Отворена изложбата „Ателје – радоста на сликањето" на Рубенс Корубин

Во присуство на многубројни гости и љубители на уметноста, синоќа во Националната галерија, објект Чифте Амам, беше отворена изложбата „Ателје – радоста на сликањето".

Изложба  со која реномираниот сликар Рубенс Корубин синоќа, одбележа два значајни јубилеја, 70 години живот и 45 години од дипломирањето на ликовната академија во Белград.

Пред присутните се обрати министерот за култура Хусни Исмаили кој истакна дека Корубин со својот исклучителен и уникатен ликовен израз остави печат во македонската современа ликовна уметност но, и во нејзината промоција и афирмација во меѓународни рамки, а интересот за неговото творештво е потврда дека предизвикот за дијалог со неговите дела продолжува.

„Љубителите на ликовната уметност, по еден подолг период, повторно се среќаваат со творештвото на авторот чии дела создадени низ неговиот индивидуален сликарски ракопис од еден современ аспект се потврда за посебноста на неговото творештво, за периодот во кој твори и во кој симболично можеме да кажеме дека минатото и иднината се преплетуваат", рече министерот за култура Исмаили.

Тој додаде дека Министерството за култура, преку своите институции, и во иднина ќе настојува да ги поддржува ваквите изложби кои, кои несомнено, се голем придонес во презентирањето на високите вредности што се создаваат во уметноста и културата на нашето време.

Изложбата „Ателје, радоста на сликањето" во Чифте амам за посетители ќе биде отворена до крајот на месецов..

Со почит,

Министерство за култура

Мицкоски: Со сила, труд и постојаност одново ќе ја донесеме обновата на Македонија

Одново сме пред голем предизвик, овој пат судбоносен за иднината на нашата земја. И има две работи кои се јасни, првата, никогаш нашиот народ не живеел потешко време, и втората….Ќе паднат!

,,Им се гледа крајот. Ќе паднат силно, ќе бидат поразени од народот, а ВМРО и народот ќе победат, а така ќе победи Македонија. А ова е тоа финале кога мора да се испорача цехот, цехот на сите неправди, прогони, ужасувања, за сите лаги и измами, за потта која остана неплатена, за сиромаштијата и тешкото време кое го донесоа, ова денеска од Прилеп на Денот на македонската револуционерна борба го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Заев: Се уште не се знае кој ќе биде технички премиер

Премиерот Зоран Заев рече дека во партијата сеуште не одлучиле кој ќе биде на чело на техничката Влада од 3. јануари.

За Заев важно е да не се закочат веќе почнатите процеси по 3. јануари , додека има два месеца и осум дена за да се избере техничкиот премиер.Посочи дека немаат ниту причина, ниту право, ниту обврска брзо да одлучуваат. – Крајот на декември ќе ја донесеме одлуката на координација во СДСМ, а потоа и со партнерите од коалицијата, кој ќе биде технички премиер, кој ќе биде дополнителни заменици министри во внатрешни и труд и социјална политика, а опозицијата ќе си одлучи за своите места, истакна Заев одговарајќи на новинарско прашање по официјалното означување на почетокот на изградба на фабриката на германската компанија „Герешајмер".

Шекеринска: Благодарност до Сенатот, наскоро 30. членка на НАТО

Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска се надева дека Македонија наскоро ќе стане 30. членка на НАТО.

Шекеринска се заблагодари на американскиот Сенат за ратификацијката на пристапниот протокол.

притисни ентер