ВМРО – ДПМНЕ со реакција на пресот на СДСМ: Ќе ги покачуваме платите на работниците

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголемува платите подеднакво и во јавната и државна администрација,реагираат од партијата на прес конференцијата на Стефан Васев од СДММ.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори да го унапреди стандардот кој СДСМ сега го руши.

Она што е вистински загрижувачко е што Владата на СДСМ ќе подели 120 милиони евра народни пари за легализирање на незаконската активност плата во плико.

Владата на Заев е таа што ги дели граѓаните и компаниите на оние кои ги почитуваат законите, и оние малкуте кои ги става во привилегирана состојба а прават криминал со плата во плико на рака, а сега Заев ќе ги награди со државни народни пари.

Општ факт е дека таквите компании кои прават криминал се оние кои се блиски до премиерот Зоран Заев и СДСМ.

Овие пари кои СДСМ ќе ги дели на блиските компании граѓаните ќе ги платат трипати поскапо преку задолжувањето кое го прави владата. Арамиите на власт не мислат за работниците туку за своите приватни џебови и затоа лажното душегрижништво е само завеса за која криминалците од СДСМ се богатат на грбот на работниците.

СЗО: Зголемен е ризикот за пренос на птичји грип врз луѓе, многу сме загрижени

Светската здравствена организација изрази загриженост поради ширењето на птичјиот грип Х5Н1, кој има „исклучително висока“ стапка на смртност кај луѓето.

Избувнувањето што започнало во 2020 година досега уби десетици милиони живина, а неодамнешното ширење на вирусот кај неколку видови цицачи, вклучително и домашни говеда во САД, го зголеми ризикот од пренесување на луѓето, соопшти СЗО.

„Мислам дека ова останува огромен проблем“, им рече на новинарите во Женева главниот научник на агенцијата за здравство на ОН, Џереми Фарар. Минатиот месец на листата на заразени видови се приклучија и кравите и козите, што е неочекуван развој за експертите бидејќи се сметаше дека тие не се подложни на овој тип на грип.

Американските власти овој месец објавија дека едно лице во Тексас се опоравува од птичји грип по изложување на говеда, при што 16 крда во шест држави се заразени по изложување на диви птици.

Варијантата A(H5N1) стана „глобална пандемија на зоонозни животни“, рече Фарар. „Се разбира, постои голема загриженост за инфицирање на патки и кокошки, а потоа сè повеќе и на цицачи. Тој вирус сега се развива и развива способност да зарази луѓе, а потоа и критична способност да премине од човек на човек“, додаде тој.

Засега нема докази дека Х5Н1 се шири меѓу луѓето. Но, во стотиците случаи кога луѓето биле заразени од контакт со животни во изминатите 20 години, „стапката на смртност е исклучително висока“, рече Фарар, бидејќи луѓето немаат природен имунитет на вирусот.

Од 2003 до 2024 година, ширум светот се пријавени 889 случаи и 463 смртни случаи предизвикани од Х5Н1 во 23 земји, со стапка на смртност од 52%.

Неодамнешниот случај на човечка инфекција во САД по контакт со заразен цицач го нагласува зголемениот ризик. Кога ќе „влезете во популација на цицачи, тогаш ќе се приближите до луѓето“, рече Фарар, предупредувајќи дека „овој вирус само бара нови, понови домаќини“.

Фарар повика на зголемен мониторинг, велејќи дека „многу е важно да се разбере колку човечки инфекции се случуваат бидејќи таму ќе се случи адаптацијата на вирусот“. „Трагично е да се каже ова, но ако заболам од Х5Н1 и умрам, тоа е крајот на тоа.“

Тој исто така рече дека во тек се напори за развој на вакцина и терапија за Х5Н1 и ја истакна потребата да се осигура дека регионалните и националните здравствени власти ширум светот имаат капацитет да го дијагностицираат вирусот. На тој начин, вели тој, „ако H5N1 дојде до луѓето, со пренос од човек на човек“, светот би бил „во позиција веднаш да реагира“.

Пендаровски: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница.

На прашање на граѓанин за односите со соседите, Пендаровски потсети дека иако денес се противи, Христијан Мицкоски пред извесно време на тогашниот бугарски премиер му кажа дека го поддржува Договорот за добрососедство.

„Тој веројатно заборава дека интернетот не заборава, Тој може да не лаже дека не го кажал тоа, меѓутоа тој на чист бугарски јазик му вели „Ште поткрепиме тој договор, ако јас лажам, повелете на интернет, проверете. Кога Мицкоски вели дека само како Бугари можеме да влеземе во ЕУ, не сака да каже една друга негова изјава, негов став и став на неговата политичка партија, дека тие се наследници на Ванчо Михајлов. Значи вели, шефот на историското ВМРО од тоа време и денешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ се во континуитет, значи тој се смета себеси за наследник на Ванчо Михајлов. А сите вие знаете дека Михајлов целиот свој живот се декларирал како Бугарин“ порача Пендаровски.

