Градоначалникот на Њујорк забрани е- цигари поради мистериозната болест кај младите

Градоначалникот на Њујорк, Ендрју Куомо забрани да се продаваат какви било ароми за е- цигари освен никотин и ментол.

Градоначалникот на Њујорк ја презеде оваа мерка , откако стотици млади се разболеа од тешка болест , предизвикана од пушење е- цигари со различни ароми во нив. Ширум САД оваа болест за мнгу крартко време се прошири и веќе ја зема и четвртата жртва.

Сите кои настрадаа од непознатата болест се млади луѓе кои користеле електронска цигара и наеднаш заболеле од тешка форма на труење на органзмот , што не се лекува.

Градоначалникот Куомо вели дека консумирањето цигари , а особено електронски е многу опасно , а загрижува и тоа што слатките и овошни ароми на е- цигарите создаваат зависност од никотин кај младите.

Мицотакис: Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан

Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан, не само затоа што тоа ја претвора перспективата во фактор на стабилност за регионот, алатка за модернизација на соседите, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Солун.

Мицотакис во Солун говореше на официјалната вечера на Меѓународниот симпозиум, а го повтори и ставот дека Договорот од Преспа е негативен за Грција, jави дописничката на МИА од Атина.

-Многу пати, од овде, од Солун имам кажано дека ние сме земја која одново ќе стане протагонист во нашето соседство, на Балканот. Токму затоа очекуваме државите од Западен Балкан да одговорат правилно на обврските на нивната европска перспектива. Да не заборавиме дека тој пат беше отворен овде, во Солун, во 2003 година. Оваа наша позиција ја повторив и истакнав и на последниот Самит на Европската унија. Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Не само затоа што тоа ја претвора перспективата во фактор на стабилност за регионот, туку и затоа што е демократска алатка за притисок за неопходната модернизација на нашите соседи. И за решавање нашите билатерални разлики, рече грчкиот премиер.

Мицотакис во говорот во Солун се осврна посебно и на двете земји кандидати за членство во Европската Унија. Во однос на Северна Македонија се задржа на Договорот од Преспа, повторувајќи го неговиот став дека се против, но и дека нема да ја изложи земјата на перипетии.

-Сè уште верувам дека Договорот од Преспа е негативен договор за нашата земја. Гласав против, но чесно предупредувајќи ги Грците што произлегува од потпишувањето. Но, јас нема да го навредам нашиот државен грб, иако другите го ставија нивниот потпис под него. Ниту ќе изложам земјата на перипетии. Без да ризикуваме најмала дестабилизација, внимателно ќе следиме како нашите соседи одговараат на нивните обврски. И, се разбира, во решавањето на нерешените прашања, на прво место заштитата на македонските производи, рече Мицотакис и објасни дека за конкретното прашање, за производите детално разговарал на состанокот со префектот, градоначалникот на Солун и со производителите. /MИА

СДСМ : На прав пат сме, САД го ратификуваа Протоколот за пристапување, Северна Македонија - 30 земја членка на НАТО

Сенатот на САД вчера со огромно мнозинство, 91 глас за и само 2 против, го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, се наведува во соопѓштението на СДСМ.

Со тоа преостануваат уште ратификации од уште само 4 земји членки, до официјално пристапување во НАТО. 

Република Северна Македонија е на прав пат. Се остварува врвен стратешки и национален интерес поставен од денот на независноста - полноправно членство во НАТО Алијансата.

Членството во НАТО гарантира безбедност и стабилност на државата и трајно осигурување на нејзините граници. Истовремено, членството во НАТО значи и повеќе инвестиции, стабилна економијата, нови работни места и повеќе пари во секое семејство. 

СДСМ продолжува со политиките што обезбедуваат развој, напредок и интеграција. Остануваме посветени на реализација на мерките што овозможуваат економски раст, нови работни места и повеќе пари кај секој граѓанин.

Францускиот печат со остри критики за Макрон поради блокадата на почетокот на преговорите со Македонија и Албанија

Неколку дена по завршувањето на европскиот самит во Брисел, францускиот печат со остри критики за позицијата на претседателот Емануел Макрон поради блокадата на почетокот на преговорите со Македонија и Албанија.

Дневниот весник „Ла Кроа" близок до демохристијаните, констатира уште во насловот „Македонија дестабилизирана со француската одлука да и ги затворање на вратите на ЕУ".

Со осаменото одбивање да дозволи да започнат пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, Франција се најде осамена и обвинета за поткопување на кредибилитетот на Европската Унија во регионот на Балканот.

