Федерер: Плачев по загубеното финале од Ѓоковиќ на Вимблдон

Еден од најдобрите тенисери во историјата, легендарниот Швајцарец Роџер Федерер повторно проговори за антологиското финале против Новак Ѓоковиќ на годинешниот Грен слем во Вимблдон.

Во разговор за италијанската  „Газета дело Спорт“ Федерер зборувал за многу работи, но и за моментот кога доживеал емотивен колапс.

„Кога последен пат сум плачел?Пред два месеца на Вимблдон.На теренот ги сочував солзите, но кога седнав во соблекувалната тие потекоа и се расплакав, изјавил Федерер.

Освојувачот на најмногу Грен слем трофеи откри и како како ги слави победите.

-Сакам да славам со чаша шампањ. Еднаш дури и се опијанив. Тоа се случи кога го освоив Ју Ес Опен.Потоа ми беа потребни три дена да се рехабилитирам. Турнирот заврши во недела вечер, јас се опоравив дури во четвртокот.Се сеќавам на се, барот требаше да се затвори поради што порачавме повеќе пијалаци, за следните часови. Подоцна сфатив дека сме порачале премногу, дополнил Федерер.

Бекам го претстави стадионот во Мајами вреден милијарда долари (ВИДЕО)

Дејвид Бекам на медиумите и навивачите вчера им го претстави новиот изглед и плановите за стадионот на неговиот клуб Интер-Мајами , што ќе биде отворен во 2022 година.

Бекам ќе инвестира милијарда американски долари во Фридом парк во Мајами. На просторот од 56 хектари ќе биде сместен парк, ресторани, продавници, фудбалски игралишта за граѓаните и невиден стадион на кој можат да бидат сместени 26.000 гледачи. Проектот е целосно финансиран од приватните инвестиции на Бекам Партнерс и нема да го чини градот Мајами ниту цент. Стадионот, покрај тоа што е изграден според најмодерните и досега невидени стандарди, ќе има и отворен бар на покривот од кој посетителите ќе можат да ги гледаат натпревари на Интер.

Клубот на Бекам МЛС влегува на стадионот следната година, но првите две сезони ќе ги игра на резервниот стадион Локхарт во Форт Лодердејл, кој моментно е во изградба. Срушен е стариот стадион на таа локација и се гради нов за да се сместат 18.000 луѓе. Кога клубот ќе се пресели во Фридом Парк, стадионот на Локхарт ќе го превземе младинската школа на Интер, како и постојниот центар за обука.

Наместо шут за пенал , на стадионот на Интер слета падобранец (ВИДЕО)

Додека Лукаку се подготвуваше да шутира пенал за 3:1 на натпреварот на Интер против Сасуоло во италијанската Серија А, среде стадионот слета падобранец.

Човек со падобран одеднаш слета во центарот на стадионот Мапеи во Реџо Емилија. Слетувањето помина без проблеми и падобранецот веднаш беше изнесен од теренот и одведен во притвор.

Локалната полиција приведе 36-годишник од Милано, кој зад себе има повеќе од 900 скокови со падобран, а кој е обвинет за загрозување на општата безбедност. Новинската агенција АНСА соопшти дека еден човек се јавил во полициска станица и рекол дека има проблем со падобранот и бара место за безбедно слетување.

„Не знаев дека се одвива натпревар. Не сакав никого да повредам. Барав широк простор за да слетам“, изјави падобранецот.

Маскирани и вооружени хулигани го прекинаа мечот меѓу Олимпијакос и Бајерн (ВИДЕО)

Тежок инцидент се случи во јуниорската Лига на шампионите , кога натпреварот во Атина меѓу екипите на Олимпијакос и Бајерн беше прекинат од вооружени и маскирани хулигани.

Хулиганите кои го следат Олимпијакос , во 88-та минута од натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу младите на тој клуб и гостинскиот Баерн,маскирани истрчаа на теренот за да се справат со германските навивачи.

Тие ги нападнаа противничките навивачи со факели и палки, предизвикувајќи судијата да ја прекине играта.

Полициските службеници и чуварите сепак успеаја да го вратат редот на стадионот и на трибините, по што натпреварот заврши со победата на Баерн со 4-0.

притисни ентер