Кригиос е суспендиран четири месеци за бесните испади на тениските терени (ВИДЕО)

Австралискиот тенисер Ник Киргиос е суспендиран на четири месеци и треба да плати казна од 25 000 долари за бесните испади на тениските терени во текот на последните 12 месеци.

Од АТП потврдија и дека австралискиот тенисер е казнет условно на шест месеци по извршената истрага за неговото однесување на терените.

Овој темпераментен 24-годишен тенисер минатиот месец мораше да плати казна од 113.000 американски долари по турнирот во Синсинати за дури осум испади. Тој подоцна го обвини АТП дека е корумпиран на УС Опен, но не беше казнет за тоа.

„Суспензијата ќе биде укината по шест месеци кога ќе се увериме дека Киргиос во согласност со одредени мерки во овој период, како што се правилата на однесување, соработка со тренерот на турнирите и ќе користи специјализирана стручна помош за време на прекинот на сезоната (ноември-декември)“, наведува АТП .

Интересно е што Киргиос го објави крајот на сезоната денес, а како причина наведе дека е повреден.

Вучиќ со Лајчак за зголемените предизвици со кои се соочува Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Мостар, каде што е во посета, се сретна со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, со кого, како што рече, имал „отворен и конкретен разговор“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Мостар, каде што е во посета, се сретна со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, со кого, како што рече, имал „отворен и конкретен разговор“ за растечките предизвици со кои се соочува Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Уште еден отворен и конкретен разговор со Мирослав Лајчак за растечките предизвици пред нас, положбата на српскиот народ, настаните на Косово и Метохија и се помалиот простор за решавање на отворените прашања преку конструктивен дијалог и почитување на меѓународното право, напиша Вучиќ на неговиот Инстаграм профил.

Вучиќ повторил оти Србија „упорно продолжува да води одговорна и сериозна политика на зачувување на мирот и стабилноста“, како и нагласил дека за Србија „нема повлекување или компромис“ кога станува збор за безбедноста на српската народот и заштитата на националните интереси.

Британците планираат трајно да забранат купување цигари

Членовите на британскиот парламент денеска ќе гласаат за предлогот на премиерот Риши Сунак за трајна забрана за купување цигари на сегашните 15-годишници и помлади.

Иако се очекува мерката да помине, планот на Сунак да наметне едно од најстрогите правила против пушењето налути некои членови на неговата владејачка Конзервативна партија, вклучително и поранешните премиери Борис Џонсон и Лиз Трус, кои тврдат дека државата не треба да диктира како луѓето треба да го водат својот живот.

Пратениците ќе гласаат за предлог-законот како што сакаат, што значи дека не треба да гласаат по партиска линија. Сличен закон во Нов Зеланд беше отфрлен од новата коалициска влада пред да стапи на сила оваа година.

Силното противење на најавената мерка во рамките на конзервативците ќе му нанесе уште еден удар на Сунак, кој веќе е на удар на критиките од сопствената партија за прашања кои се движат од климатските промени до одбранбената политика.

Според предлог-законот, на децата родени во 2009 година и подоцна ќе им биде забрането легално да купуваат тутунски производи бидејќи, како што тврди Сунак, „може да се спречи единствената најголема причина за лошо здравје, инвалидитет и смрт“.

Планот на Сунак има поддршка од медицински експерти и добротворни организации кои велат дека 80.000 луѓе годишно умираат од пушење и многу повеќе од болести поврзани со пушењето.

Конзервативниот пратеник Сајмон Кларк верува дека забраната може да се покаже како контрапродуктивна.

„Се плашам дека забраната ќе го направи пушењето уште попривлечно и секако постои ризик од создавање црн пазар и незамислив предизвик за властите“, рече Кларк.

И покрај критиките, се очекува предлог-законот да помине. Лабуристите најавија дека ќе го поддржат.

Извор: Индекс.хр

Писонеро: Еврокомисијата го одобри Планот за реформи и инвестиции во Украина

Планот се базира на Украинскиот механизам и гарантира дека на Украина ќе и се овозможи финансирање за одржување на нејзината администрација во функција, за исплата на плати и пензии.

Европската комисија донесе Одлука со која даде позитивна оценка за спроведување на Планот за Украина, кој претставува сеопфатната стратегија за реформи и инвестиции во земјата за следните четири години, информира денеска портпаролката на ЕК за соседска политика и проширување Ана Писонеро.

- Планот се базира на Украинскиот механизам и гарантира дека на Украина ќе и се овозможи финансирање за одржување на нејзината администрација во функција, за исплата на плати и пензии, за обезбедување на основни јавни услуги и за да ги поддржи обновата и реконструкцијата додека продолжува да се брани од руската агресија, изјави Писонеро.

Таа потенцира дека исплатата на 50-те милијарди евра предвидени со Механизмот во следните четири години, ќе зависи од имплементацијата на договорените реформи и инвестиции наведени во Одлуката, како и под услов Украина да продолжи да ги поддржува и почитува демократските механизми.

- Планот, исто така, обезбедува рамка за управување со обновата, реконструкцијата и модернизацијата на Украина и содржи соодветни механизми и аранжмани за заштита на финансиските интереси на ЕУ, преку обезбедување на ефективна имплементација, следење и известување, додаде Писонеро.

Комисијата проценува дека Планот за Украина е усогласен и избалансиран со целите на Украинскиот механизам за справување со предизвиците на Киев на патот кон членство во ЕУ и како одговор на потребите за обнова, реконструкција и модернизација на земјата, со што ќе се поттикне одржливи економски раст и ќе се привлекуваат инвестиции за засилување на потенцијалот за раст на државата на среден и подолг рок.

Планот идентификува 69 реформи и 10 инвестиции, поделени на 146 квалитативни и квантитативни показатели.

Реформите предложени во Планот за Украина опфаќаат 15 области, вклучувајќи ги енергијата, земјоделството, транспортот, зелената и дигиталната транзиција, човечкиот капитал, како и државните претпријатија, деловното опкружување, јавните финансии и децентрализацијата.

Целта на реформите е да ги подобрат макроекономската и финансиската отпорност и управувањето на Украина, да ги зголемат капацитетите и ефикасноста на администрацијата, одговорноста и интегритетот на судството, да го поддржат развојот на приватниот сектор и да создадат амбиент погоден за одржлив економски раст.

Инвестициите, пак, се наменети за областите на човечкиот капитал, енергијата, транспортот, земјоделско-прехранбениот сектор, деловното опкружување и регионалните политики.

Земјите членки на ЕУ сега имаат рок од еден месец за усвојување на оваа Одлука на Европската комисија. Усвојувањето на Одлука за спроведување на Планот ќе и овозможи на Комисијата да и исплати на Украина 1,89 милијарди евра во форма на предфинансирање, додека не започнат редовните исплати поврзани со спроведувањето на реформските и инвестициските индикатори утврдени со документот.

притисни ентер