Вели дека го измачува повредата на рамото , поради што и запре на УС Опен , по што му стана загорзено и првото место на АТП листата.
Целта му е да стане најтрофејниот тенисер на сите времиња, а во интервјуто изјави дека може да си го замисли животот без тенис.
"Дали рекордите се поважни од времето што го минувам со семејството? Дали се тие поважни од моето здравје или некои други работи? Не се. Јас сум целосно отворен и сто проценти искрен за сè, многу зборувам со сопругата за тоа. Со родителите, браќа, луѓе кои ми се блиски, сакам да разберам како гледаат на тоа “.
Неговите деца му се најважни.
„Јас сум татко на двајца ангели и времето што го минувам со нив е многу драгоцено. Не сакам да поминувам низ животот и да сфатам дека не сум бил таму, дека сум пропуштил некои од најважните работи додека растат“.
На прашањето дали може да замисли живот без тенис, тој вели:
"Да и не. Можам да замислам бидејќи не се плашам од живот без тенис. Многу други работи, исто така, ме прават среќен, но реков не, затоа што нема да биде живот ист без тенисот. Кога не играм, ќе бидам сè уште активен во спортот. Сакам да имам своја академија, да ги пренесам сите искуства на новите генерации што растат во Србија “, заклучи српскиот тенисер.