Објавена снимката од нападот пред синагогата во Германија- напаѓачот фрлил и граната (Вознемирувачко видео)

Две лица се убиени попладнево пред синбагога во источногерманскиот град Хале. 

Униформиран маж пукал кон синагогата и фрлил граната врз еврејските гробишта. Потоа мажот избегал со возило , а полицијата трага по него. 

Полицијата објави предупредување до граѓаните на Хале да не излегуваат од дома , додека трае потерата по вооруѓениот маж со автоматско оружје и гранати. Објавено е и видеото од нападот , снимено од безбедносните камери. 

Шекеринска: Благодарност до Сенатот, наскоро 30. членка на НАТО

Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска се надева дека Македонија наскоро ќе стане 30. членка на НАТО.

Шекеринска се заблагодари на американскиот Сенат за ратификацијката на пристапниот протокол.

Мицкоски:Ние сме чесни и честити луѓе, тие го опљачкаа народот

За три години власт ништо добро не направија, Македонија никогаш немала полоша Влада во својата историја, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп на собирот посветен на Денот на револуционерната борба.

Македонија се буди и бара промени, граѓаните го креваат гласот против оваа однародена власт на СДСМ и Зоран Заев..Тие стануваат минатото и ќе бидат сместени на темната страна од историјата на Република Македонија,порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски од Прилеп на празникот 23 октомври-Денот на македонската револуционерна борба. Од градот каде што е одржан првиот Конгрес на оваа возобновена партија ..

Убеден дека тој ќе биде идниот мандатор на новата Влада по 12 април идната година ,Мицкоски од Прилеп им порача на СДСМ и нивните коалициски партнери..

Пред денешната академија по повод празникот  во Центарот за култура ,,Марко Цепенков”,Мицкоски со своите соработници,оствари и средба со граѓаните на Прилеп.

Предвремените избори ја скратија можноста за промена на изборниот модел

По лидерскиот договор за предвремени парламантерани избори на 12 април, помалите партии ги губат надежите дека има политичка волја за промена на изборниот модел. 

Една изборна единица и отворени листи според нив најверојатно ќе остане желба за некои следни избори. Солза Грчева од Глас за Македонија вели дека се манипулира со изборните калкулации дека со една изборна единица во добивка се малите партии. Вели дека тоа оди во прилог на средните партии но пред се на граѓаните.

Дека и други партии ќе влезат во парламентот со промена на изборниот модел сметаат и од Граѓанска демократска унија. Оваа партија смета дека ќе остане грешка ако тоа не се случи бидејќи како што велат ќе паднат во вода илјадници гласови на изборите, а пратеничките мандати ќе ги поделат само големите играчи.

По средбата кај шефот на државата во неделата, власта и опозицијата останаа со поделени мислења околу промената на изборниот модел. За дел од нив промената е неизводлива во време на предизборие.

притисни ентер