Димковски : Заедно со локалната самоуправа активно работиме на превенција на африканска свинска чума

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски беше на работен состанок со градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, соопшти МЗШВ.

На состанокот министерот Димковски и градоначалникот Бочварски, разговараа за превентивните мерки за спречување на појава и ширење на болеста африканска свинска чума.

Општина Штип, активно е вклучена во спроведување на мерките за превенција и справување со африканската свинска чума, конкретно во делот на движењето на домашните свињи надвор од фармите и контролите што се спроведуваат на депонијата.

Министерот Димковски, посочи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство воведе низа превентивни мерки за спречување на ширењето на оваа болест.

„ Би сакал да нагласам дека сите превентивни мерки што ги преземаме се за намалување на ризикот од африканска свинска чума, со градоначалникот Бочварски и со ветеринарната стануца тука во Штип ги разгледавме сите мерки кои ги преземавме ние како министерство, затоа што секако, први кои би се соочиле со оваа болест се ветеринарните амбуланти и локалната самоуправа. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, веќе ја подготви програмата со која од 1 семптември до 15 октомври сточарите кои не ги исполнуваат биосигурносните мерки ќе добијат парична сума од 3 илјади денари по глава. “, изјави министерот Димковски

Градоначалникот на општина Штип, Бочварски посочи дека се спроведуваат интензивни контроли за движење на домашните свињи надвор од фармите, на дивите одгледувалишта како и на депонијата.

„Општина Штип е во комуникација со Владата, постапуваме соодветно преку нашите служби и работиме на се што установивме како проблем на нашата депонија и на диви одгледувалишта на свињи. Општина Штип аплицираше, како и другите општини, за оваа депонија да биде современа со што ќе се сведат на минимум можности за појава на болеста африканска свинска чума “, изјави Бочварски

Во рамки на посетата на општина Штип, Димковски и Бочварски ја посетија и ветеринарната станица, каде што се разговараше за вклученоста на ветеринарните доктори во спроведување на превентивните мерки.

Во месец јули, оваа година, беше донесено решение за одобрување на ловење на дивеч под заштита односно дива свиња. Со ова решение ловната сезона започна 60 дена пред законскиот рок. Целта на ова решение е да се намали густината на популациите на дивите свињи, со што ќе се намали и ризикот за појава и ширење на оваа заразна болест во Република Северна Македонија.Се воведе забрана за држење на свињи на отворено, зајакнати контроли на граничните премини од страна на Царинската управа во однос на проверка на личен багаж одземање на производи од животнско потекло.Заради депопулација на питомите свињи од одгледувалиштата кои не ги исполнуваат биосигурносните мерки, министерството преку Програмата за финансиска помош воведе мерка за поддршка во висина од 50 евра по грло свиња.

Бајден го обвини Трамп за новите ограничувања на правата за абортус во Флорида

 Американскиот претседател Џозеф Бајден го обвини поранешниот претседател Доналд Трамп за новите ограничувања на правото на абортус во државата Флорида.

- Да бидеме многу јасни, има само едно лице одговорно за овој кошмар. Тој се фали со тоа. Доналд Трамп, им рече Бајден на своите приврзаници во градот Тампа и истакна дека правото на абортус „треба да биде уставно право“.

- Не се работи за правата на (сојузните) држави, туку за правата на жените, рече Бајден и оцени дека Трамп „е загрижен дека гласачите ќе го сметаат за одговорен за суровоста и хаосот што ги создаде“.

На почетокот на овој месец, Врховниот суд на Флорида одобри закон со кој се забранува абортус по првите шест недели од бременоста, период кога повеќето жени не се ни свесни дека се бремени.

Прашањето за абортусот е важно за претстојните избори на 5 ноември во САД, а демократите веруваат дека строгите ограничувања на тоа право во Флорида и Аризона ќе ги „свртат“ гласачите на Трамп кон Бајден.

На изборите во 2022 година Трамп освои 51,2 отсто во таа држава, а Бајден 47,9 отсто.

Шефицата на Демократската партија на Флорида, Ники Фрид изјави дека Бајден разбира дека победата во таа држава е малку веројатна, но дека вреди да се обиде. /МИА

Голем антивладин протест во Буенос Аирес поради мерките за штедење

Стотици илјади Аргентинци вчера излегоа на улиците на Буенос Аирес на антивладин протест против кратењето на буџетот на државните универзитети, што е најголемиот протест досега против мерките за штедење на претседателот Хавиер Милеи.

Протестите се последниот пример за растечките тензии поради кратењата на владините трошоци кои помагаат да се сменат длабоките фискални дефицити, но предизвикуваат тешкотии во реалната економија.

Маршевите поддржани од Унијата во и надвор од главниот град носеа транспаренти на кои пишуваше „Брани ги државните универзитети“, „Студирањето е право“ и „Горе буџетот, долу планот на Милеи“.

Милеи, кој се справува со наследената економска криза по долгогодишното трошење на владата, спроведува буџетски кратења со „моторна пила“ што и помогна на државата да оствари тримесечен фискален суфицит на почетокот на годината. Но, кратењата извршија голем притисок врз јавниот сектор. Јавните универзитети во Аргентина како УБА, кои нудат бесплатно додипломско образование, во голема мера се потпираат на државно финансирање.

-Образованието е еден од основните столбови на нашата идеологија. Немаме желба да ги затвораме универзитетите, рече портпаролот на претседателот, Мануел Адорни, бранејќи ја позицијата на владата и повика на мирен протест. /МИА

Во Штип отворени 74 избирачки места

Во Штип утрово навреме се отворени 74 избирачки места, а гласањето се одвива мирно и без проблеми, информираше претседателот на Општинската изборна комисија(ОИК)-Штип, Виктор Вацев.

Според избирачкиот список со право на глас се 41.489 граѓани, кои своето избирачко право можат да го остварат на избирчаките места.

МИА утрово беше на гласачкото место 22 92 во гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип. Претседателката на Избирачкиот одбор, Васка Тасева вели дека гласачкото место навреме е отворено, а своето право на глас на ова избрачко место можат да го искористат 896 избирачи.

Изборниот процес почна вчера, кога во домашни услови гласаа 158 болни и изнемоштени. Се гласаше и во КПУ _ затвор _ Штип, каде од 203 регистрирани избирачи од 40 македонски општини, правото на глас го искористиле 144 осуденици или 71 проценти.

притисни ентер