Се фалел и пукал пред соселаните во Бојане со автоматска пушка – 30 дена во притвор

Обвинителството отвори постапка за лице кое пукало од полуавтоматски пиштол и од автоматска борбена пушка во скопското село Бојане , а судот му одреди 30 дена притвор. 

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 14 август, во скопското село Бојане, во близина на селскиот бунар каде биле собрани повеќе луѓе, најпрво започнал вербална и физичка расправија со едно лице. По ова, со полуавтоматски пиштол „Застава М57“ со калибар од 7,62Х25мм, кој го поседувал без дозвола, испукал неколку проектили кон продавницата пред која седеле неговите соселани. Веднаш потоа, влегол во својот дом од каде излегол со автоматска пушка „Застава М70Б1“ со калибар 7,62Х39мм, кое оружје им е забрането на граѓаните. Во дворот тој испукал неколку проектили во воздух. Селаните го пријавиле во полиција, по што лицето било приведено, а оружјето му било одземено.

Ценејќи дека се исполенти законските основи, односно дека постои опасност лицето да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор.

Судијата на претходна постапка го прифати ваквиот предлог и на лицето му определи притвор во траење од 30 дена.

Што се случува во телото ако пиете млеко секој ден

Веројатно не сте свесни што му правите на вашиот организам! 

Здравствените придобивки се бројни.

Млекото е богато со хранливи материи и може да биде дел од здравата исхрана. Се препорачува секојдневно консумирање млеко, освен ако имате интолеранција на лактоза, алергија или се храните вегански. „USDA MiPlate“ препорачува возрасните да консумираат три порции млечни производи дневно, а децата две до две и пол порции дневно. Нутритивниот профил на чаша млеко со намалена содржина на масти или 2%, според „USDA“ содржи 122 калории, 8,2 g протеини, 4,7 g вкупни масти, 12 g јаглехидрати и повеќе од 300 mg калциум.

Како да изберете најздраво млеко

Изборот на млекото зависи од индивидуалните нутритивни потреби и вкусот. Кога купувате, треба да ја прочитате етикетата со нутритивни вредности и посебно да ја проверите количината на масти, протеини и шеќер за да изберете производ во согласност со вашите здравствени потреби.

Здравствени придобивки од млекото

Млекото има бројни здравствени придобивки, тоа е добро за здравјето на коските, за контрола на тежината, како поткрепа на здравјето на срцето, за намалување на ризикот од деменција, подобрување на имунитетот и подобрување на расположението. Сепак, постојат и неколку контроверзни аспекти поврзани со потрошувачката на млеко.

Билното млеко како алтернатива

Многу луѓе консумираат млеко од растително потекло од различни причини, веганска исхрана, загриженост за животната средина и здравствени причини. Изборот на млеко од растително потекло, на пример, бадемово, кокосово, соино или овесно, зависи од индивидувалните потреби и преференции, но се препорачува тоа да не е засладено.

Оваа девојка има супермоќ, ги гледа органите преку кожата и ги исправа дијагнозите на лекарите!

Наташа Демкиња е Русинка која тврди дека поседува супермоќ што ѝ овозможува да гледа во човековото тело и да ги види органите и ткивата преку кожата.

Наталија Наташа Николајевна Демкина е родена во Саранск, Русија, а во 1987 година, кога имала 10 години, сфатила дека има супермоќ. Имено, Русинката развила чудна натприродна способност, односно, рендгенски вид. Тоа се случило откако го оперирала слепото црево.

Во многу случаи, после ваква операција, луѓето пријавуваат лични искуства за намалена способност за концентрација, намален опсег на внимание и проблеми со меморијата. Овие промени понекогаш се доволно сериозни за да ја променат личноста на засегнатото лице или да ја попречат неговата способност да врши нормални активности.

Но, случајот со Наташа Демкина бил сосема поинаков, но фасцинантен. Таа може да ја гледа внатрешноста на човечкото тело.