Пендаровски пред присутните порача дека добро е Македонија што побрзо да стане земја-членка на ЕУ, затоа што тоа ќе донесе повеќе пари за земјоделството, за инфраструктурни проекти, за европски стандарди со што ќе се стави крај на иселувањето на младите.

Кандидатот за претседател Пендаровски, ги повика граѓаните на 24 април и на 8 мај да го заокружат бројот еден, за да продолжи напредокот кон ЕУ, се наведува во соопштението од неговиот тим..

Филипче: Нашата понуда е јасна и искрена, понудата на ВМРО-ДПМНЕ е дестабилизација и застој

Контактот со граѓаните и грижата за нивните проблеми нема да заврши на денот кога ќе завршат изборите. 

И затоа, ветувам дека како претставник на граѓаните во идното Собрание на Македонија, ќе останам достапен за вас, за вашите грижи, маки, но и идеи и предлози.

Ова го истакна Д-р Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина за Изборната единица 4. Филипче изборното претставување го започна од Демир Капија каде што имаше обраќање на граѓански митинг.

„Политиката носи одговорност. Одговорност за она што ќе се случува со нашата земја во иднина. Одговорност за тоа како ќе живеат граѓаните во неа. Одговорност за создавањето услови за мирен и спокоен живот, ослободен од грижи и сиромаштија. И јас ја прифаќам таа одговорност“, рече Филипче.

Одговорност носи и СДСМ која во изминатите седум години мандат се соочи со повеќе кризи: економска, здравствена, енергетска. Но, кризите не се изговор за грешките што беа направени, рече Филипче, додавајќи дека како одговорна партија СДСМ учи од грешките.

„Го вложивме секој денар за да ги поддржиме семејствата и компаниите во економската криза. Го вложивме секој атом енергија да ги лечиме и спасуваме луѓето во Ковид кризата. Ги донесовме сите мерки да ги намалиме трошоците на родителите да имаат повеќе за своите деца. Ние со дигната глава можеме да кажеме дека СДСМ водеше исправни политики во интерес на сите граѓани во услови на светска дестабилизација. Тоа е дефиниција за лидерство и патриотизам“, изјави Филипче.

Наспроти државничката улога на СДСМ, стои ВМРО-ДПМНЕ чија улога е да го блокира општеството и државата.

„Пред нас се избори на кои граѓаните бираат помеѓу два многу различни концепти. Едниот е нашиот, кој гарантира зачувување на мирот, стабилноста и интегрирање на Македонија во Европа. Нашата порака е јасна и искрена. СДСМ го нуди патот на развојот и сигурноста. Од друга страна е концептот на ВМРО-ДПМНЕ кој се заснова на дестабилизација, застој, блокади и доведување во прашање на се она што е постигнато. Нивната понуда е неискрена, нејасна и опасна за иднината на земјата“,рече Филипче.

Ваквата политика на ВМРО-ДПМНЕ е резултат на нивната стратегија чија цел не е напредокот, туку назадувањето, не е мирот, туку конфликтот. Не е градењето пријателства, туку создавање внатрешни и надворешни непријатели, амбиент кој го создава ВМРО-ДПМНЕ, истакна Филипче.

„Тоа е амбиентот кој ќе биде секојдневие ако победат на изборите. Со ВМРО-ДПМНЕ нема напредок, затоа што едноставно напредокот не им одговара. Затоа што тие не би знаеле да се снајдат во таква ситуација. ВМРО-ДПМНЕ знае да води политика само ако Македонија е во калта, долу. Знаат да пливаат во политиката само ако разговараме за поделби, за етнички конфликти, за лажен патриотизам“, рече Филипче.

Затоа, Филипче ги повика граѓаните да бираат мудро на овие избори истакнувајќи дека СДСМ нуди јасна визија за иднината во која Македонија економски расте во Европската Унија и во која оние кои заминаа ќе сакаат да се вратат во држава која ќе нуди еднакви услови како развиените земји.

„Сега е време за размислување со ладна глава, бидејќи одлуките денес имаат големи последици на иднината. СДСМ е партијата која секогаш е на вистинската страна на историјата, која и кога греши не скршнува од вистинскиот пат. Затоа повикувам на масовно обединување кое значи само подобра иднина и сигурен пат напред. А јас, лично ветувам дека во мене секогаш ќе имате партнер и другар а мојата врата ќе биде отворена за сите“, заврши Филипче, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер