Суспендиран е еден од најдобрите американски атлетски тренери

Поради допинг на четири години е суспендиран Алберто Салазар , американски тренбер , кој работел со најголемите спортисти.

Американската анти-допинг агенција (УСАДА) објави дека Салазар е казнет за „оркестрирање и олеснување на земање на забранети материи“ како тренер за проектот „Најк Орегон“ (НОП), камп во кој се подготвуваа американските атлетичари на долги патеки.

По суспензијата, Атлетската федерација на САД  ја отповика акредитацијата на Салазар за учество во СП во Доха.

Салазар рече дека ќе жали за одлуката на УСАДА, а американскиот производител на спортска облека Најк соопшти дека ќе застане зад него.

„Јас сум шокиран од денешниот резултат“, рече Салазар, додавајќи:

„Моите спортисти и јас сме подложени на неправда, неетички и многу штетен третман од УСАДА“.

„Проектот во Орегон никогаш не дозволил и никогаш нема да дозволи допинг. Ќе се жалам и ќе се залагам за овој нечесен и мачен процес да дојде до вистина“, додаде тој.

УСАДА тврди дека Салазар, кој исто така беше тренер и на шампионот на долги патеки на САД, Метју Центровиц,ги снабдувал спортистите со нелегални материи и ги подучувал како да ги избегнуваат допинг-контролите.

Ѓоковиќ прифати екстремен предизвик: Изгледа лудо , но навистина е корисно !

Новак Ѓоковиќ објави видео на својот Инстаграм на кое се гледа што ги прави неговиот ум и тело посилни.Ѓоковиќ помина една минута и 45 секунди вежбајќи според  методот Вим Хоф во леден поток.

"Вежбањето во мраз студена вода во поток изгледа лудо, но навистина е корисно за тренинг на умот и телото. Преку разни техники (како дишењето) можеме да се смириме доволно за да ги надминеме екстремните услови како ова и поефикасно да се справиме со дневниот стрес во нашите животи. Го користам методот Вим Хоф и сметам дека е корисен за мојот живот како целина. Умот над материјата. Мозокот над телото. "

„ Мора да бидете само по долна облека и вашето тело е на половина пат за да влезете во вода и така мора да издржите барем една минута“, објасни Новак и додаде: „Прво направете го истражувањето и подгответе се, бидејќи ова може да биде доста опасно ако не ги следите упатствата на Вим Хоф “.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

@iceman_hof how did we do? ❄️🥶🤟🏼 Constantine and I survived this mountain stream for 1 minute 45 seconds.. mindset is everything. The practice of ice baths looks crazy I know 😂 but it’s really beneficial for training the mind and body. Through various techniques (like breathing) we can calm ourselves enough to take on extreme conditions like this and more efficiently battle daily stress in our lives. I use Wim’s methods and find them beneficial for my life overall. “Mind over matter. Brain over body.” I suggest everyone to explore it and hopefully rise to this challenge! For those who dare, I challenge you to find an ICE COLD body of water outside and get in for at least 1 minute: - Must be winter and icy water outside - Must be only in underwear - Must have half the body submerged - Must be in for at least 1 minute Make sure to do your research and prepare as this can be pretty dangerous if you don’t follow Wim’s guidelines. Tag friends to do it with you and use #NoleChallenge when you share so I can see you guys. I’m so hyped for this, let’s goo!!!!!!! Idemooo!! 💪🏼 (I can share the full version of this on FB for #NoleFam if you guys want to see 😂) #iceman #wimhof #life #nature #breathing #meditation #reflect #mindset #justbreathe #wimhofmethod #innerfire #tbt

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

Канте е тешко повреден , ќе ги пропушти сите важни натпревари на Челзи

Челзи ќе остане без Н’Голо Канте околу еден месец, тврдат докторите, пренесува француски L'Equipe.

Еден од најдобрите играчи на Челси се повреди на натпреварот против Манчестер Јунајтед (0-2) во понеделникот, а неговата повреда е посериозна од првично наведеното. Ова значи дека Канте нема да ги игра двата натпревари против Баерн во Лигата на шампионите и многу важните шампионски дуели со Тотенхем и Ливерпул.

Како резултат на неговата повреда, Канте излезе во 10-та минута од средбата со Јунајтед,а ова е негова трета повреда оваа сезона.

Со огнен спектакл во Мадрид, навивачите на Атлетико го пречекаа Ливерпул (ВИДЕО)

Вечерва во 21:00 почна натпреварот во осмина финалето на Лигата на шампионите меѓу актуелниот европски шампион Ливерпул и домаќинот Атлетико во Мадрид на стадионот Ванда Метрополитано.

Навивачите на Ливерпул навиваа и пееја цел ден по улиците на Мадрид, а се проценува дека за овој натпревар пристигнале нешто повеќе од пет илјади.

Сепак, најголемото шоу на вечерта беше на домашните навивачи на Атлетико Мадрид, кои го пречекаа автобусот со своите играчи со спектакл од запалени факели пред да пристигнат на стадионот.

притисни ентер