-Бев дома со мајка ми и одеднаш сфатив дека гледам поинаку. Можев да ја видам внатрешноста на нејзиното тело и почнав да ѝ кажувам за органите што ги гледам. Сега, морам да преминам од мојот редовен вид на она што јас го нарекувам „медицински вид“. За дел од секунда гледам шарена слика во внатрешноста на лицето и потоа почнувам да анализирам, вели Демкина.

После ова искуство, за Демкина се расчуло низ маалото. Луѓето почнале да се собираат пред нејзината куќа за да ги открие нивните болести.

Дијагноза во болниците

Откако ги слушнале гласините за Наташа Демкина, лекарите во нејзиниот роден град побарале од неа да изврши низа задачи за да утврдат дали навистина ги има овие способности. Ја однеле во локалната детска болница каде, на изненадување на сите, на децата им поставила точна дијагноза.

Било објавено дека Демкина користела слики што им ги покажала на лекарите. На еден од лекарите му покажала слика од нешто во стомакот. Тоа бил неговиот чир.

Со својот извонреден вид, Демкина исправила погрешна дијагноза на лекарите во врска со една госпоѓа која наводно боледувала од рак.

Демкина ја прегледала и рекла дека тоа е само мала циста, а не рак. По неколку прегледи било откриено дека жената навистина не боледува од рак.

Глобално признание на Наташа Демкина

За ваквата способност на Наташа Демкина се слушнало и во Велика Британија преку весникот „Сан“. Во 2004 година, таа била доведена во Велика Британија да го тестираат нејзиниот вид. Наташа успеала да ги лоцира повредите на лице кое една година претходно имало сообраќајна несреќа.

Во Англија, таа го прегледала и тамошниот д-р Крис Стил од една утринска емисија. Детално му раскажала за операциите на кои бил подложен, а потоа му кажала дека има камен во жолчката, во бубрегот, зголемен панкреас и зголемен црн дроб.

Лекарот веднаш отишол на скенирање за да потврди дали овие дијагнози што ги поставила Наташа се точни. Открил дека има тумор во цревата, но не бил опасен по живот, пренесува МРУ.

Потоа, Discovery Channel одлучил да направи документарец за Наташа Демкина во Њујорк под наслов „Девојката со рендгенски вид“. Истражувачите на Комитетот за скептични истражувања (CSI) Раџ Хајман, Ричард Вајсман и Ендрју Сколник го спровеле нејзиното тестирање. Таа имала седум пациенти и морала да постави дијагноза на петмина од нив. Поставила точна дијагноза на само четворица од нив и ѝ соопштиле дека паднала на тестот.

Овој експеримент останува контроверзен до ден-денес, таа е критикувана поради тоа. Наташа подоцна била тестирана и од професорот Јошио Мачи - кој проучува тврдења за невообичаени човечки способности - од Одделот за електроника на Универзитетот Токио Денки, Јапонија.

Според извештаите на нејзината лична веб-страница, по нејзините искуства во Лондон и Њујорк, Демкина поставила неколку услови за тестовите, вклучително и испитаниците да носат со себе лекарско уверение во кое се наведува нивната здравствена состојба и дека дијагнозата ќе биде ограничена на еден одреден дел од телото - главата, трупот или екстремитетите.

Демкина започнала успешна кариера

Наташа Демкина била бесплатен консултант и дијагностичар до јануари 2006 година, кога ја започнала својата кариера во Центарот за специјална дијагностика Наталија Демкина (ТССД), наплаќајќи им на пациентите за дијагностика.

Целта на Центарот е дијагностицирање и лекување на болести во соработка со „експерти со необични способности, народни исцелители и професионалци од традиционалната медицина“. Наташа Демкина и понатаму останува контроверзна тема.

Многумина ја критикувале Наташа Демкина велејќи дека во нејзините извештаи открива некои вообичаени работи што претходно ги знаела за пациентите и дека многу од нејзините извештаи и објаснувања не се во согласност со стандардниот медицински систем.

притисни ентер