Пијана балерина се тепала и ги гризела полицајците, кои и забраниле да се качи во авион

Дијана Андреас Ривера е 33 – годишна балерина од Мадрид , која на лондонскиот аеродром Хитроу физички ги нападнала полицајците , зашто сакале да и забрабнат да се качи на авион , поради видно алкохолизираната состојба.

Бидејќи во петокот го загубила сместувањето во Лондон , решила да се врати дома , во Шпанија. Според британските медиуми , балерината на аеродромот дошла толку пијана , што не била во состојба да си го најде пасошот , па полицајците и забранија да се качи во авионот. Тоа на балерината воопшто не и се допаднало, така што нападнала тројца полицајци на терминалот.

„Кога полицајците се обидоа да ја одведат во полициската станица, таа го гризна едниот од нив за рака и почна да го удира и гребе“, изјави нејзиниот адвокат.

Друг полицаец се обидел да ја задржи, но таа станала уште поагресивна - го удрила во препоните толку силно, што тој бил свиткан во болка. Во обид да стави крај на инцидентот, интервенирал и трет полицаец, но тој не поминал ништо подобро од неговите колеги - балерината му ги зарила ноктите.

На крајот, меѓу нејзините лични предмети бил пронајден нож. „Ривера не нападна никого со нож; таа заборавила дека го имала со себе“, посочи нејзиниот адвокат.

Дајани сега се соочува со затворска казна за поседување ладно оружје и напад на тројца службени лица, а пресудата ќе биде донесена во вторник.

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

притисни ентер