Без инциденти се одржа Парадата на гордоста во Белград – полицијата со кордон пред противниците (ВИДЕО)

Попладнево во Белград се одржа парадата на гордоста , на која присуствуваше и српската премиерка Ана Брнабиќ со нејзината партнерка.

Сообраќајот во центарот на Белград се одвива отежнато , а на места е прекинат , поради огромниот број учесници на Парадата на гордоста , кои овој пат имаат седум барања до властите со цел подобрување на положбата на ЛГБТ заедницата во Србија.

Парадата е обезбедувана од голем број полицајци , кои направија кордон на местата каде што се собраа противниците на ваквиот вид собири.

Оваа година е новина што се одржа првиот белградски театарски фестивал на гордоста, со три гостински претстави.

Организацијата на Парадата на гордоста е значајна за Србија, рече денеска премиерката Ана Брнабиќ, додавајќи дека ова е ден кога повторно се испраќаат пораки за љубов, мир и толеранција, оние вредности што треба да се сочуваат и промовираат .

„Мислам дека Србија се движи во вистинската насока и дека нашето општество станува се потолерантно“, рече Брнабиќ пред Парадата на гордоста. Според неа, сè уште има многу проблеми со кои се соочуваат членовите на ЛГБТ популацијата, а сите ние ги решаваме малку секој ден.

„Оваа Парада служи и за подигање на свеста и градење толеранција. За мене е важно секој ден да се зборува за човековите права, а денес ние први и најнапред зборуваме за правата на ЛГБТ популацијата“, рече Брнабиќ, додавајќи дека не треба да живееме во општество каде луѓето се делат политички, по сексуална ориентација, религија ...

На прашањето за инцидентите за време на Прајдот во Нови Пазар и Ваљево, Брнабиќ рече дека секој почеток бил тежок, и дека најдобрата борба за правата на ЛГБТ заедницата е прикажана во Белград.

„Полесно и полесно е секоја година кога имате влада што гарантира дека сите имаат исти права“, рече Брнабиќ.

На прашањето дали ќе биде изгласан законот за регистрирани партнерства и родов идентитет што го бара ЛГБТ заедницата, премиерката рече дека за донесување на кој било закон е потребно мнозинство во парламентот и потсети дека тие зборувале и за законот додека таа била министерка за државна администрација и локална самоуправа. Таа рече дека државата исто така соработувала со невладините организации за изготвување на закон за регистрирани партнерства.

Фото: Тони Кукоч во белградска арена за Јокиќ: „Тој е плејмејкер“

Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, асот на Југопластика, Бенетон, Чикаго, Тони Кукоч даде свој коментар за најдобар играч на НБА лигата центарот на шампионот Денвер, Никола Јокиќ.

Легендарниот Пинк пантер од Сплит, Тони Кукоч освои три титули во НБА како член на познатата генерација на Чикаго Булс со Мајкл Џордан, Скоти Пипен и Денис Родман, но освои и три трофеи во Евролигата со славната Југопластика.

Минатата сезона Јокиќ ги предводеше Денвер Нагетс до нивната прва титула во историјата на франшизата од Колорадо, а претходно беше и два пати МВП на лигата.

„Денешните играчи кои доаѓаат од Европа се многу ценети и секој тим што оди во плеј-офот сака да има еден или двајца европски играчи. Европските играчи имаат способност да играат на повеќе позиции, полесно ги поврзуваат тимовите. Јокиќ... може да игра било што, на било која позиција. Кога ќе го погледнеш не е ни брз, ниту добар скокач, но неговиот мозок е две секунди пред нна сите други.Тој ја чита таа кошарка, нема да кажам дека игра, бидејќи во НБА не можеш да се играш, тоа е физички напорно, но се гледа дека тој е таму и ја чита играта. Го контролира целиот тим. Поради неговата висина игра центар, но тој е плејмејкерот на тој тим“, истакна Кукоч.

Славниот југословенски кошаркар потоа откри како легендарниот тренер од шампионските денови на Чикаго, Фил Џексон му објаснил дека шутирањето е можеби најмалку важното нешто во кошарката.

„Можете да ги прашате Џордан и Џексон за кошарката, но најважно е да се погледнете во огледало и да се запрашате што пропуштате. Ако сте искрени, тогаш брзо ќе дознаете. Мојата прва година со Булс , играв 27-29 минути, понекогаш почнував, но кога се врати Мајкл, тогаш почнував од клупа. Затоа Фил Џексон ми објасни дека не зависам од шутот,во кошарката има многу работи на кои треба да се работи.Шутирањето е можеби најважното.Треба да играш одбрана,се да знаеш, ... шутирам, промашувам, сакам да ја пресечам топката, мојот играч постигнува кош... Тогаш Фил Џексон ми рече дека тоа му пречи. “

Тони Кукоч и неговиот соиграч и пријател од Југопластика легендарниот Дино Раџа вчера беа гости на мечпот во Белград меѓу Партизан и Олимпијакос.

Двете кошаркарски легенди добија овации од преполните трибини .

Израелската армија го потврди убиството на висок функционер на Хезболах

Израелската војска потврди дека го убила Али Абед Асан Наим, заменик командант на ракетната дивизија на Хезболах. Тој бил убиен во напад со беспилотно летало во либанскиот регион Базуриех, објавија британските медиуми.

Израелската војска соопшти дека Наим насочил ракетен истрел со тешка боева глава кон израелска територија од Либан. Според израелските воени претставници, убиениот висок функционер на Хезболах бил одговорен за планирање и извршување на напади врз израелски цивили.

„Хуавеј“ минатата година со двојно поголем профит

Кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ денеска соопшти за значително поголем профит во 2023 година, благодарение на силните резултати од неговите оддели за обработка заснована на Интернет и софтвери за автомобили.

Приходите на компанијата се зголемија за 9,63 отсто минатата година, на 704,2 милијарди јуани (99,4 милијарди долари).

Нето добивката се зголеми повеќе од двојно и изнесуваше 86,9 милијарди јуани.

Главниот столб на компанијата минатата година беше неговиот оддел за опрема за ИКТ инфраструктура, со приход од 362 милијарди јуани, што е за 2,3 отсто повеќе од 2022 година. Голем број западни земји забранија инсталирање на опрема на „Хуавеј“ во мобилните мрежи, повикувајќи се на националната безбедност.

притисни ентер