Секс скандал ја тресе Унгарија – политичар среде оргии , а има снимки и со кокаин (ВИДЕО)

Од минатата недела на еден блог почнаа да се објавуваат снимки од Золт Боркаи , градоначалник на градот Гјор и поранешен претседател на Олимпискиот комитет на Унгарија.

По објавите на блогот, Боркаи е обвинет за злоупотреба на службената должност, корупција, употреба на дрога и проституција.

Набргу по тој текст, на блогот беа објавени фотографии и видеа за да се прикаже градоначалникот дека има секс со една млада жена, додека други, едвај облечени лица се во истата просторија, пренесуваат унгарските медиуми.

Минатиот понеделник, анонимен автор започна да објавува приказни за еден адвокат и неговиот пријател. Блогот, наречен „Адвокат на ѓаволот“, подоцна беше откриено дека е градоначалникот Золт Боркаи, кој исто така е поранешен олимписки гимнастичар и поранешен претседател на унгарскиот олимписки комитет. Друг човек споменат на овој блог е Золтан Рикосфалви, еден од највлијателните бизнисмени во Ѓер, исто така тесно поврзан со политиката на Фидес на Виктор Орбан.

Името на Рикосфалви веќе се појави во весникот пред неколку години. Поточно, во 2012 година, тој купи земја каде што Ауди сакаше да го прошири својот логистички центар, а по наддавањето на земјата стана исклучително вредно, па токму затоа Рикосфалви заработи многу пари. Исто така, откако доби отстапки за казино во Ѓер, Печ и Мисколц, тој стана еден од најголемите сопственици на казина во Унгарија. И во двата случаи тоа беше поврзано со корупција.

Подоцна, на интернет се појавија фотографии и снимки од патување со јахта низ Јадранот, сите направени во близина на Дубровник. На нив градоначалникот и неговиот пријател Ракосфалви се во друштво на голем број на млади жени. На една слика е прикажано дека Боркаи има секс со една од девојките, а видеото е објавено на една од најпопуларните порно-страници.

Авторот на блогот вети дека ќе објави повеќе компромитирачки содржини во идните објави.

,,Ќе објавам и слики на кои се гледа како шверцува кокаин. Имам други снимки, не само оваа од минатата година, но вие тоа веќе го знаете “, напиша авторот на блогот, обраќајќи му се на градоначалникот.

Золт Боркаи го откажа последниот настан од својата кампања и издаде само кратко известување: ,,Сметам дека лагите објавени за мене се дел од циркусот на опозициската кампања, која има за цел да го одвлече вниманието од сопствената неспособност“, рече тој.

Подоцна призна дека тој бил на контроверзните фотографии објавени од непознато лице на блогот, но тврди дека нема да поднесе оставка и дека ќе се кандидира за градоначалник во недела, јавува Унгарија денес.

Спасовски: По утврдените рокови ќе се знае кој ќе ја предводи техничката влада

Во овој момент сосема е неважно кој ќе ја предводи техничката влада, туку е важно што ќе се случува до 31 декември во однос на подобрувањето на животот на граѓаните, рече министерот за внатррешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски посочи дека и Министерството за внатрешни работи и Владата ќе продолжат со активностите, што значат реформирање на системот, кои значат градење на систем, подобрувањето на условите за живот на граѓаните.

-Апсолутно сите ние сме насочени кон тој момент. За нас важно е, што ќе направиме до 31 декември, до формирањето на таа техничка влада, колку проекти ќе реализираме, колку граѓаните ќе почувствуваат дека имаат подобрување во начинот на живеење и во начинот на оставрување на своите права, истакна Спасовски.

Во овој момент, не е многу голем интерес на граѓаните кој ќе ја предводи техничката влада за уште сега, како што додаде Спасовски, да се разговара на таа тема. Дополни дека за формирање на техничката влада, постојат рокови, по што ќе се донесат одлуки и ќе се изберат личности кои ќе ја предводат таа влада.

Министерот Спасовски заедно со неговиот бугарски колега Младен Маринов денеска на граничниот премин „Делчево – Лисичково" присуствуваше на делењето едукативен материјал „Остани чист, кажи и не на корупцијата" како превентивна активност за подигање на свеста на граѓаните за пријавување корупција.

