падобранец (ВИДЕО)

Додека Лукаку се подготвуваше да шутира пенал за 3:1 на натпреварот на Интер против Сасуоло во италијанската Серија А, среде стадионот слета падобранец.

Човек со падобран одеднаш слета во центарот на стадионот Мапеи во Реџо Емилија. Слетувањето помина без проблеми и падобранецот веднаш беше изнесен од теренот и одведен во притвор.

Локалната полиција приведе 36-годишник од Милано, кој зад себе има повеќе од 900 скокови со падобран, а кој е обвинет за загрозување на општата безбедност. Новинската агенција АНСА соопшти дека еден човек се јавил во полициска станица и рекол дека има проблем со падобранот и бара место за безбедно слетување.

„Не знаев дека се одвива натпревар. Не сакав никого да повредам. Барав широк простор за да слетам“, изјави падобранецот.

Маскирани и вооружени хулигани го прекинаа мечот меѓу Олимпијакос и Бајерн (ВИДЕО)

Тежок инцидент се случи во јуниорската Лига на шампионите , кога натпреварот во Атина меѓу екипите на Олимпијакос и Бајерн беше прекинат од вооружени и маскирани хулигани.

Хулиганите кои го следат Олимпијакос , во 88-та минута од натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу младите на тој клуб и гостинскиот Баерн,маскирани истрчаа на теренот за да се справат со германските навивачи.

Тие ги нападнаа противничките навивачи со факели и палки, предизвикувајќи судијата да ја прекине играта.

Полициските службеници и чуварите сепак успеаја да го вратат редот на стадионот и на трибините, по што натпреварот заврши со победата на Баерн со 4-0.

Брутоално го претепа противникот, па се молеше за неговиот живот (ВИДЕО)

Еден од најбруталните нокаути годинава е забележан во познатата бразилска организација Future ММА на приредбата Jungle Fight 86 .

Џонас Билхарињо го нокаутираше Џуниор Дуарте со брутално летечко колено. Ривалот беше толку повреден што Билхарињо веднаш ја запре прославата, падна на колена и почна да се моли за Дуарте биде во ред.

За Билхарињо ова беше прва борба по три и пол години. Запиша седум победи во својата кариера, само еден пораз и едно реми. По неговиот единствен пораз, тој направи пауза до овој викенд , кој заврши со брутално претепување на  Дуарте.

притисни ентер