Ако Данска и Холандија изразија резервираност, Париз беше тој  кој одби да ја преиспита својата позиција и покрај притисокот од другите земји-членки за време на Европскиот совет во петокот 18 октомври. Иако Комисијата веќе препорача двапати отворање на преговорите, прв чекор во долгиот процес на пристапување, пишува „Ла Кроа".

Срѓан Цвијиќ, аналитичар за политика на Отворено општество, во „Ла Кроа" ја осудува „стратешкото незаинтересираност на Франција на Балканот од 2007 година" и која притоа „збунетата" порака.

„Со тоа што не го oдржа зборот за Македонија, Франција и ЕУ го губат кредибилитетот", сметаат во заедничката трибина во париски „Ле Монд"  Пјер Мирел – истражувач и поранешен генерален директор на Европската комисија и Жак Рупник–Директор за истражување при ЦЕРИ-Политички науки во Париз.

Според двата добри познавачи на Балканот, „одбивањето на Емануел Макрон да ги отвори преговорите за пристапување на Македонија и Албанија во ЕУ е „повеќе од грешка".

Сите реформи во Северна Македонија, па и промената на името беа  „во името на Европа". Затоа беше логично Европскиот совет уште од 29 јуни 2018 година да ја отвори вратата за преговори за пристапување кон таа земја која, како најдобар ученик, ги исполни строгите барања на Комисијата.

Тогаш, Франција и Холандија посакаа продлабочување на започнатите реформи, како предуслов  за отворање на преговорите. Претседателот Макрон веќе ги „тушира" надежите со тоа што во 2018 година изјави дека ЕУ треба да се реформи пред повторно да се прошири. Секако, според формулата на Комисијата, „ЕУ мора да биде посилна и поцврста пред да може да се прошири", но Франција направи од тоа антифон со скоро невротично спротивставување на продлабочувањето и проширувањето. Притоа Рупник и Мирел зборуваат за вистинската цена на не-проширувањето на ЕУ.

Оваа повторена позиција (на Макрон) предизвика шок во Северна Македонија, секако, но и во земјите од регионот, кои не се толку подготвени да се впуштат во реални реформи и кои брза да рециклираат стара поговорка од поранешните комунистички земји од Источна Европа: „ЕУ се преправа дека не пречекува, а ние се преправаме дека се реформираме! “

На конференцијата на амбасадорите на 27 август, Емануел Макрон повика на „реинвестирање на Балканот за да не им се дозволи на неевропските земји да ја играат играта за нас". Но, во Брисел, на 18 октомври, Франција сакаше да се преиспита „рамката на преговорите" за поголема транспарентност и реформи, дури и кога Македонија и Албанија ги продлабочуваа  реформите дури и во тешко политичко опкружување.

„Подоброто е непријател на доброто: токму со отворањето на преговорите ЕУ би можела целосно да ја искористи својата мека моќ со промовирање на реформите и надминување на националистичките спорови", пишуваат во Ле Монд.

Особено со оглед на тоа што Бундестагот, повикан од германската влада, гласаше во оваа насока со мнозинство. „По укинувањето на ветото на Грција, Франција сега го става своето. Тоа е повеќе од грешка. А покрај француската изолација, тоа што ги загрижува е што е„ дискредитиран самиот збор е ЕУ".

Бруталниот заклучок на Европскиот совет ќе создаде големо разочарување на Балканот. Русија, Кина, Турција и другите „предатори" ќе го искористат овој вакуум. Што се однесува до Франција, која се врати во регионот каде има силни историски и економски врски, таа изгуби голем дел од својот кредит и придонесе за губењето на тој на ЕУ.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен рече дека „пристапувањето е инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста на Европа". Таа ќе треба многу да направи  за да се исполни оваа желба, затоа што ЕУ не го исполни дадениот збор и ризикува да плати висока цена", ја завршуваат трибината во париски „Ле Монд" Пјер Мирел и Жак Рупник.

Неделникот „Ле Поант" оди пак најдалеку со критиките за ветото на претседателот Макрон, насловувајќи го својот уреднички коментар „Кукавичлакот на Франција на Балканот".

-Додека Соединетите американски држави на Доналд Трамп ги предаваат Курдите, Франција го предаде Балканот. Непосредните последици се помалку драматични, но откажувањето е слично. Под влијание на Париз, Европа им остави дел од себе на штетното влијание на Кина, Русија и Турција, пишува  Лук де Барошез во „Ле Поант", додавајќи „Жалиме поради тоа што гледаме, како и во Сирија, оставка на Западот, пораз на демократијата и неуспех на европските вредности."/MИА

притисни ентер