Спасовски и Маринов во оваа прилика изразија задоволство од досегашната соработка и подготвеност за натамошен развој и унапредување на соработката.

Партиите без договор за новиот Закон за ЈО, може ли обвинителот да се избира на избори?

Се изјаловија ли преговорите за Законот за јавното обвинителство?  

Додека партиите со месеци наназад неуспешно се обидуваа да најдат консензус меѓудругото и за изборот на јавниот обвинител на предлог на опзицијата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски деновиве и со предлог – Јавниот обвинител да го избираат граѓаните на непосредни избори, како реформско решение наместо партиите да се договараат кој би бил јавниот обвинител.

Првиот човек на Јавното обвинителство  Љубомир Јовески смета дека едно вакво решение треба добро да се разгледа, бидејќи тоа би значело кандидатите да се промовираат во јавноста пред изборите, а за што ќе им биде потребна  партиска поддршка и спонзорство, а со тоа и непосредниот избор на обвинителот би се исполитизирал.

 “ За мене посуштинско е прашањето во однос на кредибилитетот, професионалноста и интегритетот на личноста за јавен обвинител и обезбедувањето на доволно ресурси за остварување на уставните и законски надлежности на Јавното обвинителство, отколку постапката во која се избира јавниот обвинител.  Доколку се оди на непосредни избори тоа значи кампања за која се потребни значителни средства, а суштинско прашање е како тие ќе се обезбедат, дали ќе бдиат можни спонзорства, дали одредени политички партии ќе поддржат одреден кандидат со што процсот би се исполитизирал. На таков начин избраниот кандидат ќе има обврски кон определени сфери на интерес кои го финансирале.  “

Принципот – јавниот обвинител да ги бираат граѓаните на непосредни избори постои во Соединетите Американски Држави. За овој предлог да се интегрира во македонското законодавство е потребно да се направат уставни измени. Според Министерството за правда оваа опција не е изводилива пред избори, поради фактот што за уставни измени е потребен рок од 6 месеци.

Но и покрај тоа што Јавното обвинителство ги презеде предметите од СЈО со што се реши нивната судбина, државниот обвинител смета дека неопходно е носењето на Законот за јавното обвинителство меѓудругото поради разрешување на прашањето за одговорноста  на јавниот обвинител, како и самостојноста на јавните обвинители во постапувањето.

Пендаровски се заблагодари на Сенатот на Македонски, Англиски и Албански јазик-остри критики на социјалните мрежи

Претседателот Стево Пендаровски преку социјалните мрежи се заблагодари на Сенатот на Соединетите Американски Држави за ратификацијата пристапниот  протокол на Македонија во НАТО на македонски, англиски, но и на албански јазик. 

По оваа порака на Претседателот во јавноста се отворија бројни дилеми, но и критики за Пендаровски. Од претседателскот Кабинет за Канал 5  велат дека Пендаровски во комуникацијата со јавноста најчесто користи македонски јазик, а по проценка објавува соопштенија и материјали на социјални медиуми и на други јазици како албански, англиски и знаковен јазик, како што беше и примерот со неодамнешното обраќање на претседателот по заклучоците од Европскиот совет.

,,Користењето на повеќе јазици во комуникацијата со јавноста е со цел нашите пораки да допрат до поголем број на граѓани, кое е во склад со заложбата на претседателот да биде претседател на сите граѓани без разлика на нивната припадност. Внатрешното помирување и инклузијата на сите граѓани се процеси на кои треба заеднички да работиме со цел да изградиме функционална мулти-етничка држава во која сите граѓани ќе имаат еднакви можности". – велат од претседателскиот Кабинет.

Сепак останува нејасно зошто Претседателот практикува тројазична комуникација, односно која е причината што тој го користи и албанскиот јазик, имајќи го во предвид тоа дека  и во актуелниот Закон за употреба на јазиците чија уставност се спори и пред Уставниот суд децидно се наведува дека македонскиот јазик е единствен официјален јазик во меѓународните односи.

притисни ентер