Владата ќе субвенционира набавка на инвертер клима уреди за домаќинства

Владата одвои 10 милиони евра за купување на високо ефикасни инвертер клима уреди со кои во 4 општини ќе се заменуваат печките за греење на дрва.

Со субвенции од 1000 евра по домаќинство за купување клима уреди Владата оваа зима ќе се бори со аерозагадувањето. Првата фаза од мерката ќе опфати 10.000 домаќинства од Скопје, Битола, Тетово и Кичево. Приоритет ќе се дава на семејствата со ниски месечни примања а кои се греат на дрва, нафта или други нееколошки деривати.

Аплицирањето за субвенциите ќе се врши електронски. За да нема злоупотреби, секое домаќинство ќе потпише договор со кое се обврзува старото грејно тело да не го враќа во функција, во спротивно ќе биде казнето.

За оваа мерка ќе се одвојат 10 милиони евра. Како образложение за овие субвенции, од владата потенцираа дека според последните анализи 90 отсто од загадувањето потекнува од загревањето на домовите.

Мицкоски: Со сила, труд и постојаност одново ќе ја донесеме обновата на Македонија

Одново сме пред голем предизвик, овој пат судбоносен за иднината на нашата земја. И има две работи кои се јасни, првата, никогаш нашиот народ не живеел потешко време, и втората….Ќе паднат!

,,Им се гледа крајот. Ќе паднат силно, ќе бидат поразени од народот, а ВМРО и народот ќе победат, а така ќе победи Македонија. А ова е тоа финале кога мора да се испорача цехот, цехот на сите неправди, прогони, ужасувања, за сите лаги и измами, за потта која остана неплатена, за сиромаштијата и тешкото време кое го донесоа, ова денеска од Прилеп на Денот на македонската револуционерна борба го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Заев: Се уште не се знае кој ќе биде технички премиер

Премиерот Зоран Заев рече дека во партијата сеуште не одлучиле кој ќе биде на чело на техничката Влада од 3. јануари.

За Заев важно е да не се закочат веќе почнатите процеси по 3. јануари , додека има два месеца и осум дена за да се избере техничкиот премиер.Посочи дека немаат ниту причина, ниту право, ниту обврска брзо да одлучуваат. – Крајот на декември ќе ја донесеме одлуката на координација во СДСМ, а потоа и со партнерите од коалицијата, кој ќе биде технички премиер, кој ќе биде дополнителни заменици министри во внатрешни и труд и социјална политика, а опозицијата ќе си одлучи за своите места, истакна Заев одговарајќи на новинарско прашање по официјалното означување на почетокот на изградба на фабриката на германската компанија „Герешајмер".

Шекеринска: Благодарност до Сенатот, наскоро 30. членка на НАТО

Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска се надева дека Македонија наскоро ќе стане 30. членка на НАТО.

Шекеринска се заблагодари на американскиот Сенат за ратификацијката на пристапниот протокол.

притисни ентер