Бугарија ја утврди позицијата и условите за поддршка на Македонија

Софија ги зацементира позициите пред финалната одлука на Брисел. 

Бугарија ќе каже „да“ за почеток на преговори на Македонија следната недела, но ќе постави долг список услови, кои земјава ќе мора да ги исполни пред воопшто да почне да преговара. На заедничката пресконференција, и шефицата на дипломатијата Захариева и вицепремиерот Каракачанов, порачаа дека патот до членство на земјава во Унијата ќе биде поплочен со низа бугарски критериуми, долж сите 35 преговарачки поглавја.

-Да се воздржи од спроведувањето на политика, независно во каква форма, која поддржува и поттикнува претензии за признавање на македонско малцинство во Бугарија. Теба да ги отстрани текстовите од таблите и натписите на спомениците и спомен плочите и објектите, кои промовираат омраза кон Бугарија. Исто така настојуваме за јасен распоред за промена на учебниците по Историја, Бугарски јазик, Географија, изјави Екатерина Захариева, министер за надворешни работи на Бугарија

-Пред за се закаже превата меѓувладина конференција, Македонија треба да ги исполни овие услови и тоа ќе зависи од тоа дали ќе биде закажана таква меѓувладина конференција и кога. Пред втората меѓувладина конференција има друг пакет од услови, вели Красимир Каракачанов, вицепремиер на Бугарија.

Дека бугарската поддршка не е безусловна повтори и претседателот Радев. Тој како што пренесоа бугарските медиуми, денеска изјавил дека очекува македонскиот колега Пендаровски да ја посети Софија. Не мора да има напредок на Комисијата за историски прашања, за тој да дојде во Бугарија, рекол Радев, посочувајќи дека улогата на политичарите е да ги приближат позициите во тешки периоди.

-Политичарите имаат одговорност од двете страни да бараат поводи кои не приближуваат, а не кои не разделуваат, изјави Румен Радев, претседател на Бугарија.

Од Кабинетот на Пендаровски за Канал 5 потврдуваат дека покана од Радев до македонскиот претседател е испратена од поодамна и дека двата кабинета го утврдуваат датумот кога таа посета ќе се оствари.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер