Курти: Во ЕУ не може да се случи национално обединување на Албанците

Лидерот на Самоопределување и најверојатно иден премиер на Косово Албин Курти изјави дека во ЕУ не може да се случи национално обединување на Албанците, но оти може да постои идеја за федерација.

„Косово и Албанија треба да се приближат, интегрираат во идејата за федерација, како Германија, со децентрализирани институции“, оцени Курти.

Тој претходно изјави дека нема да брза со продолжувањето на разговорите меѓу Белград и Приштина.

Предвремените избори ја скратија можноста за промена на изборниот модел

По лидерскиот договор за предвремени парламантерани избори на 12 април, помалите партии ги губат надежите дека има политичка волја за промена на изборниот модел. 

Една изборна единица и отворени листи според нив најверојатно ќе остане желба за некои следни избори. Солза Грчева од Глас за Македонија вели дека се манипулира со изборните калкулации дека со една изборна единица во добивка се малите партии. Вели дека тоа оди во прилог на средните партии но пред се на граѓаните.

Дека и други партии ќе влезат во парламентот со промена на изборниот модел сметаат и од Граѓанска демократска унија. Оваа партија смета дека ќе остане грешка ако тоа не се случи бидејќи како што велат ќе паднат во вода илјадници гласови на изборите, а пратеничките мандати ќе ги поделат само големите играчи.

По средбата кај шефот на државата во неделата, власта и опозицијата останаа со поделени мислења околу промената на изборниот модел. За дел од нив промената е неизводлива во време на предизборие.

Заев: Најавата за вонредна резолуција на ЕП ќе ја врати мотивацијата да продолжи по европскиот пат

Премиерот Зоран Заев смета дека најавата за вонредна резолуција на Европскиот парламент со која повторно ќе се побара отворање на пристапните преговори за членство на Македонија и Албанија во ЕУ ќе биде од помош и ја врати мотивацијата кај народот.

– Намерата на ЕП е од помош, нешто што е мал лек за горчината во нашите души која не затекна со оваа нефер историска грешка што ја направи Европската Унија кон Република Северна Македонија. Верувам дека ваквите постапки уште еднаш ќе ја вратат мотивацијата на нашиот народ да продолжи по патот на евроатланските интеграции бидејќи оваа наша определба е со причина – тоа носи инвестиции, раст и развој, повисок стандард и доволна мотивација младите да останат тука и да работат, изјави Заев по официјалното означување на почетокот на изградба на фабриката на германската компанија „Герешајмер".

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев порача дека само ако како држава продолжиме да работиме посветено, може да бидеме дополнителна мотивација за дискусиите во Европскиот парламент, Европскиот совет, Европската комисија и пооделно во земјите членки на Унијата.

– Реално очекувам дека многу брзо ќе се врати среќата и надежта, нагласи Заев. 

Спасовски: По утврдените рокови ќе се знае кој ќе ја предводи техничката влада

Во овој момент сосема е неважно кој ќе ја предводи техничката влада, туку е важно што ќе се случува до 31 декември во однос на подобрувањето на животот на граѓаните, рече министерот за внатррешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски посочи дека и Министерството за внатрешни работи и Владата ќе продолжат со активностите, што значат реформирање на системот, кои значат градење на систем, подобрувањето на условите за живот на граѓаните.

-Апсолутно сите ние сме насочени кон тој момент. За нас важно е, што ќе направиме до 31 декември, до формирањето на таа техничка влада, колку проекти ќе реализираме, колку граѓаните ќе почувствуваат дека имаат подобрување во начинот на живеење и во начинот на оставрување на своите права, истакна Спасовски.

Во овој момент, не е многу голем интерес на граѓаните кој ќе ја предводи техничката влада за уште сега, како што додаде Спасовски, да се разговара на таа тема. Дополни дека за формирање на техничката влада, постојат рокови, по што ќе се донесат одлуки и ќе се изберат личности кои ќе ја предводат таа влада.

Министерот Спасовски заедно со неговиот бугарски колега Младен Маринов денеска на граничниот премин „Делчево – Лисичково" присуствуваше на делењето едукативен материјал „Остани чист, кажи и не на корупцијата" како превентивна активност за подигање на свеста на граѓаните за пријавување корупција.

Спасовски и Маринов во оваа прилика изразија задоволство од досегашната соработка и подготвеност за натамошен развој и унапредување на соработката.

притисни ентер