Во Порше се обиделе да прошверцуваат 16 мигранти преку Табановце

Полицијата на Табановце се обидела да запре возила Порше и Ауди 8, но по извесно време го запреле поршето , каде биле најдени 16 мигранти , од кои две деца.

Вчера околу 05.00 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „порше“ и на патничко возило „ауди А8“, но возилата не застанале.

Набргу возилото „порше“ застанало и при негова проверка биле пронајдени 16 мигранти (две малолетни лица), од кои пет од Пакистан, шест од Еритреја и пет од Непал, сите без документи за идентификација.

Мигрантите и возилото биле предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Нешто подоцна , околу 11.30 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“, во близина на обиколница с.Табановце, полициски службеници забележале товарно возило „цитроен џампер“ со скопски регистарски ознаки, од кое излегле мигранти, кои заедно со возачот се вдале во бегство.

По преземени мерки, полициски службеници ги пронашле A.Х.(22) и А.А.(21), двајцата од Пакистан. А.Х. се здобил со повреда на нога додека бегал и му била укажана помош од екипа од Црвен крст. Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите, се наведува во соопштението од МВР.

Вучиќ: Србија на ниту еден начин не е одговорна за наводниот геноцид

Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница, но таму секако беше извршено страшно злосторство, вели Вучиќ

„Во Сребреница секако беше извршено страшно злосторство. И не беше проблем некој да дојде и да покаже пиетет и каење. И сите беа одговорни за тоа. Само ве молам, не измислувајте и не шпекулирајте со пресуди кои не такви како што вие ги претставувате“, вели српскиот претседател

Пред меѓународниот суд на правдата во Хаг беше утврдено дека Србија на ниту еден начин не е одговорна за наводниот геноцид. Ова денеска го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ при посетата на саемот во Мостар, коментирајќи ја резолуцијата за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден за сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница.

Одговарајќи на новинарска констатација дека Србија е прогласена за виновна пред Меѓународниот суд на правдата, затоа што не спречила геноцид во Сребреница, Вучиќ рече дека не е потребно да се замајува народот, но како што посочи дека секако во Сребреница било направено страшно злосторство, но дека Србија на никоков начин, додаде, не е одговорна за геноцид.

Според него, кога Србија ќе поднесе предлози за резолуции, како што посочи за Јасеновац, Крагуевац, Кралево, Јајинци и ногу други места, како што вели, нема да каже кој го извршил тоа.

„Претпоставувам дека Србија треба да биде среќна што во планираната резолуција за геноцидот во Сребреница не се споменуваат Србите. Па, нема да ги спомнуваме народите кога ќе ги поднесеме резолуциите за Јасеновац и Крагуевац“, вели тој.

Вучиќ рече и дека регионот е вратен пред 30 години и дека според него, сето тоа го прават оние кои рекле дека не треба да се враќаме во минатото.

„Во Сребреница секако беше извршено страшно злосторство. И не беше проблем некој да дојде и да покаже пиетет и каење. И сите беа одговорни за тоа. Само ве молам, не измислувајте и не шпекулирајте со пресуди кои не такви како што вие ги претставувате“, рече српскиот претседател.

Во својот говор на отворањето на Саемот, Вучиќ рече дека се надева дека во иднина ќе има повеќе искреност во српско-хрватските и во српско-босанските односи.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека геноцидот во Сребреница не се случил, бидејќи ако било така, како што рече, немало повторно да се отвара целата приказна.

Според него, повеќе Срби биле убиени за време на опсадата на Сараево отколку што загинале во Сребреница и дека сега, како што вели сакаат да создадат мит за Сребреница.

Македонија со поддршка во ОН за резолуција да се прогласи Меѓународен ден за геноцидот во Сребреница, важно е и Србија да гласа, вели Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и кандидат за претседател на претстојните претседателски избори вчера соопшти дека Северна Македонија е коспонзор заедно со Германија, САД и други држави на резолуција во Обединетите нации за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден за сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница 1995 година и одбележување секоја година.

Одговарајќи на новинарско прашање како очекува дека ова ќе влијае на односите на нашата земја со Србија, Османи рече дека односите со која било земја можат да бидат нарушени, како што рече, затоа што осудуваме геноцид.

„Мислам дека посебно за Србија е важно да ја изгласа оваа резолуција со цел фактите да бидат признаени и промовирани бидејќи сите одлуки на меѓународните судови и тела покажуваат дека во Сребреница е случен геноцид. Сè додека се одрекува и не се признава, можноста да се повтори е сè уште веројатна. Затоа, посебно ја повикувам Србија да ја изгласа оваа резолуција, а ги повикувам и останатите земји членки на Обединетите нации да гласаат. Не мислам дека односите со која било земја можат да бидат нарушени, зашто осудуваме геноцид и бараме да се одбележи убивањето на над 8 000 цивили“, рече тој.

Резолуцијата ќе биде претставена на 17 април пред Генералното собрание на ОН, а за неа ќе се гласа на 2 мај годинава.

Канал 5 во Античка Олимпија – запален олимпискиот оган пред игрите во Париз

Традиционално од зраците на сонцето, во Античка Олимпија денеска е биде запален олимпискиот оган за Летните олимписки игри „Париз 2024. Дел од оваа церемонија е и екипа на Канал 5.

Дејан Трајкоски го имаме во живо. Дејан, ја почна ли огнот 11-дневната обиколка низ Грција?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Арсовска: Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на прес-конференција денеска праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и врз основа на кое мислење за стабилност и сеизмичка заштита се прави тоа.

Рече и дека градот воопшто не бил информиран за отпочнување на градежните активности, пред да се случи пожарот во изминатата недела.. Арсовска упати повеќе прашања до министерството за култура и до фирмата изведувач.

притисни ентер