Ципрас: Многу сум горд на Договорот од Преспа

Лично јас сум многу горд на Договорот од Преспа, договор што останува и ќе остане во историјата, рече лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА, Алексис Ципрас одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Поранешниот грчки премиер,на прес-конференција во рамките на Меѓународниот саем во Солун, ја спомена политичката цена, велејќи дека иако била голема не потклекнал и е горди што го сториле тоа, бидејќи направиле чекор напред за Грција и за зајакнување на кредибилитетот на земјата.

-Договорот од Преспа е договор што останува и ќе остане во историјата, јас лично сум многу горд за него, два пати горд бидејќи не се повлеков пред очигледната политичка цена што ќе ја имав, откако ја видов апсолутно лицемерната позиција на лидерот на тогашната опозиција. Два пати сум горд. Еднаш сум горд бидејќи решивме еден Гордиев јазол во нашата надворешна политика, ги поставуваме основите и предусловите за мир и добрососедство, приближуваме до нас сојузник, кој за жал го имавме спроти нас претходните години. Го добиваме грчкиот карактер, културното наследство на Македонија, рече Ципрас.

Во однос на реакциите од граѓаните, особено од северниот дел на земјата, поранешниот грчки премиер им порача да седнат и трезвено да размислат, дали Грција, со Договорот од Преспа доби или изгуби работи, особено за тоа дали земјата доби или изгуби кога стекна сојузник во регионот и не ја остави отворена вратата за, како што рече Ципрас, „трети земји да играат одлучувачка улога во регионот на Балканот, а особено на границата". Паралелно, уште еднаш упати критики до Нова демократија за хипокризија и дволичност во однос на договорот.

-Нека седнат трезвено и во главно самите нека донесат заклучоци за онаа лицемерна позиција, за дволичноста на тогашната опозиција, која тогаш говореше за предавство, а сега вели дека за овој, инаку „предавнички договор", не само што ќе се придржува до него, не само што единственото што ќе го направи е да се придржува до верно спроведување, па дури и ќе го почитува, како што кажа госпоѓата Бакојани завчера. Секој нека си донесе заклучок за тоа што е популизам и што не е популизам, порача Ципрас, на денешната прес-конференција во Солун, одговарајќи на новинарско прашање. /MИА

Новинар на „Тајмс“: Алонсо не е на потесниот список на замени на Клоп

Продолжуваат шпекулациите околу иднината на тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо. Шпанскиот стручњак најмногу се поврзува со Баерн Минхен и Ливерпул, а конечната одлука на тренерот кој брка тројна круна со „аспирините“ се уште не е позната.

Сагата помеѓу Ливерпул и Чаби Алонсо доби вистински пресврт бидејќи познатиот новинар Пол Џојс, кој е близок до „црвените“ и работи за „Тајмс“, објави дека шпанскиот тренер нема да се најде на потесниот список на замени на Јирген Клоп.

Тоа е многу остар пресврт од првичните гласини кои го поврзуваа Алонсо конкретно со тимот, но според сите сметки тој изгледа малку веројатно да застане на чело на Ливерпул, а сега се очекува Шпанецот да остане во Баер Леверкузен./МИА

Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија

Најмалку четири лица се удавија во морето поради големите бранови предизвикани од ураганот Нелсон во Шпанија.

Две лица се удавија вчера во градот Тарагона, источна Шпанија и две во регионот Астурија, во северниот дел на земјата.

Невремето зафати неколку шпански региони, а брзината на ветерот достигна 90 километри на час. /МИА

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели. 

Карлос Алкараз беше јасен фаворит во борбата за овогодинешната Мастерс титула во Мајами, но веќе во четвртфиналето се прости од вториот трофеј на тој АТП турнир од серијата 1.000, бидејќи изминатава вечер немаше решение за ударите на Григор Димитров - 0:2 (2:6, 4:6).

И не само тоа, Шпанецот беше толку слаб што по мечот не се срамеше да признае колку бил во сенка на пониско рангираниот бугарин.

- Повторно ме натера да се чувствувам како да имам 13 години. Не се сеќавам дека некој ме натерал да се чувствувам вака. Помина долго време откако се случи такво нешто. Не знаев што да правам. Барав решенија, но тој не ми дозволуваше. Чувствував неверојатна фрустрација, изјави 20-годишниот Шпанец по неговата изненадувачка елиминација.

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели.

- Генијалноста е често во едноставноста. Знаев дека морам да бидам поагресивен, да ги водам поените. Многу е тешко да се направи тоа против него, изјави пресреќниот, но разумен „џелат“ на шампионот на неодамнешниот Мастерс во Индијан Велс.

Димитров за финалето ќе се бори со Александар Зверев од Германија, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат бранителот на тронот Данил Медведев (Русија) и Јаник Синер (Италија). /MИА

притисни ентер