Филипче: Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт, решен е недостигот

 Министерот за здравство Венко Филипче смета дека секој граѓанин, секој пациент има право да има пристап до лек во кој било ден од месецот и оти со мерката за укинување на квотите за лекови на рецепт е решен проблемот со недостигот на лекови.

-Нема да има повеќе ниту паника, ниту турканици, ниту пак ќе има формирање домашни аптеки. Ова е мерка во интерес директно на граѓаните. Конечно се спокојни дека до лек можат да дојдат во која било аптека, кој било ден од месецот. Се рационализира начинот на препишување и се воспоставува контрола. Во Фондот за здравствено осигурување веќе е во тек креирање на стратегија на т.е Electronic Health Record, софтверски систем којшто во себе ги обединува сите јавно-здравствени институции и сите податоци од пациентите во рамките на системот, изјави министерот Филипче во гостувањето во утринската емисија на Сител телевизија

Филипче најави неколку мерки кои, како што рече, значително ќе го зајакнат здравствениот систем.

-Следат уште неколку мерки, како менување на позитивната листа на лекови и надополнување на листата со модерни лекови. Таа досега не е сменета повеќе од 10 години. Значи не само што обезбедуваме пристап до терапија, во следниот период значајно ќе го подобриме и квалитетот на лековите коишто се нудат, потенцираше министерот Филипче.

Тој, како што информира Министерството за здравство, истакна дека граѓаните заслужуваат да имаат една модерна институција во коишто ќе бидат пружени здравствени услуги.

-Се реновираа повеќе оддели. Одделите на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, операционите сали на Клиниката за ортопедија, интензивната нега на Клиниката за неврохирургија, каде што лежат најтешките пациенти од цела држава. Се реновираше и Клиниката за хематологија, се пушти во употреба Ургентниот центар во Куманово. Продолжуваме со работа на крилото во струмичката болница, а реконструкцијата во болницата „Св. Еразмо" е при самиот крај. Во 2020 година навистина ќе бидат во функција многу реновирани и многу започнати нови објекти, не само во Скопје, туку и во другите градови во државата, рече министерот Филипче.

Состанок на Стопанската комора на Македонија со претставници на СДСМ

Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи работен состанок со претставници на политичката партија СДСМ.

Пред средбата предвидени се изјави за медиумите од страна на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија

Најмалку 21 човек се повредени откако автобус излета од патот и се преврти во германската западна провинција Северна Рајна-Вестфалија.

Во автобусот имало околу 60 патници односно средношколци од градот Варбург, кои се враќале од посета на Англија.

Еден од патниците е потешко повреден, но е вон животна опасност.

Сообраќајната несреќа се случи еден ден откако во близина на градот Лајпциг загинаа четири лица. /MИА

Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија

Припадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата на налог на корисник на територијата на Босна и Херцеговина кој во живо на „ТикТок“ изјавил дека исчезнатото девојче Данка Илиќ е во неговиот подрум.

Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија уапси три лица кои се осомничени дека преку социјалната мрежа „ТикТок“ објавиле дека се поврзани на исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ, потврди српското МВР.

Припадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата на налог на корисник на територијата на Босна и Херцеговина кој во живо на „ТикТок“ изјавил дека исчезнатото девојче Данка Илиќ е во неговиот подрум.

Врз основа на тие информации, Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина ги уапсила Б.Т, З.Т и М.Т, извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дал осомничениот се лажни.

Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, согласно законот, ќе го изведе осомничениот кај надлежниот обвинител за понатамошно постапување.

Сараевскиот портал „Аваз“ синоќа објави дека истражителите од Одделот за компјутерски криминал на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција, по IP адреса лоцирале лица кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малата Данка, и кои побарале 50.000 конвертибилни марки (околу 25.000 евра) за обелоденување на таа информација.

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во Бањско поле кај Бор, трае од вторникот. Во текот на ноќта полицијата дежурала во куќата каде исчезна девојчето. Во текот на вчерашниот ден со багер е расчистено земјиштето околу куќата во Бањско поле, од каде на девојчето и се губи секаква трага. Целта на ваквиот потег, како што јави дописникот на РТС, е да се провери дали има докази под гранките кои би помогнале во истрагата.

Во потрагата по девојчето учествуваат стотици припадници на полиција, жандармерија, ГСС, ловџии. Беа распоредени и беспилотни летала, со термални камери, а хеликоптерска единица го надлетува теренот.

Иако полицијата во средата соопшти дека потрагата на терен се прекинува, бидејќи сè укажува дека девојчето не е во областа од која исчезна, полициските сили и спасувачките екипи се се уште на терен. Воедно, полицијата информира дека во тек е интензивна оперативна работа. /МИА

притисни ентер