Одложено мислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазици

Иако најавено да се објави идната недела, мислењето на Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците е одложено, без од таму да ја сооопштат причината за тоа.

Што е спорно во Законот за јазици? За одговор на ова прашање ќе треба да почекаме уште неколку месеци, бидејќи владата побарала од Венецијанската комисија да се одложи финалниот извештај кој беше планирано да се презентира месецов. Премиерот денес потврди дека драфт верзијата од Венецијанската комисија е доставена до Владата, но оцениле дека им е потребно дополнително време за да ги подготват нивните аргументи за законот.

,,Ние информиравме дека драфт верзијата е доставена до нас, ни треба време да ги видиме анализите, затоа што Венецијанската комисија своите ставови ги поткрепува со аргументации, европски правила и норми и европска пракса, но исто така го анализира нашиот систем што може капацитетно да носи. Така што мерењето на добивањето на правда наспроти правото на употреба на јазикот, ако го загрози она првото тогаш прашање е дали им треба на граѓаните.

По воздржаните коментари од ДУИ деновиве, министерката Дескоска вели дека не треба да постојат дилеми за спроведување на забелешките од Венецијанската комисија, односно дека тие ќе бидат преточени во реалност откако комисијата ќе го даде своето официјалнио мислење.

Во драфт верзијата стои дека сегашниот текст на законот за албански јазик се наметнуваат нереални обврски за институциите, особено во судството. Иако, владата тврди дека сите забелешки ќе се спроведат, за измените на законот сепак е потребно двотретинско и бадинтерово мнозинство.

Изборите ги следат 915 домашни и 544 странски набљудувачи

Денешните избори ги следат 915 домашни и 544 странски набљудувачи. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР која фигурира со над 200 набљудувачи, излезе со првична оценка.

-На крајот од денот ќе го собереме податоците за да направиме проценка како тече процесот. Како што знаете, имаме повеќе од 200 набљудувачи низ целата држава денеска и дополнителни набљудувачи кои се тука од март и ја оценуваат целата кампања- Џилијан Стирк – шефица на наблудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

Прв круг претседателски избори – Македонија избира меѓу седум кандидати

Мирно, без посериозни инциденти и проблеми - Македонија избира претседател.

Веќе осум часа, повеќе од 1,8 милиони граѓани со право на глас се дел од првиот круг на седмите претседателски избори, на кои учествуваат седум кандидати. Нашите репортери се на терен и од блиску го следат изборниот процес.

Во Државната изборна комисија е Михаела Димовска.

Седум тинејџери уапсени за нападот врз свештеникот во Сиднеј

Австралискиот антитерористички тим денеска уапси седум тинејџери поврзани со момче обвинето за верски мотивиран терористички напад врз бискуп во Сиднеј, а уште петмина се на распит во полиција.

Полицијата соопшти дека во акцијата била вклучена екипа од повеќе од 400 полицајци и припадници на безбедносните служби, во која биле уапсени соработници на 16-годишното момче обвинето за терористички акт. Момчетo го избоде со нож асирскиот бискуп Мар Мари Емануел за време на црковна служба во живо на 15 април.

Полицијата соопшти дека ги привела тинејџерите бидејќи претставувале „неприфатлив ризик“ за општеството. Според полицијата, тинејџерите верувале во религиозно мотивирана насилна екстремистичка идеологија. /МИА

притисни ентер